60% попуст на специјалистички преглед од доктор специјалист по физикална медицина и рехабилитација во Катлановска Бања во вредност од 1000 ден. по цена од 399 ден.

Вредност

1000 ден.

Попуст

60%

Заштеда

601 ден.

  • Катланово

    Одведи ме таму

    2581 002, +389 76298092

Добивате

Специјалистички преглед од доктор-специјалист по физикална медицина и рехабилитација во Катлановска Бања

Услови

  • Купонот може да се искористи од 06.02.2019 до 21.03.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на 2581 000 или 070 302 596

Опис

Катлановска Бања,една од најпознатите бањи во Македонија. Се наоѓа во должината на реката Пчиња на само 25 км одСкопје и 25 км од Велес, 2,5 км оддалеченост од автопатот Белград-Скопје и 4 км оддалеченост од Аеродромот Скопје. Опкружена е со прекрасна природа која допринесува за целосна релаксација и регенерација на телото. Катлановска Бања претставува центар за спроведување на специјализирана физикална медицина и рехабилитација.

Медицинскиот тим е составен од четири лекарски тимови составени од доктори, специјалисти по физикална медицина и рехабилитација и високо обучен професионален тим на физиотерапевти и медицински сестри.

Во Катлановска Бања се спроведуваат сите области од физикалната медицина и рехабилитација како :
Електротерапија
Примена на електрична енергија во цели на лекување се нарекува електротерапија. Постојат различни видови на електротерапија кои се ординираат од страна доктор, специјалист по физикална медицина и рехабилитација според различни индикации и дијагнози.

Во Катлановска Бања се применуваат следните:

  • Интерферентни струи
  • Дијадинамски струи
  • Тенс
  • Галванотерапија

Ултразвучна терапија

Примена на ултразвучна терапија има повеќекратно дејство врз човековиот организам. Делува на зголемување на локалната циркулација, намалување на отокот во ткивата, зголемен екстензибилитет на колагенските влакна. Делува аналгетски и ја забрзува репарацијата на ткивата.

Магнетотерапија

Примена на магнетно поле во лекување се нарекува магнетотерапија .Таа има низа тераписки ефекти врз човековото тело:го подобрува протокот на артериска и венска крв,ги активира остеобластите,хондобластите и фибробластите,ја подобрува оксигенацијата и метаболизмот во ткивата,делува аналгетски,ги стимулира ендокрините функции,го подбрува имунитетот на организмот,стимулира создавање на калус.

Парафинотерапија

Парафинотерапијата претставува еден вид на термотераписка физикална процедура. Во тераписки цели се применува кај повеќе состојби:контрактура на зглобови, после контузии, дисторзии, луксации, артроза , спондилоза, анкилозантен спондилит, периартрит, миофиброзит, радикулопатии, невропатии , лузни после изгореници, келоиди и др.

Ласеротерапија

Примена на ласерот во медицината, односно неговото биолошко дејство зависи од брановата должина и енергијата со која се применува. Ласерските зраци делуваат на забрзана регенерација на оштетените и заболените ткива и воедно делуваат на намалување на болката и отокот и имаат антивоспалително влијание. При исполнување на нивното биостимулативно дејство имаат минимално топлотно дејство.

Ласеротерапијата наоѓа примена во лекување на следните состојби:

  • Дегенеративни заболувања на зглобовите
  • Tрауматски лезии и професионални заболувања на локомоторниот апарат
  • Заболувања на нервниот систем,како воспалителни процеси на периферните нерви,вирусни воспаленија (херпес зостер) и состојби после трауматски повреди на нервите
  • Примена кај кожни заболувања,како отворени рани,декубити,херпес симплекс

Кинезитерапија (индивидуални и групни вежби)
Кинезитерапија е област од физикалната медицина која се бави преку примена на одредено движење,вежби во тераписки цели и нејзина улога е подобрување на состојбата на локомоторниот апарат, подобрување на обемот на движење во зафатениот екстремитет, спречување на појава на контрактури-вкочанетост на зглобовите,зголемување на мускулната сила. Вежбите во Катлановска Бања ги изведуваат стручни и обучени физиотерапевти.

Вежбите можат да бидат:

  • индивидуални, според дијагнозата и состојбата на секој пациент поединечно
  • групни.

Работна терапија
Работна терапија претставува примена на дозирана и контролирана употреба на одредени постапки за забрзано враќање на функционалната и работната способност на повредениот екстремитет. Посебно значење има за воспоставување на координација и моторна функција кај шаката, преку примена на одредени повторувачки задачи и движења.

Балнеотерапија и хидрокинезитерапија
Лекувањето со минерални води се нарекува балнеотерапија и се применува кај различни групи пациенти со болести на локомоторен систем: состојби после имплантирана ендопротеза, посттрауматски состојби, артрози, спондилоза, дископатија, ревматоиден артритис, анкилозантен спондилитис, периартрити на рамо, конгенитални луксации на колк, сколиози и други деформитети на рбет, контрактури, млитави парези и парализи, спастични парези и парализи, церебрална парализа, мултипла склероза (без сфинктерни потешкотии) и др.

Кинезиотејпинг
Кинезиотејпинг претставува рехабилитациона техника со апликација на специјални кинезио траки врз заболената регија.Тоа е метода која е создадена за да го подржи природниот процес на заздравување на човечкото тело со обезбедување на подршка и стабилност на мускулите и зглобовите ,притоа без ограничување на опсегот на движење на истите.

Индикации за лекување во Катлановска бања:

  • Трауматолошки и ортопедски состојби: имплантирани ендопротези на колк, колено и рамо
  • Посттрауматски состојби: фрактури, контузии, луксации, дисторзиии, спортски повреди на лигаментарен апарат, посттрауматски контрактури на зглобови.

Рехабилитација кај дисплазија на колк

  • Ревматолошки заболувања
  • Остеоартрит (артрози)- гонартроза, коксартроза, спондилоартроза
  • Системаска склероза
  • Анкилозантен спондилит
  • Лумбална и цервикална спондилоза и дископатија
  • Вонзглобен ревматизам (периартрити,епикондилити, ентезити, тендовагинити, бурзити)
  • Миофиброзит, мијалгии, хондромалација, алгодистрофија
  • Ревматоиден артритис во ремисија
  • Невролошки заболувања

Цервикален и лумбален синдром со радикулопатија (лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија)

  • Невралгии и неврити
  • Парези и парализи од периферен и централен тип
  • Стрес инконтиненција
  • Мускулни дистрофии
  • Церебрална парализа
  • Церебрален инсулт

Мултиплекс склероза

  • Неврохируршки состојби

Рехабилитација по оперирана дискус хернија

  • Метаболни состојби
  • Остеопороза

Дијабетична ангиопатија и невропатија

  • Уричен артрит
  • Деформитети на ‘рбетен столб
  • Сколиоза
  • Кифоза

Респираторни заболувања:

  • Хроничен бронхит
  • Бронхијална астма
  • Синузит
  • Ларингит
  • Фарингит
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.