68% попуст на специјалистички дерматолошки преглед и скрининг на сите бенки (преглед дерматоскопија) од специјалистичка ординација ПЗУ Дерма Медика во вредност од 2000 ден. по цена од 650 ден.

img

Цена

650 ден.

Вредност

2000 ден.

Попуст

68%

Заштеда

1350 ден.

Преостанато време

Купени: 4

  • ул. Максим Горки бр. 8

    Одведи ме таму

    02 3113115, 02 3113 117

    Info@dermamedika.com.mk

Добивате

Специјалистички дерматолошки преглед и скрининг на сите бенки (преглед - дерматоскопија)

* Прегледот го извршува специјалист дерматовенеролог, Др. Верче Тодоровска

* За дигитална дерматоскопија на конкретна бенка, се доплаќа 1000 денари, директно во ординацијата.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 16.09.2020 до 31.10.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација!

Опис

ДЕРМАТОСКОПИЈА претставува дијагностичка процедура која овозможува визуализација на подлабоките структури на кожата и со тоа откривање на ракот на кожа (во почетни фази).Само навременото дијагностицирање е гаранција за целосно лекување.Прегледот со  дерматоскоп е брз и безболен, не бара посебна подготовка, ниту пак одзема многу време.Рачниот микроскоп се поставува на површината на кожата која претходно се дезинфицира како и самиот апарат и се врши анализа на дерматоскопските структури.

Доколку имаме суспектна промена која нема доволно елементи за да биде прогласена за малигна ниту пак сме 100% сигурни во нејзината бенигност се изведува ДИГИТАЛНА дерматоскопија која се врши со помош на посебен апарат, а сликата која ја гледаме преку дерматоскопот ја пренесуваме на компјутер и ја зачувуваме. Покрај можноста за подолготрајно набљудување и анализа на дерматоскопските структури имаме можност и за многукратно зголемување на истата со висока резолуција што овозможува темелна анализа и квалитетна интерпертација.Секој човек без оглед на полот и возраста потребно е да направи најмалку еден ваков преглед во годината,исто како и секој друг превентивен преглед за рано откривање на малигни заболувања (ПАП,ехо на дојка,мамографија,ехо на простата) Особено се препорачува кај лицата со зголемен ризик:

  • Лица со повеќе од 50 бемки на телото 
  • Лица кои имале сончеви изгореници во детството и младоста
  • Лица кои веќе имале карцином на кожа или пак некој од нивото блиско семејство
  • Лица кои користеле солариум пред 35тата година
  • Лица со светла кожа,светли очи,руса или црвена коса
  • Лица со транспалтни оргaни                                                                                                                                                

За компанијата

НАД 26 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ, ПРОФЕСИОНАЛНОСТ И ИСКУСТВО! Прва приватна оридинација во Македонија, за дерматоскопски прегледи и прегледи на меланом

Дерма Медика е специјалистичка ординација за дерматовенерологија и естетска медицина.

Прегледот го извршува Др. Верче Тодоровска, специјалист дерматовенеролог, со 10 годишно работно искуство, во областа на рано откривање на кожни карциноми во ПЗУ Дерма Медика. Има завршено бројни дерматоскопски курсеви од реномирани професори во земјата и странство, обука во центар за кожни карциноми во странство, учесник е во повеќе научни студии, автор и коавтор на бројни трудови и научни излаѓања од областа на дерматоскопијата и дерматоонкологија, основач е на Македонската Дерматоскопска група.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.