Остани здрав! До 49% попуст на специјална промоција на над 30 специјалистички прегледи по избор во Жан Митрев Клиника

Добивате
Опции на понудата:
Гинеколошки преглед |
|
Специјалистички ОРЛ преглед |
|
Специјалистички педијатриски преглед |
|
Флебографија (ангиографија на вени) |
|
Флеболошки преглед (преглед од трансфузиолог) |
|
Психијатриски преглед |
|
Ехо на тироида |
|
Ендокринолошки преглед |
|
Ендокринолошки преглед со TSH и FT4 |
|
Колоноскопија со анестезија |
|
МСКТ серија со контраст (глава со врат/абдомен/долни екстремитети) |
|
ЦТ Виртуелна колоноскопија |
|
МР нативна серија |
|
МР серија со контраст |
|
Магнет на срце |
|
Магнет на цел р'бет |
|
Магнет на матка со контраст |
|
Магнет на дојки |
|
Остеодензитометрија Дексаскен |
|
Невролошки преглед |
|
Ортопедски преглед |
|
2Д Мамографија |
|
3Д Мамографија |
|
Уролошки преглед (ехо на уринарен тракт и простата) - Распродадено |
|
Абдоминален хируршки преглед |
|
Функционалната магнетна стимулација |
|
Дерматолошки преглед |
|
Пулмолошки преглед |
|
Полисомнографски тест за слип апнеа |
|
Пакет тироидни хормони FT4, FT3 и TSH |
|
Ехо на дојка |
|
Консултативен преглед со пластичен хирург |
|
Нефролошки преглед |
|
Интолеранција на глутен |
|
Интолеранција на лактоза |
|
Интолеранција на храна со испитување на антигени од 90 прехрамбени продукти |
|
Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце) - Распродадено |
|
Гастроскопија со анестезија |
|
*Детален опис за прегледите може да прочитате во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 29.05.2023 до 31.07.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна е претходна резервација на термин
- Понудата не важи за клиниките во Битола и Струмица
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени
Опис
Гинеколошки преглед
Одржување на здравјето на репродуктивните органи е од големо значење, а редовните контроли спасуваат живот. Тимот на искусни гинеколози на одделот за Гинекологија при Клиничката болницата Жан Митрев, Ви нуди целосна гинеколошка заштита и нега во сите фази од животот. Ние сме подготвени да го следиме и контролираме Вашето здравје од првиот менструален циклус, до менопаузата, и по неа. Располагаме со комплетна амбулaнтна и болничка услуга во вид на гинеколошки прегледи, тестови и следење на бременост, субспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и уро-гинеколошка хирургија. Нашата врвна грижа вклучува индивидуални програми и напредно следење на здравствената состојбата преку посебни тераписки планови и консултации креирани за секоја од вас. Освен примена на најнови дијагностички процедури, ние како ваши гинеколози вклучуваме и советување за Вашите физички, психички, емоционални и социјални потреби кои се одвиваат во опуштена и комфорна средина. Нашата цел е една: Вашето здравје! Прегледот го изведува проф. д-р Васил Илиев.
Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце)
Овој преглед вклучува ЕХО на срце, доплер на врат (каротидни артерии), доплер на долни екстремитети и ЕКГ кое претставува електрокардиографија или скратено ЕКГ и е иницијална и рутинска дијагностичка алатка за проценка на електричната активност на срцето овозможувајќи му на лекарот сознанија за срцевиот ритам, големината и функцијата на срцевиот мускул и срцевите комори и преткомори. При тоа може да се детектира постоење на аритмија (неправилна работа на срцето), недостаточна крвоснабденост на срцето (ангина пекторис), оштетување на срцето поради инфаркт, зголемување на срцевите димензии и др. Испитувањето се изведува со поставување на 12 засебни електроди (мали пластични лепенки) на специфични места на кожата на градниот кош, рацете и нозете на пациентот додека пациентот е во легната положба. Тестирањето го изведува медицинска сестра, техничар или лекар, трае околу 1 минута, а при тоа пациентот не чувствува ништо. Прегледот го изведуваат: д-р Вилма Ампова-Соколов, д-р Тања Анѓушева, д-р Енвер Идоски, д-р Милка Клинчева, д-р Петар Угуров, д-р Дашурие Незири, д-р Планинка Зафировска и д-р Илија Нешковски
Специјалистички ОРЛ преглед
Прегледот го изведува д-р Данчо Шурков, за прецизна и навремена дијагностика на болестите од доменот на оториноларингологијата нашиот преглед опфаќа неколку дијагностички методи:
- Отомикроскопија - преглед на надворешниот слушен канал и ушното тапанче со помош на микроскоп кој овозможува повеќекратно зголемување, а со тоа и подобра визуелизација и можност за подобра проценка на локалниот наод.
