8ми Март во Истанбул (07.03-11.03.2019)! Петдневен аранжман: две ноќевања со појадок во хотел со 3* + разглед на градот со локален водич + пратител на патувањето + автобуски превоз со ТА In Travel по цена од 5520 ден.(89 eur.)

  • ул. Димитрија Чуповски бр.26 (спроти гимназија Јосип Броз Тито)

    Одведи ме таму

    +389 02 31 21 551; +389 2 31 18 911

Добивате

Понудата е по лице и вклучува петдневен аранжман за термин 07.03-11.03.2019

  • 2 ноќевања со појадок во хотел Barin 3* - Лалели во Истанбул
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Разглед на Истанбул со стручен локален водич
  • Организација на аранжманот со пратител – придружник на групата

Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.03.2019 до 11.03.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред купување на купонот задолжително јавете се во In Travel за да се информирате за слободни места
  • По купување на купонот потребно е да контактирате до агенцијата по телефон или е-маил, со цел да ја комплетирате резервацијата
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Ин Травел и СКТМ
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Во цената не е вклучено:
  • Посета на Сафир Сејир Тераса, со 4Д проекција 20 евра 
  • Азискиот дел Ускудар – Белербеј со Мармарај подводниот тунел 10 евра
  • Долма Бахче Сарај (водич и влезница) 25 евра
  • Влезница за Аја Софија 15 евра, за Топ Капи 15 евра
  • Јеребатан Сарај (потонатата палата) 10 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
  • Вечера во национален ресторан 30 евра
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативните излети не се задолжителни и нема дополнителни трошоци
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани

Опис

1 ден 07.03.2019 ( Четврток) Скопје – Истанбул Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“ во 16.00 часот. Тргнување во 16.30 часот. Се патува преку Грција (граничен премин Богородица – Евзони) со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.03.2019 (Петок) Истанбул Пристигнувањето во Истанбул е предвидено во раните утрински часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот „Пера Палас“ (во којшто Агата Кристи го напишала светски познатиот роман „Ориент Експрес“), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија,  Рустем пашината џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија. Попладневно (факултативно) крстарење по Босфор: панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот, пловење под мостовите Фатих и Босфор кои ги поврзуваат Европа и Азија, можност за посета на „Сафир Сеир Тераса“, највисоката тераса во Европа, од каде има прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност со 4Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, мостот Галата, Девојачката кула. Сместување во хотел. Предлагаме попладневна прошетка на азискиот дел на Истанбул: Ускудар, Берлејбеј, се поминува низ подводниот тунел Мармарис кој е 60 метри под нивото на водите на Босфор (13,5 км. за 4 минути), прекрасно место за да се напиете кафе, или да пробате вкусна риба во некој од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост – симболот на Истанбул. Ноќна панорама на градот. Ноќевање.

3 ден 09.03.2019 (Сабота) Византиски и султански Истанбул Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија, со 6 минариња. Прошетка по главниот, историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, познатата Аја Софија, изградена во времето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а сега во музеј отворен за сите посетители. Прошетка низ просториите на султанот, Сулејман Величенствениот и стариот султанов дворец, Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните опкружена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона – султановиот харем. Подземната цистерна Јеребатан Сарај, 14 метри под нивото на земјата со површина од 9.800 м2. Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4.000 продавници за злато, сребро, кожа, ткаенини. Факултативна, вечера во национален ресторан со традиционална уметничка програма, ориентални танци и мени од турската кујна, за незаборавно доживување. Ноќевање.

4 ден 10.03.2019 (Недела) Истанбул – Босфор – Скопје Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последна резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година резиденција на Кемал Ататурк. Посета на шопинг центарот Форум, каде се наоѓа големиот аквариум. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 11.03.2019 (Понеделник) Скопје Пристигнување во Скопје во утринските часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.