65% попуст на спортска масажа со AllgaSan производи за уморни нозе во Студио Алтернатива во вредност од 1000 ден. по цена од 350 ден.

Вредност

1000 ден.

Попуст

65%

Заштеда

650 ден.

Купени: 22

  • ул. Исаија Мажовски 44 лок. 6 Ѓорче Петров

    Одведи ме таму

    078 429 295; 02 6150 369

    info@studioalternativa.mk

Добивате

Спортска масажа со AllgaSan производи за уморни нозe

Услови

  • Купонот може да се искористи од 30.04.2019 до 02.06.2019
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Понудата важи за мажи и жени

Опис

Масажата на уморни нозе претставува комбинација од класична шведска масажа, спортска масажа, масажа на длабоки ткива и лимфна дренажа. Опфаќа масажа на нозете и стапалата во времетраење од 40 минути. Наменета е за спортисти, професионалци и рекреативци, со цел да го отстрани заморот и напнатоста во мускулите на нозете и стапалата. Истата може да се користи и како подготвителна масажа за тонификација и подготовка на мускулатурата пред тренинг или натпревар. Многупати се комбинира
заедно со масажата на длабоки ткива, каде цел на наша обработка се подлабоките меки ткива, мускули, тетиви, лигаменти, фасција и зглобна капсула.
Спортската масажа е специјализиран тип на масажа која е наменета за спортистите професионалци, но и рекреативци. Се разликува од останатите типови на масажа по техниките кои се употребуваат при спортската масажа, а кои се насочени кон посебни мускулни групи, активни во соодветниот спорт. Нејзината историја датира уште од античка Грција, кога на олимписките игри ги масирале спортистите пред настап. Официјално методите и техниките на спортската масажа биле представени за првпат во финската школа за масажи во 1900 година. Jack Meagher со својата книга за спортската масажа од 1980 година, која претставува прва книга за спортска масажа, значајно допринел за развојот и ширењето на спортската масажа по целиот свет.

Техниките на спортската масажа се наменети за:

  • загревање и размекнување на мускулните ткива
  • израмнување и балансирање на мускулните влакна
  • потпомагање за побрза регенерација и заздравување на повредите
  • подобрување и забрзување на излачувањето на отпадните материи од мускулите
  • наменета е за подготовка и одржување на формата на спортистите
  • спречува и/или заздравува можни спортски повреди
  • подобрување на психофизичката состојба кај спортистите
  • целта на спортската масажа е да воспостави нормално и безболно движење, координација и враќање на функционалната состојба по повреда.

Со холистичкиот и индивидуален пристап, масажата кај нас ви овозможува длабока и целосна релаксација на деловите кои се масираат (нозете и стапалата).

Согласно техниките кои ќе се употребат масажата може да биде:

  • ПОДГОТВИТЕЛНА/ТОНИФИЦИРАЧКА – телото се подготвува за соодветниот напор, тренинг или натпревар и
  • РЕЛАКСИРАЧКА/ПО НАПОР – телото се релаксира по напорниот тренинг или натпревар.

Allga San геловите за масажа на тело се комбинација на високовредни етерични масла од алгојскиот планински бор, луто нане, арника и камфор. Имаат идентично дејство со тоникот, со особено изразен разладувачки и релаксациски ефект, особено при вкочанетост на мускулите и зглобовите во вратот, грбот и нозете. Идеално продира, без мастење и сушење на кожата. Ослободуват од болки, ја освежува и релаксира исцрпената мускулатура. Поволен е за долготрајна нега на акутни и хронични болки. Комплетен производ за секојдневна нега по напорен тренинг, подготовка за напорен тренинг, а помага и за подобра подвижност при вкочанетост на грбот и зглобовите. Загревачки и регенеративен крем против воспаление и болка. Специјална козметика за подобра подвижност и за ублажување на болките. Allga San маслото за масирање е специјално масло за масажа со благотворно десјтво за кожата и
мускулатурата на целото тело. Наменето е за масажа и навлегува длабоко во ткивата преку/со стимулирање на микроциркулацијата, благодарение на својата формула на база на масло од катарион. Го релаксира, ревитализира телото и допринесува за негова благосостојбата. Специјалното масло на Allga San стимулира циркулација, помага за мускулно преоптеретување, ги релаксира напнатите мускули и превентивно може да се користи пред поголем напор, физичка активност и сл. Во својот состав, освен база на масло од кантарион, содржи и други благотворни состојки на база на рузмарин и ментол. Комбинацијата од професионална спортска масажа и ова масло е за вистинско релаксирање или тонифицирање на цело тело. Масажите ги изведува физиотерапевт и едуциран масер. Покрај масажите можете да добиете и кинезитерапевтски совет за вежби кои се специфични и потребни за подобар резултат кај вашиот проблем и КИНЕЗИОТАПИНГ УСЛУГИ, техника на употреба на КИНЕЗИОЛОШКИ ТРАКИ кои значително можат да ја подобрат вашата состојба или проблем.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација.
Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет.

Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот.
Ви нудиме:

  • Класична - шведска масажа
  • Туи-на кинеска масажа
  • Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките
  • Хавајска масажа - ломи ломи
  • Масажа со топли вулкански камења
  • Бовнова терапија
  • Kineziotaping

Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. 

Курсевите се наменети за сите оние кои:

  • Сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА
  • Сакаат да се научат на ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА
  • Веќе се занимаваат со масажи, но сакаат да се надградат и прошират во својот профил
  • Планираат професионално да се занимаваат со масажа, во најразлични салони, установи, домови, wellnes и spa центри

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на:
ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес
учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.