Оваа метода е супериорна во однос на класичната отоскопија, особено кај децата поради анатомските ограничувања во однос на големината на надворешниот слушен канал и ушното тапанче. - Предна риноскопија - надополнета со назална ендоскопија која претставува инспекција на носот и носните простори, проценка на епифаринксот, сводот на ждрелото, приказ на третиот крајник.
- Орофарингоскопија - преглед на усната шуплина и ждрело.
- Ендоскопски преглед на ждрело и ларинксот, гласни жици.
Специјалистички педијатриски преглед
Децата на прво место,тие се украс на светот!
Секое дете заслужува најдобра медицинска заштита и грижа.
Комплетна и врвна грижа за детското здравје од страна на специјалист педијатар во нивниот сензитивен период на брз раст и развој почнувајќи од најраната возраст, раѓањето на децата па се до нивна адолесцентна возраст односно од 0 -16 годишна возраст. Прегледот го изведува д-р Станислава Анѓелеска
- Специјалистички педијатриски преглед на новороденчиња и доенчиња: следење на нивниот раст и развој, навремено откривање, советување и третирање на инфекции кај новороденчиња и доенчиња како и проблематика од секаков тип. Родителите добиваат и стручни совети за нега и грижа на нивните најмили како и едукација за важноста на мајчиното млеко и доењето. Советување за правилно доење, правилна исхрана на мајката и правилна дохрана на новороденчето и доенчето.
- Специјалистички педијатриски преглед на здраво и болно дете од предучилишна и училишна возраст до 16 год. со различна патологија и проблем.
- Спроведување на систематски прегледи.Целта на систематските прегледи е следење на телесниот раст и развој, рано откривање на болести или отстапувања во психомоторниот развој.
- Дијагноза и третман на горни и долни респираторни инфекции.
- Дијагноза на типот на алергија со алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени.
- Навремена дијагноза и третман на гастроинтестинални симптоми и болести вклучувајќи акутна и повторувачка абдоминална болка,гадење и повраќање,дијареја,опстипација.
- Рана дијагноза и третман на уринарни инфекции кај деца.
- Дијагноза на анемии и нивни третман.
Флебографија
Рентгенографски преглед со помош на контрастно средство кој овозможува приказ на актуелната состојба на вените, венските валвули, постоењето на тромби, венски дефекти и приказ на длабоките вени. Има 100% сензитивност и специфичност при дијагностика на длабока венска тромбоза. Потребни се 30- 45 минути за да се изведе. Се вбризгува интравенски контраст и на ангиограф се визуелизира венскиот систем. Значењето на оваа метода е што може да се визуелизира длабокиот венски систем флуороскопски- се визуелизира текот на контрастот од површниот во длабокиот венски систем. Подготовка за процедурата: четири часа пред прегледот потребно е пациентот да е гладен и жеден. Се користи контрастно средство на база на јод, на што некои пациенти може да се алергични. После процедурата: потребно е внесување поголема количина на течности и вода за да може побрзо да се исчисти контрастното средство од организмот без да се оптоварат бубрезите. Местото на пункција/ инцизија ќе создава болка во тек на неколку денови но не би требало да ги ограничува нормалните секојдневни обврски. Пациентот може веднаш да се врати на нормални дневни активности. Позитивен резултат/ нарушено венско полнење е знак дека е потребен медицински третман и вклучува појава на: тромби, дефекти во полнење, прекин во текот на контрастното средство, длабоки вени кои не се полнат.
