До 60% попуст на испитување по избор: STD7 - Real Time PCR детекција на 7 сексуално преносливи патогени (организми) или HPV - Real Time PCR детекција на високо ризични типови на хуман папилома вирусот во GM Laboratorija

Цена од

1800 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

3600 ден.

Попуст

50%

Заштеда

1800 ден.

Купени: 3

Добивате

Испитување за STD7 или HPV (Real Time PCR детекција)

Опции на понудата:

STD7 - Real Time PCR детекција 5,000 ден. 1,999 ден.
HPV - Real Time PCR детекција 3,600 ден. 1,800 ден.

*Подетално за испитувањата може да прочитате во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 13.12.2022 до 15.04.2023
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

1. Сексуално преносливите инфекции (СПИ) претставуваат група на болести кои влијаат на сексуалните и репродуктивното здравје на милиони луѓе. Некои од овие патогени се елиминираат по одреден временски период, додека други се повторуваат, а некои остануваат во телото асимптоматски, овозможувајќи напредок на болеста и генерирајќи последици како што се инфламации на урогениталниот систем, неплодност, па дури и развој на канцер.

Панелот за молекуларна детекција и идентификација на сексуално преносливи болести ги опфаќа наведените патогени:

  • Trichomonas vaginalis
  • Mycoplasma hominis
  • Mycoplasma genitalium
  • Ureaplasma urealyticum
  • Ureaplasma parvum
  • Neisseria gonorrhoeae 
  • Chlamydia trachomatis 

ПРИМЕРОК: цервиковагиналенбрис (cytobrush), уретрален брис, урина, ејакулат

2. Хуманиот папилома вирус (ХПВ) е двојно верижен ДНК вирус без обвивка. Tоа е вирус кој инфицира човечка кожа и мукозни епителни клетки. Идентификувани се повеќе од 200 генотипови, 14 од нив се познати како „високо ризични“ кои се во тесна врска со рак на грлото на матката и неоплазми во гениталиите и орофарингеалните области. Високоризични ХПВ типови се: 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, 66 и 68. ХПВ16 и 18 се поврзани со приближно 70% од човечките канцери на грлото на матката.

Постојана инфекција со високоризичен ХПВ тип (особено генотип 16) може да доведе до развој на цервикален, генитален и орофарингеален карцином. Поради оваа корелација, присуството на високоризичен ХПВ може да се користи како биомаркер за овој тип на неоплазма. Во моментов, ХПВ молекуларните тестови се користат како примарен тест за скрининг на рак на грлото на матката и абнормални клеточни промени во грлото на матката. Real Time PCR тестот е наменет за истовремена квалитативна детекција на ДНК на 14 високоризични типови на Хуман папиломавирус (ХПВ: типови 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, 66, и 68) како и идентификација и генотипизација на двата главни типови, ХПВ 16 и ХПВ 18, од примероци на грлото на матката.

За компанијата

Генетско-молекуларната лабораторија „ГМ Лаб”, лоцирана на ул. Прашка бр. 11, во Скопје. Функцијата на „ГМ Лаб” е испитување на генетската условеност на многу болести од секоја област во медицината: кардиологија, педијатрија гинекологија, онкологија, дерматологија, инфектологија и други. Целта е да се превенираат, порано откриваат и истите соодветно лекуваат со целна (таргет) терапија.

Утврдувањето на генетските варијации помага за излекувањето на многу пациенти, но и за детекција на тие пореметувања во нивните семејства затоа што генските мутации се наследуваат. Врз генетските испитувања се темели целата модерна медицина и фармација и со тоа се поместуваат границите од лекување на болести кон заштита и превенирање за појава на истите

Во ГМ Лаб како прва специјализирана генетска лабораторија, анализите се прават со современи методи и најнова опрема. Поседувањето специјалистичко знаење и лиценцирана апаратура овозможува генетски испитувања за најчестите заболувања од сите медицински полиња. Анализите што се прават во лабораторијата се однесуваат на разни вируси, започнувајќи од Ковид 19, цревни вируси и редица други патогени вируси. Се користи еден од најсовремените методи за откривање на генетски пореметувања за превенција на фамилијарна појава на рак на дојка, јајници, простата, за превенција и рано откривање на малигноми на дебело црево, панкреас, како и за меланомот, карцином на црн дроб, жолчни патишта, мозочен карцином и карцином на штитната жлезда и на белите дробови.

Испитувањата за интолеранција на храна, за причините за лошата функција на одредени органи, предиспозиции за стареење на кожата, склоност кон атеросклероза и генски пореметувања одговорни за дебелина, шеќерна болест, болести на срцето како најчесто бараните испитувања и возможни кај нас во ГМ Лаб.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.