67% попуст на таласо масажа и терапија со морска сол, солена вода и маслиново масло со рузмарин во Студио Алтернатива во вредност од 1800 ден. по цена од 590 ден.

Цена: 590 ден.

67% попуст на таласо масажа и терапија со морска сол, солена вода и маслиново масло со рузмарин во Студио Алтернатива во вредност од 1800 ден. по цена од 590 ден.

Вредност

1,800 ден.

Попуст

67%

Заштеда

1,210 ден.

Преостанато време

Купени: 4

  • ул. Исаија Мажовски 44 лок. 6 Ѓорче Петров Скопје, Macedonia (Македонија), 1000

  • 078 429 295; 02 6150 369

  • info@studioalternativa.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 13:00 - 20:00 Саб: 14:00 - 19:00

Добивате

Таласо масажа и терапија со морска сол, солена вода и маслиново масло со рузмарин (времетраење: 50 мин)


Услови

  • Купонот може да се искористи од 17.07.2017 до 17.08.2017
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Едно лице може да купи повеќе купони

Опис

Таласотерапија (од грчкиот збор thalassa што значи море) е употреба на морската вода и останатите морски продукти во превентивни и терапевтски цели при најразлични здравствени, релаксирачки и козметички индикации. Нивната превентивна, терапевтска, рехабилитациска, релаксирачка и козметичка употреба е пред се распространета во најразлични бањски, рехабилитациони, спа и велнес центри.

Се употребуваат морската вода, морската сол, раствори од морска сол, морската кал, морските алги и морската клима. Се верува дека морската сол и вода имаат корисни ефекти врз порите на кожата, преку кои продираат во телото. Таласотерапијата потекнува од 19.век, од некои приморски места во Англија и Франција. Како основоположници на оваа терапија се сметаат др.Richard Russel, од Англија и биологот Rene Quinon, од Франција, кој ја усовршил и дополнил современата таласотерапија и истовремено ја докажал сличноста меѓу морската вода и клеточната

Главниот принцип на делување е преку воспоставување на природна хемиска рамнотежа на телото. Кога телото ќе се потопи или намачка со топла морска вода или раствор од морска сол, преку кожата се абсорбираат потребните минерални соли кои ги содржи морската сол. Научниците тврдат дека е особено важно влијанието врз кожата и сврзното ткиво.

Таласотерапијата ја стимулира циркулацијата, метаболизмот, излачувањето на токсините, го подобрува снабдувањето со кислород и ја забрзува регенерацијата на клетките. Се препорачува при состојби по повреди и операции на локомоторниот апарат, ревматски проблеми, невролошки проблеми, депресија, напнатост и стрес, кожни проблеми, псоријаза и алергии, гинеколошки проблеми, проблеми со дишните патишта и сл. Ни помага да ја подигнеме општата отпорност на телото, енергијата, ревитализацијата, предизвикувајќи истовремено релаксација на телото и психичка опуштеност. Овој вид на терапија е вообичаен за подрачјата на Мртвото море, но и пошироко. Таа е значаен дел во многу бањи, спа и велнес центри во Р.Словенија. Програмите вклучуваат бањи, облоги и масажи.

Особено влијание има и квалитетот на морската сол која се употребува, што особено влијае на квалитетот на масажата. Со особен квалитет се истакнува морската сол од Мртвото море, кое уште се нарекува и „Морето на солта или Солено море“. Мртвото море се наоѓа на блискиот исток и граничи со Израел и Јордан. Солта во морето е застапена со околу 30% и е шестпати поконцентрирана од другите морски води. Се нарекува Мртво море бидејќи во него нема растителен и животински свет, освен некои едноклеточни, анаеробни форми, кои можат да преживеат во многу солената вода. Поради високите температури, водата брзо испарува и се наоѓаат високи концентрации на минерални соли. Минералниот состав на Мртвото море е многу поразличен од останатите морски води. Составот на солта зависи од сезоната, длабочината и температурата кога е правена. Но сепак секогаш присутни елементи се Na, K, Mg, Ca, HCO3, Cl, Br и J, во форма на NaCl, KCl и MgCl2.

Современата таласотерапија се развила во Франција од Бретања до Азурниот брег, каде се наоѓаат центри кои се специјализирани за оваа терапија. Во последно време, наоѓа место и во луксузните хотели, спа и велнес центри, како значаен дел од понудите за релаксација, уживање и намалување на стресот. Со повторување на третманите како пакет третмани и најмалку двапати во годината се потенцираат благодетите на оваа терапија.

Рузмарин (Rosmarinus officinalis)

Името на рузмаринот потекнува од латинското име, кое во превод значи „Морска Роза“. Посветен е на божицата Афродита, божица на убавината и љубовта. Ја подобрува циркулацијата, циркулацијата во мозокот со што влијае на зголемување на концентрацијата, памтењето и ослободува од стресот и главоболки. Ја подигнува енергијата и спречува прекумерно потење. Е одлично средство против оштетување на кожата особено од УВ зраци, како и превентивно средство во борба против ракот на кожата. Има седативно, диуретско и антисептичко дејство, што го прави добро средство (стафилококи, стрептококи, ешерихија коли и кандида). Го јакне имунитетот, го подобрува метаболизмот и излачувањето на токсините, ја подобрува функцијата на црниот дроб и жолчното ќесе, што му дава особено значење во подобрувањето на општата состојба на организмот. Се користи како средство за:

  • Подобрување на памтењето и концентрацијата
  • Против депресија и главоболки
  • Природен антибиотик
  • Болки во мускулите, гихт и ревматизам
  • Стимулација на бубрезите и дигестивни проблеми
  • Против опаѓање на косата и првут
  • Како природен афродизијак

Thalasso масажа - морска сол, солена вода и маслиново масло со рузмарин 

Ви нудиме единствена и оригинална релаксирачка масажа со морска сол од Црното Море, солен раствор и облоги, масло со рузмарин и различни ароматични масла. Масажата започнува со посебен ритуал на нанесување на масло и солен раствор од морска сол, со потекло од Црното море, по целото тело. Употребувајќи најразлични масажни и дренажни техники, акупресура и квалитетни ароматични масла, Ви овозможуваме:

  • Релаксација, телесно и психичко опуштање
  • Намалување на мускулната напнатост и замор
  • Детоксикација и елиминација на вишокот токсини и течности

Масажата е обогатена со употреба на базалтни камења, кристали од жад, како и билни и солени снопчиња.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