Oдмор во Лименарија, Тасос во Јули! 15% попуст на 9 ноќевања со појадок и вечера за сместување по избор во Hotel Papageorgiou 2*

Цена: 16864 ден.

Oдмор во Лименарија, Тасос во Јули! 15% попуст на 9 ноќевања со појадок и вечера за сместување по избор во Hotel Papageorgiou 2*

Цена

16,864 ден.

Вредност

19,840 ден.

Попуст

15%

Заштеда

2,976 ден.

Преостанато време

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • contact@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице за 9 ноќевања со појадок и вечера за сместување по избор во Hotel Papageorgiou 2* Лименарија, Тасос за термин по избор:

  • Соба за 3 лица (01.07-10.07.2017), цена: 19840 ден. 16864 ден.
  • Соба за 3 лица (10.07-19.07.2017), цена: 21664 ден. 18414 ден.
  • Соба за 3 лица (19.07-28.07.2017), цена: 22320 ден. 18972 ден.
  • Соба за 3 лица (28.07-06.08.2017), цена: 22904 ден. 19468 ден.
  • Соба за 4 лица (10.07-19.07.2017), цена: 21664 ден. 18414 ден.
  • Соба за 4 лица (19.07-28.07.2017), цена: 22320 ден. 18972 ден.
  • Соба за 4 лица (28.07-06.08.2017), цена: 22904 ден. 19468 ден.

*Цената се однесува по лице во соодветното сместување


Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.07.2017 до 28.07.2017
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Неколку дена пред поаѓање ќе ви биде испратен линк на Вашата email адреса за потпишување на договор за патување. 
  • Задолжително патничко осигурување
  • Употребата на клима уред е со доплата од 5 евра од ден дирекно во хотелот
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Ограничени количини!

Опис

Hotel Papageorgiou 2* се наога се наоѓа на ссамиот градски плоштад во Лимеарија, на околу 100 м оддалеченост од градската плажа. Собите располагаат со бања, балкон, клима уред, телефон, фрижидер, сателитска ТВ.

Тасос

Да се помине одредено време на остров, претставува несекојдневно и убаво искуство. Но велат дека, доколку тоа го направите на најсеверниот и најзелен грчки остров Тасос, тогаш таквото искуство е уште посилно. Привилегијата да се биде толку блиску до оваа природна реткост, беше само дополнителен мотив, овој остров повторно да се најде во овогодишната понуда. Зелениот остров, или “Островото на сирените” – како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови”. Специфичниот и жив рељеф, сe карактеризира низ различните брегови и високите планински врвови кои допираат до над 1000 метри над морето. Неговиот пречник од 25км и вкупната должина на брегот (околу 100км) го вбројува во средните по големина грчки острови. Климата која пак, од сета таа природна специфичност се образува, престојот на него дури и ви жешките месеци го прави свеж и пријатен. Главен град е Лименас во кој се наоѓа и најголемото пристаниште. Добрите сообраќајни врски преку автопатот до Кавала, неговата мала оддалеченост од брегот, патот до Тасос го прави брз и поднослив особено за неговите туристи од Македонија. Изборот за престој во едно од најголемите негови летувалишта - Лименарија, е опција кој навистина ќе ви овозможи одличен одмор.

Лименарија

Limenaria е втор по големина град на островот Тасос. Позната и како најголемо туристичко место на јужниот дел на островото, таа како да е постојано заплисната од синото море и топлото егејско сонце. Нејзините песочни плажи, над кои се спуштаат сенките на зелените дрва, се најспецифичната слика за неа. Објектите за сместување во овогодишната сезона, се повторно зголемени со капацитет, но при тоа воедно ги задржуваат предходно прифатените стандарди и квалитет на престој во нив. Близината и можноста за посета на познатите места како: Пефкари, Потос или Скала Потамиа, се само дополнителен мотив и спомен, кој ќе го понесете со себе по вашето заминување од Тасос.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