Флеболошки преглед
Овој преглед е наменет за дијагностицирање на заболувањата на венскиот систем и вклучува доплер ултразвук на длабоки и површни вени. Како метода е потполно неинвазивна бидејќи се изведува со помош на сонда со која лекарот лесно поминува по кожата на екстремитетите следејќи го течението на венската циркулација. При тоа на екранот се визуелизираат промените на венските крвни садови, нивната функционалност како и присуство на тромби во длабоките и површните вени. Прегледот го изведува: д-р Елена Амбаркова-Виларова.
Психијатриски преглед
Психијатрискиот преглед се остварува со цел утврдување на психичката состојба, која може да биде резултат на одредено телесно заболување, комбинација на телесно со психичко заболување или чисто психичко заболување.
Овој преглед вклучува дијагностицирање на состојбата, психоедукација, психотераписки и / или психофармаколошки пристап во третман и рехабилитација на:
- состојби на психички раст и развој
- состојби на стрес и трауми
- анксиозно депресивни растројства
- депресија
- психосоматски растројства
- афективни растројства
- психотични растројства
- болести на зависност
- психички растројства во старечка доба
- когнитивни нарушувања кај одредени форми на деменција
- психички растројства кај лица со ментална ретардација
Прегледот се остварува во атмосфера на доверба преку индивидуална средба со клиентот, и трае 45 минути. Во зависност од потребата, во наредна сесија може да се вклучат партнерот или родителскиот пар.
Преку овој преглед се прави проценка на животот, партнерските врски и врските со околината, потоа на начинот на размислување и личните чувства, што води кон подобро себе разбирање и разбирање на околината. Истото е со цел да се намалат личните фрустрации кои се доживуваат при одредени активности, и на многу покомпетентен начин да се усвојат методи кои ќе помогнат за адекватно управување со емоциите и водење многу позадоволителен живот. Прегледот го реализира д-р Марија Костадиновска - психијатар
Ехо на тироида
Тироидната жлезда има важна улога во организмот на човекот. Таа е една од најголемите ендокрини жлезди во телото и учествува во регулирањето на метаболизмот. Ехо на тироидна жлезда има за цел да ги утврди поставеноста, морфологијата и присуство на промени кај оваа жлезда т.е да дијагностицира правилно/неправилно фукционирање на истата. Врз основа на испитаните параметри следи соодветната терапија и третман. Прегледот го изведуваат: д-р Џулијана Михајловска и д-р Јасмина Зафировска
Ендокринолошки преглед
Овој преглед е наменет специјално за дијагностицирање и лекување на нарушувања на ендокриниот систем, кој вклучува жлезди и органи кои создаваат хормони. Овие нарушувања можат да предизвикаат дијабетес, проблеми со тироидната жлезда, надбубрежните жлезди и хипофизата. Прегледот го изведува д-р Џулијана Михајловска.
Колоноскопија со анестезија
Ова е ендоскопско испитување на дебелото црево (колон) и завршните партии на тенкото црево. Се извршува под анестезија, а со цел дијагностицирање на болести на дебелото црево. Прегледот го изведува: д-р Ѓорѓи Дерибан и д-р Христијан Писевски.
Гастроскопија со анестезија
Гастроентерологија како гранка на медицината се занимава со дијагностика и лекување на болестите на органите од системот за варење на храната- хранопроводникот, желудникот, цревата, црниот дроб, панкреасот. Гастроскопијата е процедура при која со помош на гастроскоп (тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) лекарот може да погледне во внатрешноста на овие органи. Гастроскопијата се изведува со анестезија и има за цел да утврди болести на овие органи. Прегледот го изведува: д-р Христијан Писевски и д-р Ѓорги Дерибан
МСКТ серија со контраст (глава со врат/абдомен/долни екстремитети)
Компјутерска повеќеслојна томографија претставува дијагностичка метода за откривање на промените на крвните садови и состојбата на ткивата и органите кои се обезбедени од соодветниот крвен сад. Во процесот на снимање се додава интравенски контраст кој ги исполнува крвните садови и на таков начин, освен приказ на состојбата на крвните садови и ткивата, се добива вистинска слика и за анатомскиот сооднос со останатите структури.РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 – 10 минути, самото снимање 5-8 секунди.
