#ТимскиАктивности - Игра, Дружење, Натпревар!60% попуст на месечена членарина за танго во Tango Milonguero Skopje во вредност од 1000 ден. по цена од 399 ден.

Вредност

1000 ден.

Попуст

60%

Заштеда

601 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 2

  • Bel Kamen 9, Skopje, Macedonia

    Одведи ме таму

    075580469

    info@naucitango.ml

Добивате

Тимска активност: Месечена членарина за танго

Термини:

  • вторник (практика во Siesta) од 20:30-22:00 ч.
  • четврток (час во студио Eat the beat) од 20:30-22:00 ч.

Стимулира: движења, новитет, неоткриен талент, забава, дружење, поврзување, уживање

Услови

  • Купонот може да се искористи од 14.04.2019 до 20.05.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна предхона резервација
  • Понудата важи и за фирми, терминот на групата се формира по договор со сите учесници.
  • Ограничени количини!

Потребна ви е фактура? Нема проблем. Има 2 начини.

  • Купете ги купоните со картичката од вашата фирма и пишете ни на invoicing@grouper.mk
  • Сакате да платите преку e-banking? Побарајте про-фактура на invoicing@grouper.mk
  • Во маилот навете ги следните податоци: име и адреса на вашата команија, корисничко име на Grouper профилот, линк од зделката и број на купони.

Опис

Оваа зделка е дел од кампањата #ТимскиАктивности.

Прочитај повеќе за кампањата во блог постот.

---------------------------------------------------------------------

Како придонесува за тимот?

Доколку се мислевте која тимска активност да ја пробате со тимот, еве одлична можност да се пробате во тангото. Танцот овозможува да се запознае суштината на луѓето на толку длабок начин, што го прави тимот едно големо семејство.  Кога танцуваме нашата цел не е да се покажеме пред другите, туку да се поврземе со партнерот и да уживаме во музиката. Ние веруваме дека тангото од нас прави подобри луѓе и дека, доколку само малку би ги почувствувале неговите тајни, сите би ни се придружиле затоа не чекајте, препуштете му се на танцот.

НАУЧИ ТАНГО

Ох, колку само прекрасни возбудувања те очекуваат. Тангото не е само танц – тангото е начин на живеење. Животот на еден тангерос е исполнет со нови познанства, патувања, но и самооткривање… Ние веруваме дека тангото од нас прави подобри луѓе и дека, доколку само малку би ги почувствувале неговите тајни, сите би ни се придружиле.

СОЦИЈАЛНО ТАНГО

Ние танцуваме социјално танго (милонгеро). Заборави ги сите стереотипи: ружа во устата, мрежести чорапи, шешир и одело, нагли движења со главата, акробатски фрлања во воздухот… Сите тие се производ на шоу индустријата – она што ние го учиме е изворното аргентинско танго кое повеќе од еден век се танцува на подимумите во Буенос Аирес и Монтевидео.

Кога танцуваме нашата цел не е да се покажеме пред другите, туку да се поврземе со партнерот и двајцата да уживаме во музиката.

ЗОШТО ТАНГО?

ДРУЖБА – Социјалното танго е пред сè дружење. Ние не сме професионални танчери и преферираме да танцуваме со и за нашите пријатели, а не да настапуваме пред жири или пред публика. Тангото за нас е еден поинакво „искачање у град“.

ПРИЈАТЕЛИ – Тангото овозможува да ја запознаеш суштината на луѓето на толку длабок начин, што ја прави танго заедницата едно големо семејство. Тангеросите неретко имаат пријатели од сите континенти.

САМОСПОЗНАВАЊЕ – Учењето танго е истовремено и процес на соочување со сопствените блокади и слабости. Речиси и не постои подобар и попријатен начин да станеш покомуникативна, подобра и поотворена личност од танцувањето танго.

ПАТУВАЊА – Скоро секој поголем град во светот има танго заедница, која што ќе те прифати како свој. Тангеросите секогаш со себе ги носат своите чевли и ги планираат своите одмори спрема тоа каде има добро танго, а не добри плажи 

ЗДРАВЈЕ – Постојат безброј студии кои потврдуваат дека танцувањето танго е добро за твоето здравје.  На пример, човечкиот контакт и прегратките се добри за срцето и менталното здравје; фигурите што ги учиме ја подобруваат работата на мозокот; движењето ги намалува воспаленијата итн.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.