8ми Март во Нови Сад, Суботица, Паличко Езеро и Белград (07.03-10.03.2019)! 28% попуст на четиридневен аранжман: две ноќевања со појадок во хотел 3* + автобуски превоз од ТА Идеал Превоз во вредност од 6500 ден. по цена од 4650 ден.

Вредност

6500 ден.

Попуст

28%

Заштеда

1850 ден.

  • ул. Даме Груев блок 5, лок 10 (кај полициска станица Беко)

    Одведи ме таму

    078 684 392

    idealprevoz@yahoo.com

Добивате

Понудата е по лице и вклучува пакет-аранжман за 8ми Март (07.03-10.03.2019):

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организација на патувањето и пратител

 

Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.03.2019 до 10.03.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во ТА Идеал Превоз за да го резервирате вашето место за патување
  • По купување на купонот јавете се во агенцијата за да ја потврдите резервацијата
  • Тргнување во 22:00 часот, од Дрво Декор спроти Holiday Inn
  • Во цената не е вклучено:
  • Свечена вечера со тамбураши 15 евра
  • Факултативна посета на Суботица - Паличко езеро 25 евра
  • Патничко осигурување 200 ден.
  • Важат општите услови на СКТМ и ТА Идеал Превоз
  • Доколку купонот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани

Опис

1 ден 07.03.2019 (четврток) СКОПЈЕ - НОВИ САД

Состанок на групата во 22:00 часот на Дрводекор и тргнување за Нови Сад. Ноќно патување низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.03.2019 (петок) НОВИ САД

По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со придружба на локален водич. Ке ја посетиме Петроварадинската тврдина, таканаречена ГИБРАЛТАР НА ДУНАВ, чиј камен темелник бил поставен во 17тиот век а градењето траело цели 88 години. Ова ремек-дело на воената архитектура од кое се пружа преубав поглед на градот има бројни подземни тунели кои се протегаат на 120 хектари површина. Еден од симболите е саатот сместен на највисоката точка на тврдината, наменет за патниците кои што пловат низ Дунав. Во продолжение на разгледот ке го посетиме строгиот центар на Нови Сад, Дунавската улица, паркот, неоготската и римокатоличката катедрала, владичиниот двор, градската куќа и друго. Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера со тамбураши. Ноќевање

3 ден 09.03.2019 (сабота) НОВИ САД - СУБОТИЦА - ПАЛИЧКО ЕЗЕРО - СОМБОР

По појадокот се упатуваме кон Суботица, следува организиран разглед на градот со локален водич. Суботица е најсеверниот град во Србија и второ најголемо урбано население во Војводина. За разлика од другите градови во Европа во Суботица не доминира велелепната катедрала или импозантната црква туку Градската куќа, ремек дело на Унгарската сецесија изградено во 1912 година. На плоштадот се наоѓа барокната катедрала а веднаш до неа е споменикот на жртвите на фашизмот- најголемиот споменик во Суботица. Следува возење околу познатото Паличко езеро кое заради својата геолошко-еколошка вредност е прогласено за заштитен природен парк. Паличкото езеро со своите термални води, песочни плажи и раскошната архитектура навистина пружа многу. Не е ни чудо што некогаш било монденска дестинација на богатата аристократија. Пристигнување во ВИНАРИЈАТА БОГДАН која е опремена со најсовремената француска технологија и го носи името на познатиот пеач од Суботица господинот Звонко Богдан. Обиколка ва винаријата со можност за винска проба. Потоа се упатуваме кон градот Сомбор - град со богата културна градина и раскошна историја со епитет на најзелен град во Европа. Разглед на градот, градската куќа, плоштадот на светото тројство, сончевиот саат и др. Сомбор го опкружуваат 18 салашки населенија. Предлагаме посета на едно селско домаќинство за да имаме прилика да уживаме во свечен бачки ручек за кој што лани имаат добиено награда на националниот саем за туризам. Ноќевање

4 ден 10.03.2019 (недела) НОВИ САД - БЕЛГРАД - СКОПЈЕ

По појадокот се упатуваме кон Белград, пристигнување на студентскиот плоштад во Белград. Слободно време за прошетка и шопинг низ најпознатата улица Кнез Михајлова, посета на Калемегдан. Во договорено време тргнување кон Македонија со попатна посета на ИКЕА. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.