Компјутерска повеќе слојна томографија е неинвазивна метода за преглед на крвните садови исполнети со контрастно средство и приказ на проток во истите. РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови на крвните садови на екстремитетите. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 – 10 минути, а само снимањето трае 23 секунди. Прегледот го изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска Цветкова и д-р Мимоза Толевска.
ЦТ Виртуелна колоноскопија
Ова е неинвазивна метода за преглед на крвните садови исполнети со контрастно средство и приказ на проток во истите. РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови на крвните садови на екстремитетите. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 – 10 минути, а само снимањето трае 23 секунди. Прегледот го изведува: д-р Ѕвонко Атанасов
МР нативна серија
Магнетната резонанца е напредна дијагностичка метода која овозможува откривање и прецизен приказ на сите промени на внатрешните органи кои се невидливи со други дијагностички апаратури. МР може да се користи за снимање на различни делови од телото како глава или бели дробови, при што пациентите добиваат брза и прецизна дијагноза. Процесот на снимање за пациентот е удобен и се изведува во релаксирачки амбиент. Овој апарат е безбеден за деца и бремени жени бидејќи не употребува зрачење ниту контрасно средство. Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.
МР серија со контраст
Магнетна резонанција (МРИ) е медицински отсликувачки метод кој се користи во радиологијатa за да се добие визуализација на детална слика на внатрешните органи и ткива. За разлика од другите медицински отсликувачки методи како што се компјутерската томографија (КТ) или рендгенските снимања, контрастот кој се јавува помеѓу различните телесни меки ткива. Магнетна резонанца на мала карлица со контрастен материјал помага откривање на аномалии во рана фаза на развој. Методот се докажа во областа на гинекологија, хирургија и урологија.Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.
Магнет на срце
Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода без зрачење која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи. Оваа метода се користи за да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт. Дава прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост како и други промени на срцевиот мускул и неговата обвивка. МР на срце е безбедна и безболна дијагностичка процедура. Луѓе со било какви уреди со метали во и на телото не би требало да се снимаат без потврда дека уредот е безбеден за МР тестирање (MRI safe). Прегледот го изведуваат: д-р Милка Клинчева, д-р Планинка Зафировска и д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска.
Магнет на цел р'бет
Магнетната резонанца е најсовремениот дијагностичка метода која дава прецизна слика не само на коските туку и на меките ткива, па на тој начин служи како прецизна дијагностичка алатка во откривањето на заболувањата на `рбетниот столб.
Магнетната резонанца дава јасна слика на целокупната анатомија на `рбетниот столб, па се користи при дијагностицирање на дегенеративни заболувања на дискусите, дискус хернија, спинални стенози, ишијас, кифози, сколиози, тумори и инфекции на `рбетот. Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.
Магнет на матка со контраст
Магнетна резонанција (МРИ) е медицински отсликувачки метод кој се користи во радиологијатa за да се добие визуализација на детална слика на внатрешните органи и ткива, во мала карлица, како кај мажи така и кај жени. За разлика од другите медицински отсликувачки методи при снимање со МР нема зрачење.
Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.
Магнет на дојки
Магнетна резонанца на дојки претставува неинвазивна дијагностичка метода која главно се користи како скрининг метода кај жени со висок ризик за карцином на дојка.
Неопходно е прегледот да се направи од 5-12 ден од почеток на менструалниот циклус.
Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Мимоза Толевска и д-р Магдалена Поповска-Цветковска
Остеодензитометрија Дексаскен
Остеодензитометријата претставува метода со која ја мериме минералната коскена густина односно квантитетот на коските. Снимањето трае кратко, неинвазивно е и безболно.Снимањето го правиме на апарат Hologic, последна генерација кој има инсталирано софтвер за FRAX score и TBS.
