60% попуст на месечена членарина за танго во Tango Milonguero Skopje во вредност од 1000 ден. по цена од 399 ден.

Вредност

1000 ден.

Попуст

60%

Заштеда

601 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Купени: 13

  • Bel Kamen 9, Skopje, Macedonia

    Одведи ме таму

    075580469

    info@naucitango.ml

Добивате

Месечена членарина за танго

Термини:

  • вторник (практика во Siesta) од 20:30-22:00 ч.
  • четврток (час во студио Eat the beat) од 20:30-22:00 ч.

* Првиот час се одржува на 04.04.2019

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.02.2019 до 30.03.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна предхона резервација
  • Ограничени количини!
Grouper & Mastercard акција на подароци!
Купувај било кои зделки со Mastercard картичка и освој подарок!
Дознај повеќе тука!

Опис

НАУЧИ ТАНГО

Ох, колку само прекрасни возбудувања те очекуваат. Тангото не е само танц – тангото е начин на живеење. Животот на еден тангерос е исполнет со нови познанства, патувања, но и самооткривање… Ние веруваме дека тангото од нас прави подобри луѓе и дека, доколку само малку би ги почувствувале неговите тајни, сите би ни се придружиле.

СОЦИЈАЛНО ТАНГО

Ние танцуваме социјално танго (милонгеро). Заборави ги сите стереотипи: ружа во устата, мрежести чорапи, шешир и одело, нагли движења со главата, акробатски фрлања во воздухот… Сите тие се производ на шоу индустријата – она што ние го учиме е изворното аргентинско танго кое повеќе од еден век се танцува на подимумите во Буенос Аирес и Монтевидео.

Кога танцуваме нашата цел не е да се покажеме пред другите, туку да се поврземе со партнерот и двајцата да уживаме во музиката.

ЗОШТО ТАНГО?

ДРУЖБА – Социјалното танго е пред сè дружење. Ние не сме професионални танчери и преферираме да танцуваме со и за нашите пријатели, а не да настапуваме пред жири или пред публика. Тангото за нас е еден поинакво „искачање у град“.

ПРИЈАТЕЛИ – Тангото овозможува да ја запознаеш суштината на луѓето на толку длабок начин, што ја прави танго заедницата едно големо семејство. Тангеросите неретко имаат пријатели од сите континенти.

САМОСПОЗНАВАЊЕ – Учењето танго е истовремено и процес на соочување со сопствените блокади и слабости. Речиси и не постои подобар и попријатен начин да станеш покомуникативна, подобра и поотворена личност од танцувањето танго.

ПАТУВАЊА – Скоро секој поголем град во светот има танго заедница, која што ќе те прифати како свој. Тангеросите секогаш со себе ги носат своите чевли и ги планираат своите одмори спрема тоа каде има добро танго, а не добри плажи 

ЗДРАВЈЕ – Постојат безброј студии кои потврдуваат дека танцувањето танго е добро за твоето здравје.  На пример, човечкиот контакт и прегратките се добри за срцето и менталното здравје; фигурите што ги учиме ја подобруваат работата на мозокот; движењето ги намалува воспаленијата итн.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.