66% попуст на третман акупунктура или миопунктура + мокса терапија + киропрактика (мобилизација) од Центар за рехабилитација Св. Јован во вредност од 2000 ден. по цена од 690 ден.

Вредност

2000 ден.

Попуст

66%

Заштеда

1310 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 11

  • ул. Луј Пастер бр. 5

    Одведи ме таму

    077 538 454

Добивате

Акупунктура или миопунктура + мокса терапија + киропрактика (мобилизација)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 06.02.2019 до 30.04.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна претходна резервација

Опис

Западната медицинска акупунктура го комбинира традиционалното кинеско знаење и искуството од научните познавања на анатомијата, заедно со принципите на медицината базирана на докази. Помалку значење се дава на Чи, додека главниот акцент се става на стимулирање на нервниот систем. Последните проучувања сугерираат дека со вметнувањето на игли на специфични точки, телото ослободува голем број на невромедијатори и хормони. Според досегашните познавања со акупунктурата првично се афектира нервниот систем, кој покрај испраќањето на сигнали преку нервните клетки исто така реагира и со ослободување на различни биохемиски супстанци коишто влијаат и на другите клетки во телото. Покрај традиционалните акупунктурни точки, во западната медицинска акупунктура се користат и други, сензитивни точки, или точки со помош на кои преку рбетниот столб се влијае на делот од телото којшто се третира.

Мокса терапијата е третман при којшто се употребува топлина со помош на пресувано растение со специјални терапевтски својства, наречено Мокса. Растението се пали и се држи на одредено растојание од акупунктурната точка. Целта е да се внесе топлина во организмот или да го стимулира протокот на енергија. Според Кинеската медицина, ваквото стимулирање е неопходно во одредени ситуации. Акупунктурата и мокса терапијата се комплементарни форми на третман и најчесто се употребуваат заедно. Мокса терапијата најчесто се користи за состојби како астма, бронхитис, некои видови на парализи, различни видови на болки, артритис итн.

Центарот за Рехабилитација “Свети Јован” се наоѓа во центарот на град Скопје на улица Mакедонија, до куќата на Мајка Тереза. ЦР “Свети Јован” е специјализиран за рано откривање и интензивното лекување на травматските и дегенеративните заболувања на локомоторниот апарат и најтешката за лекување, хроничната мускулноскелетна болка. Лекувањето е комплексно. Се лекуваат не само клиничките симптоми, туку и воспалувањето и болката на пример, но и причините (етиологија) за појавата на патолошките процеси.

Повеќето акутни проблеми се лекуваат релативно брзо, со не повеќе од 3 – 4 манипулации за период од 1 до 2 недели, додека кај хроничните заболувања се бара акумулација на лековитите влијанија, односно терапевтски третман на организмот за еден оптимален временски период, до постигнување на адекватен биолошки одговор.

Професионалниот тим на ЦР “Свети Јован” во својата работа ги почитува принципите на деловност, етика, врши континуирана едукација и ги следи највисоките стандарди за квалитет и тоа се со единствена цел – да одговори на потребите и барањата на пациентите.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.