63% попуст на медицинска масажа на грб и врат со AllgaSan производи во Студио Алтернатива во вредност од 800 ден. по цена од 300 ден

Вредност

800 ден.

Попуст

63%

Заштеда

500 ден.

Преостанато време

Купени: 49

  • ул. Исаија Мажовски 44 лок. 6 Ѓорче Петров

    Одведи ме таму

    078 429 295; 02 6150 369

    info@studioalternativa.mk

Добивате

Медицинска масажа на грб и врат со AllgaSan (времетраење 30 мин.)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 30.04.2019 до 02.06.2019
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Понудата важи за мажи и жени
Grouper & Mastercard акција на подароци!
Купувај било кои зделки со Mastercard картичка и освој подарок!
Дознај повеќе тука!

Опис

Студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија. Масажата е најстара и најприродна метода на лекување и зачувување на здравјето. Ги опушта целото тело и умот. Релаксирачката масажа во Студио Алтернатива е комбинација на неколку мануелни техники кои благопријатно делуваат на телото, како физички така и психички.

Стресот и напнатоста се неминовен дел од секојдневниот живот на современиот човек. Најчесто се манифестираат со болки во вратот, грбот, преодот врат-грб, трапезиусите, рамениот појас, градните мускули и болки во рацете (особено надлактиците). Употребувајќи посебно избрани масажни техники за елиминација на болките и напнатоста во овие регии, ви нудиме 30 минутно задововолсто, уживање и релаксација.

Оригиналноста на масажите во Студио Алтернатива е тоа што кај нас пристапот е холистички и индивидуален за секој клиент. Масажата се состои од масажа на: грбот, вратот и рацете. Уникатната комбинација на класичната/шведска масажа и терапевтска масажа, со додавање на миофасцијални и длабокоткивни (deep tissue) техники, даваат посебен белег на оваа масажа во студио Алтернатива. Употребата на одредени техники од кинеската медицинска масажа- туина, како и употребата на вентузи, ја чини терапевтската масажа на грбот и вратот поефикасна. Освен релаксирачкиот и анти-стрес ефектот, оваа масажа е идеална и за терапевтски намени, кај лица со проблеми и болки во различни делови на грбот. За таа цел се потребни неколку третмани, најчесто 3-5, со што кај најголем број од нашите клиенти постигнуваме одлични резултати.

Ефектите на масажата ги зголемуваме со употреба на ароматизирани масла, најчесто со комбинација на портокал и еукалиптус. Етеричното масло од портокал е најчесто употребуваното етерично масло, кое има позитивно и благопријатно влијание на расположението, тонифицира, делува освежително и стимулативно, а е многу корисно и кај масна кожа и кожа со акни. Етеричното масло од еукалиптус има антимикробно, антисептичко, деконгестивно, антиинфламаторно и аналгетско дејство, што особено го зголемува ефектот на масажата.

Масажата влијае на човечкиот организам така што:

  • ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата,
  • ги опушта мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите,
  • ги стимулира варењето на храната и перисталтиката,
  • го релаксира нервниот систем, пред се со активација на автономниот нервен систем,
  • со стимулацијата на лимфниот систем се стимулира метаболизмот и излачувањето на токсините.

Редовната масажа е корисна и овозможува телото да се чувствува здраво, поподвижно, опуштено и лесно. Нашиот пристап е таков што, масажата ја изведуваме насочувајќи се кон физиологијата на телото и проблемите кои ги мачат клиентите, опуштање на емотивната напнатост и делување на енергетскиот проток во организмот. Со релаксирачките масажи кај нас, клиентите се чувствуваат опуштено, препородено и витално, а со терапевтските елементи во масажата се обидуваме да ги елиминираме или ублажиме болките и напнатоста во мускулите.

Терапевтската масажа на грбот и вратот се употребува кај следниве проблеми:

  • Болки и вкочанетост во вратот
  • Спондилоартрозни промени на рбетот
  • Дископатии и дискусхернии
  • Лумбаго и лумбоишијалгија
  • Грч, напнатост и болки во мускулите на грбот и вратот.

Allga San геловите за масажа на тело се комбинација на високовредни етерични масла од алгојскиот планински бор, луто нане, арника и камфор. Имата идентично дејство со тоникот, со особено изразен разладувачки и релаксациски ефект, особено при вкочанетост на мускулите и зглобовите во вратот, грбот и нозете. Идеално продира, без мастење и сушење на кожата. Ослободуват од ревматски тегоби, ја освежува и релаксира исцрпената мускулатура. Поволен е за долготрајна нега на хронични болки. Погоден е и како средство за релакс или терапевтска масажа. Комплетен производ за секојдневна нега по напорен тренинг, а помага и за подобра подвижност при вкочанетост на грбот. Загревачки регенеративен крем против воспаление и болка. Специјална козметика за подобра подвижност и за ублажување на болките. 

Масажите ги изведува мануелен терапевт, физиотерапевт и едуциран масер. Покрај масажите можете да добиете и кинезитерапевтски совет за вежби кои се специфични и потребни за подобар резултат кај вашиот проблем. Со ваучерот добивате и 20% попуст на кинезитерапевтски вежби и кинезиотапинг услугите. Масажата кај нас е масажа која предизвикува пријатно чувство и го подобрува здравјето. Редовна употреба на масажата им користи на сите возрасти, од малите деца до повозрасните лица. За постигнување на подобри резултати, при изведување на терапевтските масажи на грбот и вратот, ги користиме алгасан производите, кои одлично ја надополнуваат нашата масажа.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на:

ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.