Посебна припрема за остеодензитометрија не е потребна. Во текот на снимањето пациентот лежи на грб, прво со нозете свиткани во колена под прав агол, со правилно позиционирање од страна на технологот. Понатаму исто со лежење на грб со лесна ротација во зглобот на колкот кон внатре, со фиксација на двете стапала, се снима колкот.
На денот на прегледот не се земаат калциум суплементи. Пред правењето остеодензитометрија пациентот да нема правено испитувања со контрастно средство! Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.
Невролошки преглед
Комплетен специјалистички невролошки преглед за болести на пореметена мозочна циркулација-мозочен удар, како и аномалии во крвните садови на главата и вратот: главоболки, вртоглавици, мигрена и други болни синдроми, епилепсии, мултипна склероза, болести на мускулите, рбетниот мозок, тумори на мозокот, Паркинсонова болест итн.Прегледот го изведува: д-р Емилија Горгијева.
Ортопедски преглед
Ортопедскиот преглед за возрасни е наменет за сите кои имаат проблеми со мускулно-скелетниот систем. Истиот се спроведува со користење на најсовремени дијагностички процедури. Прегледот вклучува опсервација на самото држење на телото, видливи промени како и контрола на активни и пасивни движења. Со помош на ултразвук се извршува и комплетна евалуација на можни оштетувања на делови од локомоторниот систем. По извршениот преглед добивате дијагноза со препораки за понатамошни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Константин Митев, д-р Славчо Стојменски и д-р Сашо Младеновски.
2Д Мамографија
2Д мамографијата е радиолошка дијагностичка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40%. Благодарение на дигитализација на сликата таа овозможува подобра визуелизација на микрокалцификати и архитектонската дисторзија на дојката. Сето ова е голема предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум, со што се зголемуваат шансите за комплетно излекување. Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.
3Д Мамографија
Претставува радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење од околу 30-40%. Со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација, што претставува огромна предност при откривање на патолошки промени. Тоа значи и навремено дијагностицирање на ракот на дојка, кој доколку се открие навреме е излечлив. Прегледите ги изведуваат д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магделена Поповска-Цветкова, д-р Мимоза Толевска
Уролошки преглед
Уролошкиот преглед е многу едноставен, безболен преглед, при што урологот најпрво преку разговор утврдува дали постои одреден уролошки проблем, потоа со палпација (допир) ги прегледува надворешните генитални органи, како и простата. Веднаш потоа прави ехотомографски преглед, со што се откриваат најголем број од уролошките заболувања. Прегледот го изведува: д-р Горан Јовиќ.
Абдоминален хируршки преглед
Доколку се судирате со болка во абдоменот, имате проблем со хемороиди или проблеми со дебелото црево, жолчката и жолчните канали, или пак се справувате со онколошки проблеми во стомачната шуплина и стомачниот ѕид, ова е прегледот кој ви е потребен. Нашиот тим искусни абдоминални хирурзи ќе ви ја постават вистинската дијагноза и ќе ви препорачаат соодветни следни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Јован Мирчевски и д-р Мане Хаџиманчев.
Функционалната магнетна стимулација
Функционалната магнетна стимулација (ФМС) е неинвазивна технологија која се темели на употреба на магнетно поле. Со помош на ова магнетно поле се делува на мускулите со цел зголемување на мускулната маса, а за сметка на тоа се намалуваат локалните масни наслаги. Со овој апарат кој делува преку облека се постигнуваат забележливи резултати за релативно краток временски период. Се состои од неколку делови апликатори и специјален стол, чија примена и позиционираност зависи од мускулот кон кој е насочен потребниот третман. Ова технологија наоѓа примена на повеќе медицински гранки како естетика, уро-гинекологија, неврологија и ортопедија.
Овој третман може да се користи за создавање или за оформување на мускулната маса во зоната на стомакот, рацете, бутовите, задникот и нозете, давајќи им подобар тонус и дефиниција. ФМС истотака може да се користи за сите видови на уринарна и фекална инконтиненција, за побрза рехабилитација по операција или по породување, па дури и при сексуални дисфункции или хронични болки во карлицата или долниот дел на ‘рбетот.
