Целосна и длабока релаксација! 75% попуст на туи-на кинеска медицинска масажа во Студио Алтернатива во вредност од 1800 ден. по цена од 450 ден.

Вредност

1800 ден.

Попуст

75%

Заштеда

1350 ден.

Преостанато време

Купени: 74

  • ул. Исаија Мажовски 44 лок. 6 Ѓорче Петров

    Одведи ме таму

    078 429 295; 02 6150 369

    info@studioalternativa.mk

Добивате

Туи-на кинеска медицинска масажа

Услови

  • Купонот може да се искористи од 26.01.2019 до 23.02.2019
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Понудата важи за мажи и жени.

Опис

Низ вековите трaдиционалната кинеска медицина до детали го истражувала значењето на непречениот проток на животната енергија во човековото тело, но и начините како да се одстранат пречките и застојот на ЧИ (енергијата) со кои се спречува настанокот на болестите и болните состојби.

Туи-на е кинеска медицинска масажа и е значаен дел од традиционалната кинеска медицина (ТКМ). Се заснова на филозовскиот концепт на ТКМ за животот и здравјето, кој темели на теориите за Јин и Јанг, теоријата на петте елементи, животната енергија-Qi и меридијаните, каналите по кои таа циркулира. Целтта на туина масажата е да ги одстрани пречките и проблемите кои ги предизвикуваат состојбите на болест во организмот, а се предизвикани од надворешни и/или внатрешни патогени фактори.

Делува на целиот организам, како рехабилитирачки така и превентивно. Делува на имуниот систем, ефикасна е при напнатост и болки во мускулите и зглобовите, а пред се се употребува при хронични болки и состојби како што се: главоболка, мигрена, несоница, замор, стрес, проблеми со системот за варење, ладни нозе, задржување на вода во организмот, болки во крстот, проблеми со ’рбетот, менструални и уринарни проблеми, мускулна напнатост и грчеви, хипертензија, хипотензија и друго. Ефикасна е како површински на кожата, така и длабински на мускулите, тетивите, лигаментите и внатрешните органи. Основната терапевтска ориентација е кон воспоставување на слободен проток на енергијата(Qi) низ енергетските канали-меридијани.

Со туи-на масажата мануелно влијаеме да се подобри енергетскиот проток, односно да се одстранат блокадите настанати заради влијанието на најразличните патогени фактори во секојдневниот живот, како што се:

  • долготрајна емотивна состојба на жалост, страв, грижа, гнев, лутина
  • несоодветна, прекумерна или пак недоволна исхрана
  • несоодветна физичка активност
  • замор, стрес и преоптоварување

Туи-на е пред се начин за повторно воспоставување на нарушената рамнотежа во телото, секогаш кога тоа е потребно. Масажата го подобрува протокот на енергија, кој е блокиран заради влијанието на патогените фактори, и на тој начин ги подобрува здравјето и виталноста. Пстојат повеќе видови на туи-на масажа, се претпоставува дека постојат околу 110 видови, во зависност од кој дел или регион на Кина потекнуваат. Во основа се употребуваат 20 основни и околу 16 надградени масажни приеми, кои во зависност како ќе се комбинираат прават една идеална целина, што и дава посебен белег на оваа масажа.

Се употребуваат нежни, но и цврсти и одлучни масажни техники и манипулации, од енергична природа, кои влијаат релаксирачки. Масажата пред се е пријатно доживување кое го ослободува човекот од болката, проблемите, напнатоста и стресот. Многупати ја комбинираме со најразлични техники и помагала (артикулаторни техники-манипулации, акупресура, гуа-ша, вентузи, мокси, топли камења, креми, билни/хербални снопчиња), се со цел да се зголемат и нагласат нејзините ефекти.

Туи-на масажата е наменета за сите оние кои имаат одредени проблеми со различни органски системи, пред се со локомоторниот апарат, но и за оние кои сакаат целосна и длабока релаксација. Најчесто ја употребуваме при состојби на:

  • Хронични болки и хронични состојби како што се мигрената, главоболките и сл.
  • Стрес, несоница и замор
  • Проблеми со органите за варење и метаболизам
  • Менструални проблеми, гинеколошки проблеми, стерилитет
  • Болки во грбот, долж рбетот,крстот и вратот
  • Мускулни проблеми, болки и грчеви
  • Хипертензија и хипотензија и уште многу други различни индикации.

Наменета е за лицата од сите возрасти, како за возрасните и повозрасните, така и за најмалите, децата. Идеално терапевтско средство е, но уште подобро релаксационо и превентивно средство. Идеално се комбинира со останатите источни техники на масажа и е значаен дел од сите антистрес програми. Нејзините благопријатни ефекти се чувствуваат уште долго по терапијата, што ја прави да е една од најбараните и најактуелните масажи ширум светот.

Нема подрагоцено нешто од човековото тело кое е помирено само со себе и се наоѓа во рамнотежа. Чувајте го и негувајте го вашето тело, бидејќи ваше е само во овој час.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација.

Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот.

Ви нудиме:

  • Класична - шведска масажа
  • Туи-на кинеска масажа
  • Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките
  • Хавајска масажа - ломи ломи
  • Масажа со топли вулкански камења
  • Бовнова терапија
  • Kineziotaping

Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои:

  • Сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА
  • Сакаат да се научат на ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА
  • Веќе се занимаваат со масажи, но сакаат да се надградат и прошират во својот профил
  • Планираат професионално да се занимаваат со масажа, во најразлични салони, установи, домови, wellnes и spa центри

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на:

ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

Купи ја зделкава со Mastercard влези во следно извлекување и собери поени! Влези во игра тука!
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.