7 ја следат оваа компанија


TARMAN LEONARDIT-органско ѓубриво и подобрувач на почва 25 KG.

500 ден.

Опис

ТАРМАН ЛЕОНАРДИТ® се применува преку почвата, како ѓубриво и подобрувач на почва кај градинарски и индустриски култури, овоштарници и лозови насади, тревници, за стимулирање на растот на растенијата и за зголемување на приносот. Може да се употребува самостојно или да се меша со сите видови гранулирани ѓубрива. Придобивките од употреба се :

  • Се зголемува содржината на органските материи во почвата
  • Се зголемува капацитетот за катјонска размена на почвата (СЕС) со што обезбедува  растенијата полесно да ги усвојуваат неопходните хранливи материи од почвата
  • Се регулира pH вредноста на почвата во неутрален опсег
  • Се намалува засоленоста на почвата
  • Се подобрува структурата и аерацијата и се зголемува почвениот капацитет за задржување на вода
  • Се стимулира ‘ртењето на семињата
  • Зголемена отпорност на растенијата кон стрес фактори

Со употреба на Тарман Леонардит ќе постигнете одлични резултати и висок принос а вашите целосно органски производи ќе бидат поздрави и поквалитетни!

Количина на примена: 75-250 кг/декар*, во зависност од одгледуваната култура, типот на почвата и очекуваните ефекти.

*Препораката може да варира во согласност со почвените карактеристики и локалните услови на терен

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "ХЕМПРО"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

ХЕМПРО е локална семеjна компанија, основана уште во 1992 која се занимава со трговија на мало со семе, ѓубрива и пестициди од водечки светски компании од земјоделскиот сектор.
Тимот агроном и хемиски инженер, е посветен на обезбедување на професионална и навремена услуга како и препораки за правилна примена на ѓубрива и пестициди - хербициди, фунгициди, инсектициди.
Ние им нудиме на нашите клиенти експертиза и советодавни услуги од областа на исхраната и заштитата на растенијата што им се потребни за да успеат во земјоделското производство и агробизнисот. Нашите совети денес им помагаат на повеќе од 100 активни клиенти (индивидуални производители и фирми) да ги одржат нивните култури здрави и безбедни преку:
• Подобрен квалитет и зголем принос на земјоделските култури преку избор на најсоодветните сорти, како и планирање на оптималните датуми за берба односно жетва
• Оптимална употреба на хранливи материи преку агрохемиска анализа на почвата  преку соодветна препорака за ѓубрење со тоа што ќе Ви помогнеме да идентификувате каде и колку да аплицирате за максимален раст и принос, а истовремено да го минимизирате трошокот за ѓубрива.
• Подобра контрола на штетниците со тоа што ќе Ви помогне да развиете соодветна стратегија за заштита преку интегрираното управување со штетници (ИПМ) како метод за контролa

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.