Велигден во Белград (26.04-28.04.2019)! Тридневен аранжман од 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* + автобуски превоз од ТА In Travel по цена од 4900 ден. (79 еур.)

  • ул. Димитрија Чуповски бр.26 (спроти гимназија Јосип Броз Тито)

    Одведи ме таму

    +389 02 31 21 551; +389 2 31 18 911

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената  релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Славија
  • Разглед на Белград со стручен локален водич
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Лиценциран придружник на групата

Услови

  • Купонот може да се искористи од 26.04.2019 до 28.04.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред купување на купонот задолжително јавете се во In Travel за да се информирате за слободни места
  • По купување на купонот потребно е да контактирате до агенцијата по телефон или е-маил, со цел да ја комплетирате резервацијата
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Ин Травел и СКТМ
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Во цената не е вклучено:
  • Патничко и здравствено осигурување 130 денари
  • Влезници при посета на културно-историските споменици
  • Туристичка такса за престој - 1,5 евра по лице на ден
  • Факултативна посета и разглед на Нови Сад со вклучен ручек во национален ресторан Салаш - 30 евра
  • Факултативна вечера во ресторан на Скадарлија - 25 евра
  • Доплатите се вршат директно во агенцијата
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани
Grouper & Mastercard акција на подароци!
Купувај било кои зделки со Mastercard картичка и освој подарок!
Дознај повеќе тука!

Опис

СКОПЈЕ – БЕЛГРАД

25.04.2019 (Четврток) Состанок на групата на автобуската станица пред старо Матично во 23:30 ч, поаѓање за Р. Србија во 00:00 ч. Ноќно патување, со кратки попатни одмори. Патувањето е преку граничен премин Табановце.

БЕЛГРАД

26.04.2019 (Петок) Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич... Посета на црквата Св. Сава, ридот Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, Бранковиот мост, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата Кнез Михајлова, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности (посета на шопинг центарот “Ушче” или одмор). Во вечерните часови можност за организирана вечера во еден од прекрасните ресторани во боемскиот кварт Скадарлија. Ноќевање.

БЕЛГРАД – НОВИ САД

27.04.2019 (Сабота) Појадок. По појадокот – факултативно заминување за Нови Сад. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Организирана посета за ручек во традиционален САЛАШ – (богат ручек со специјалитети на Војводинската кујна) во центарот на градот. Враќање во Белград во попладневните часови. Вечерта можност за ноќна прошетка низ центарот на Белград и посета на црква во центарот на градот за Христовото воскресение... Ноќевање.

 БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

28.04.2019 (Недела) Појадок. Oдјавување од хотелот. Планирана посета на шопинг центарот “ИKEA”. Поаѓање за Македонија околу 14:00 ч. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.