7 ја следат оваа компанија


Spintor 240 SC 100 mL.

1299 ден.

Опис

Spintor 240 SC е контактно-дигестивен инсектицид наменет за сузбивање на штетните инсекти во компирот, виновата лоза, јаболката, доматите, пиперките, краставиците и герберите во затворен простор, карфиол, зелка, прокељ, брокула, модар патлиџан, тиквички, дињи, лубеници, салата

Активната материја во Spintor 240 SC, Spinosad, е активна материја од природно потекло со инсектицидно дејство.
Spinosad е продукт на ферментација на земјишната бактерија Saccharopolyspora spinosa и припаѓа во една нова група на инсектициди, т.н Натуралити™
Покрај тоа што се применува во конвенционалното производство има дозвола за примена и во органското производство

Главни предности на Spintor 240 SC

  • природно потекло на активна материја
  • погоден за употреба во органско земјоделско
  • производство
  • можност за употреба во интегрално производство (IPM)
  • одлична ефикасност (помалку апликации)
  • нов начин на дејствување (нова технологија)
  • кратка каренца
  • одобрено во многу култури
  • не носи знак за токсичност на човекот
  • намален ризик за корисни инсекти
  • ниска токсичност кај цицачите, птиците и рибите
  • намалено негативно делување врз животната средина

Примена:
1. Компир: компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – 0,1-0,15 l/ha
2. Винова лоза: сив и жолт гроздов молец (Lobesia botrana, Eupoecilia ambiguella) – 0,015-0,02 %
3. Јаболка: минер со округли мини (Cemoistoma scitella) и свиткувач на епидермисот на плодот (Adoxophies reticulana, Archips podana, Pandemis heparana) – 0,06-0,08%.
4. Пиперки: калифорниски трипс (Frankliniella occidentalis), гасеници на пеперутки – 0,03-0,05%.
5. Краставици: калифорниски трипс (Frankliniella occidentalis), лисен минер (Liriomyza trifolii), - 0,03-0,05%.
6. Домати: лисен минер (Tuta absoluta), мува минер (Liriomyza trifolii), калифорниски трипс (Frankliniella occidentalis) – 0,03-0,05%.
7. Модар патлиџан: калифорниски трипс (Frankliniella occidentalis), тутунски трипс (Тhrips tabaci) – 0,04%
8. Зелка, карфиол, прокељ, кељ пупчар, брокула: гасеници на пеперутки (Lepidoptera) – 0,04%
9. Кромид, лук: гасеници на пеперутки (Lepidoptera) – 0,04%
10. Тиквички, дињи, лубеници: гасеници на совици (Spodoptera spp.) – 0,5 l/ha.
11. Салата: гасеници на совици (Helicoverpa armigera) – 0,3 l/ha.
12. Јагоди: калифорниски трипс и гасеници на совици – 0,2-0,25 l/ha.
13. Гербери: лисен минер (Liriomyza trifolii), калифорниски трипс (Frankliniella occidentalis) – 0,3-0,5 l/ha. 

Каренца

  • 3 дена домати, краставици,карфиол, зелка, прокељ, брокула, модар патлиџан, тиквички, диња, лубеница, салата.
  • 7 дена пиперки и компир
  • 21 ден за винова лоза и јаболка

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "ХЕМПРО"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

ХЕМПРО е локална семеjна компанија, основана уште во 1992 која се занимава со трговија на мало со семе, ѓубрива и пестициди од водечки светски компании од земјоделскиот сектор.
Тимот агроном и хемиски инженер, е посветен на обезбедување на професионална и навремена услуга како и препораки за правилна примена на ѓубрива и пестициди - хербициди, фунгициди, инсектициди.
Ние им нудиме на нашите клиенти експертиза и советодавни услуги од областа на исхраната и заштитата на растенијата што им се потребни за да успеат во земјоделското производство и агробизнисот. Нашите совети денес им помагаат на повеќе од 100 активни клиенти (индивидуални производители и фирми) да ги одржат нивните култури здрави и безбедни преку:
• Подобрен квалитет и зголем принос на земјоделските култури преку избор на најсоодветните сорти, како и планирање на оптималните датуми за берба односно жетва
• Оптимална употреба на хранливи материи преку агрохемиска анализа на почвата  преку соодветна препорака за ѓубрење со тоа што ќе Ви помогнеме да идентификувате каде и колку да аплицирате за максимален раст и принос, а истовремено да го минимизирате трошокот за ѓубрива.
• Подобра контрола на штетниците со тоа што ќе Ви помогне да развиете соодветна стратегија за заштита преку интегрираното управување со штетници (ИПМ) како метод за контролa

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.