Дерматолошки преглед
Специјалистички преглед на цела кожа со цел утврдување на општиот статус и може да вклучи дерматоскопски преглед на бенки, венеролошки преглед, алерголошки преглед, преглед на коса, нокти како и индикација на терапија за акни, лузни, брчки, стрии, дамки на кожа, опаѓање на коса.Прегледот го изведува: д-р Анџелика Илиева.
Пулмолошки преглед
Специјалистички прегледи и консултации за белодробните заболувања, астма, ХОББ, дијагностицирање и третман на истите. Прегледот го изведува: Проф. д-р Љиљана Симоновска
Полисомнографски тест за слип апнеа
Опструктивната слип апнеа е состојба која претставува сериозно нарушување на спиењето. Во суштина се работи за недостаток на воздух при спиење што го нарушува самиот процес на одмор и редовното снабдување на мозокот со кислород. При постоење на слип апнеа се случува краток прекин на дишењето кој се повторува постојано во текот на спиењето.
Симптомите на опструктивна апнеа вклучуваат:
- Прекумерна дневна поспаност
- Гласно ‘рчење
- Забележани епизоди на паузи во дишењето при спиење
- Грубо будење со задишување или гушење
- Се будите со сува уста или болка во грлото
- Главоболка наутро
- Потешкотии во концентрацијата во текот на денот
- Промени во расположението, како што е депресија или раздразливост
- Висок крвен притисок
- Ноќно потење
- Намалено либидо
Со проблемот слип апнеа може да ви помогне д-р Данчо Шурков со помош на радиофрекфентна аблација
Пакет тироидни хормони FT4, FT3 и TSH
Најчести заболувања на тироидната жлезда се:
1.Хипотиреоза –намалена функција на штитната жлезда, која се манифестира со намалена концентрација на FT4 хормон, a зголемена концентрација на TSH хормон во крвта. Се карактеризира со симптоми на замор, поспаност, намалена концентрација, намален апетит, зголемена телесна тежина, бледа и сува кожа,чувство на отеченост.
2.Хипертиреоза-зголемена функција на штитната жлезда која се манифестира со зголемена концентрација на FT4 хормон, a намалена концентрација на TSH хормон во крвта.
Се карактеризира со симптоми на немир, растроеност, несоница, тресење на рацете, губење на телесната тежина, опаѓање на косата. При појава на некои од овие симптоми потребно е да се направи лабораториска анализа за FT4 и TSH хормоните, бидејќи ненавременото откривање и нетретирање на заболувањата на тироидната жлезда доведува до сериозни последици на организмот.
Ехо на дојкa
Навремената дијагностика спасува живот. Редовните контроли на дојка се препорачуваат еднаш годишно. Затоа овој преглед изведен од страна на стручниот тим лекари кои имаат долгогодишно искуство во оваа проблематика со помош на нашиот најсовремен ЕХО апарат, овозможува рана детекција на можни неправилности и навремено преземање на соодветни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Магдалена Поповска-Цветковска, д-р Мимоза Толевска и д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска.
Нефролошки преглед
Нефрологијата е гранка на медицината што се однесува на проучување на бубрезите, нивно нормално функционирање и сите болести на бубрезите, зачувување на здравјето на бубрезите и третман на бубрежни заболувања, од диета и лекови до терапија.
Единицата е посебно компетентна за процена на болни со трансплантиран бубрег, проверка на подобност за примање и дарителство на бубрег, процена на подобност и следење на васкуалерн пристап за хемодијализа. Располага со простор прилагоден за амбулантски болни од сите домени како модерен стационар за дијагностички и терапутски процедури опремен со највисоки стандарди за здравствено згрижување за лекување и нега. Прегледот гo изведува: д-р Катерина Ристоска
Интолеранција на храна
Алергијата и интолеранцијата на храна можат да бидат поврзани со проблеми со прекумерната тежина. Истражувањата направени во последните години кажуваат дека: прекумерната тежина е поврзанa со воспалителните заболувања, а дека алергијата како и нетолеранцијата од одредена храна, предизвикаат воспалителен процес и го влошуваат одговорот на имуниолошкиот систем.
