Best of Дестинација Македонија! Уживајте во природните убавини на Попова Шапка (01.10-14.12.2019)! 20% попуст на ноќевање со појадок или појадок и вечера во сместување по избор во Хотел Славија и Хотел Попова Шапка

img

Цена од

728 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

910 ден.

Попуст

20%

Заштеда

182 ден.

Преостанато време

Купени: 16

  • Ул. Мурат Бафтијари бб, Тетово

    Одведи ме таму

    044 330 464; 070 224 832

    contact@popova-sapka.mk

Добивате

Понудата е за ноќевање по лице

Опции на понудата:

Ноќевање со појадок во двокреветна соба 980 ден. (16 еур)
784 ден. (13 еур)
Ноќевање со појадок во 3 или 4 креветна соба 910 ден. (15 еур)
728 ден. (12 еур)
Ноќевање со појадок и вечера во двокреветна соба 1,100 ден. (18 еур)
880 ден. (14 еур)
Ноќевање со појадок и вечера во 3 или 4 креветна соба 1,050 ден. (17 еур)
840 ден. (14 еур)

Купи зделка од Дестинација Македонија со Mastercard и добиј бонус! Бонусот ќе ти биде автоматски префрлен во твојата Grouper торбичка. Дознај повеќе тука!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.10.2019 до 14.12.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби директно во хотелот
  • По купување на купонот потребно е да го испратите на меил
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Доплати:
  • За туристичка такса се доплаќа 40 денари на ден по лице директно во хотелот
  • Деца до 5 години кои не користат услуги за сместување и храна добиваат попуст 100% на редовната цена
  • Деца од 5 - 12 години кои користат ресторански услуги и услуги за сместување добиваат 30% попуст на редовната цена

Одберете Тим Билдинг патување во Дестинација Македонија! Пополнете ја оваа ФОРМА и ние ќе ви ја испратиме најдобрата понуда!

Потребна ви е фактура? Нема проблем. Има 2 начини.

  • Купете ги купоните со картичката од вашата фирма и пишете ни на invoicing@grouper.mk
  • Сакате да платите преку e-banking? Побарајте про-фактура на invoicing@grouper.mk
  • Во маилот навете ги следните податоци: име и адреса на вашата команија, корисничко име на Grouper профилот, линк од зделката и број на купони.

Опис

Хотел Славија и Хотел Попова Шапка

На 18 км од Тетово и на 58 км од Скопје, во самото срце на масивот, на надморска височина од 1.700 м, е сместен најстариот и најпознат скијачки центар Попова Шапка, со висина на ски патеките до 2.500 метри надморска
височина. Шара има огромен потенцијал за развивање на планинските спортови: скијање, планинарство, алпинизам, планинско велосипедизам, параглајдерство, спортски лов и риболов. Големиот број сончеви денови, близината и високата снежна покривка секоја зимска сезона привлекуваат голем број домашни и странски туристи на Попова Шапка. Ски - центарот Попова Шапка располага со 6 ски лифтови и две жичници. Должината на ски - лифтовите и жичарниците изнесува 6.513 метри. Капацитетот на жичарниците и ски лифтовите е со капацитет од 4.138 скијачи на час со просечна брзина на жичарите од 3м/с. Скијачките патеки се погодни и за почетници, и за напредни скијачи. Должината на скијачките патеки изнесува 17.2 км, од нив 1.7 км се лесни патеки, 8.7 км се средни и 6.8 км се тешки скијачки патеки. Ски патеките „Бабин Извор“ и „Дол“ се лесни патеки, ски - патеките „Поток 1“, „Пионерско Брдо“, „Поток 2“, „Св. Илија“, „Ајдучка рамнина 1(ГЕ)“, „Ајдучка Рамнина 2(ГЕ)“, „Срт за Јелак“ и „Пола Церипашина“ се со средна тежина, додека ски - патеките „Мал Јелак“, „Мал Јелак 1“, „Мал Јелак 2“, „Церипашина“, „Бабунова Стена“, се тешки скиајчки патеки и се за напредни скијачи. Љубителите на ноќното скијање имаат можност да уживаат на професионално осветлените патеки за ноќно скијање „Поток 1“ и „Поток 2“. Ски - центарот Попова Шапка има три хомологирани скијачки патеки уредени по стандардите на Меѓународната скијачка федерација FIS: „Орлова“, „Езерино“ и „Церипашина“. Од 1947 година на Попова Шапка, на патеките
„Орлова“ и „ Езерино“ се одржува најстарата скијачка манифестација на Балканот, Шарпланинскиот куп.

За посетителите, на располагање е туристичката населба, која ја сочинуваат голем број викенд-куќи и повеќе хотели, а најзначајни и најголеми се хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ во сопственост на „ЕЛЕМ ТУРС“, кои можат да прифатат голем број туристи. Хотелот „Попова Шапка„ е со капацитет од 160 легла и се наоѓа на 1.710 мнв, а хотелот „Славија“ има капацитет од 120 легла на 1760 метри надморска височина. Двата хотели се во непосредна близина на скијачките терени, со придружни капацитети: ресторан, ски гардероба, продавници, диско, базен, сала за состаноци, тераса со поглед кон скијачките терени итн.

Grouper интересни факти за Попова Шапка и Шар Планина

  • Реката Вардар или Axios е најголема и најважна река во Македонија и Грција. Долга е 388км и 4м длабока, а наводнува површина од околу 25.000 км2. Оваа река која е симбол на Република Македонија извира од местото Вруток.
  • Шар планина гледано од рамнината има изглед на питома, лесно браносана планина со средна висина. Но кога ќе почнете да се искачувате станувате свесни за нејзината грамадност.
  • Дали знаевте дека на Шар Планина има 27 планински езера, 100 поголеми извори и дека оваа планина е извориште на 25 поголеми планински реки? 
  • Шара има 44 видови на дивеч, преку 200 видови на птици и 147 видови на пеперуги со што е и најбогатото подрачје на Европа.
  • Сепак, круната ја носи, Qen i Sharrit или најчесто ШАРПЛАНИНЕЦ.
  • Велат дека во Вруток се јаде повеќе риба дури и од Охрид.
  • Според легендата, невообичаеното име на ова место настанало некогаш одамна кога некој поп си ја изгубил шапката. Попот, заедно со селаните, долго ја барале шапката, но не успеале да ја најдат. Во еден момент еден од селаните на шега извикал дека шапката е на врвот, бидејќи тој личел на поповата шапка. Попот шапката не си ја нашол, но името на регионот останало.
  • Во 1934 година на надморска височина од 1.710 метри на Попова Шапка е изграден првиот планинарски дом.
  • Во 1947 година првпат е одржан Шарпланински куп – скијачка манифестација најстара на Балканот. 
  • Поклониците на екстремните спортови што трагаат по атрактивни скијалишта низ целата планета го ставаат скијањето на Шапка и регионот Лешница во ранг со Хималаи.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.