Механизмите што доведуваат до прекумерна тежина сеуште не се познати. Генетиката, седечкиот начин на живот, прекумерното јадење, особено прекумерното консумирање на храна со голема содржина на маснотии и јаглехидрати се ризик факторите кои влијаат на тежината на една индивидуа. Општо кажано, внесувањето на зголемен број на калории е токму тоа што влијае на зголемувањето на телесната тежина.
Поради различните метаболички промени, постојат голем број на воспалителни процеси кои влијаат на оваа состојба. Некои од овие процеси се директно поврзани со алергија предизвикана од храна и интолеранција на одредени типови на храна.
Интолеранција на лактоза или глутен
Интолеранција на лактоза или на глутен се најчестите примери на овој проблем кои предизвикуваат:
- Гастроинтестинално нарушувања
- Проблеми со кожата
- Невролошки промени.
- Мускулни и ревматски проблеми.
- Прекумерна тежина.
Во овој случај не станува збор за одговор на имунолошкиот систем при соочување со одредени хранливи материи, но станува збор за проблем поврзан со метаболизмот на имунолошкиот систем.
Најдобар можен третман е да се избегннува консумирањето на таков вид на храна. Сепак, тоа не секогаш значи дека на тој начин ќе ја избегнете прекумерната тежина. Се смета дека постој еден различен вид на интолеранција на храна придружена со воспаление предизвикано од одредениот начин на исхрана, при што присуство на тие хранливи материи поттикнува воспалителни процеси.
Алергиите предизвикани од храна
Ако сте алергични на одредена храна, истата предизвикува сериозна имунолошка реакција која веднаш се манифестира со голем број на симтоми кои исто така можат да бидат сериозни: од уртикарија, воспаление на хранопроводот, и откажување на истите како последица на анафилактичен шок. Единствен начин да го избегнете овој проблем е да не внесувате храна на која сте алергични.
Сепак, и кога алергиската реакција е мнуго лесна, дури и кога е незабележлива, таа не се идентификува како таква бидејќи механизмите што предизвикуваат воспалителна реакција се активираат секогаш при внесување на храната, дури и при најмала количина. Како резултат на тоа, се блокират рецепторите на инсулин, и доволно е само минимална количина на шеќер во крвта за да се појави воспаление на клетките со што се надминува количината на калориите и шеќерот се претвора во маснотии кои се таложат во масните клетки и од таму не може да се елиминираат.
Овој вид на воспалителна реакција може да се мери или да се открие преку испитување на IgG антителата, генерирани од имунолошкиот систем како реакција на овие хранливи материи. Затоа, испитувањето на оваа област е насочена кон откривање на овие антитела при внесување на одредени видови на храна и елиминирање на истите.
За компанијата
Клиничката болница Жан Митрев е основана пред 20 години со визија за донесување на врвна медицина во Македонија. Од тогаш до денес, таа постојано расте и се развива обезбедувајќи перфекција во квалитетот на третманот на своите пациенти.
Прецизната и брза дијагностика, врвната хирургија и научно истражувачката работа овде се изведуваат стандардизирано од страна на искусниот тим лекари. Тие користат најнови методи и пристапи комбинирани со најсовремена опрема, што континуирано резултира со висок степен на задоволство кај пациентите.
Клиниката е модерна, беспрекорно организирана и технолошки напредна здравствена институција за што потврда е акредитацијата од JCI (Join Commission International) која означува применети највисоки стандарди за квалитет и безбедност на пациентите од лекарска грешка. Исто така поседува и државна акредитација за квалитет издадена од страна на АКАЗУМ (Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи).
Сместена е во енергетски ефикасен објект кој не произведува CO2, штеди енергија и не го нарушува балансот со природата. Таа е 100% ЕКО болница.
Имаме склучено договор со многубројни домашни и странски осигурителни компании и тоа им овозможува лекување на сите кои имаат приватно здравствено осигурување.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.