Летен одмор на прекрасниот Тасос во Август! 9 ноќевања за термин по избор во Villa Thomas, Лименарија + опција за автобуски превоз

Цена: 23560 ден.

Летен одмор на прекрасниот Тасос во Август! 9 ноќевања за термин по избор во Villa Thomas, Лименарија + опција за автобуски превоз

Цена

23,560 ден.

Преостанато време

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • contact@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

9 ноќевања за термин по избор во Villa Thomas во Лименарија (Тасос) + опција автобуски превоз:

  • Студио за 2 лица (06.08-15.08.2017), цена: 23 312 ден.
  • Студио за 2 лица (15.08-24.08.2017), цена: 23 312 ден.
  • Студио за 2 лица (24.08-02.09.2017), цена: 21 204 ден.

*Цената се однесува на наем на целото сместување

Можност за превоз:

  • Превоз за дете од 2 до 12 год., цена: 2480 ден.
  • Превоз за возрасен, цена: 3410 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 06.08.2017 до 02.09.2017
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Неколку дена пред поаѓање ќе ви биде испратен линк на Вашата email адреса за потпишување на договор за патување. 
  • Задолжително патничко осигурување
  • Употребата на клима уред е со доплата од 5 евра од ден дирекно во хотелот
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Ограничени количини!

Опис

Villa Thomas

Во мирниот дел на Лименарија, недалеку од вилата Сотирија се наоѓа Villa Thomas. Со својата надворешност, која е надополнета со убавото зеленило, станува допадлива веќе при првата средба со неа. Во својот состав има повеќе единици за сместување, студија и апартмани, сите опремени со соодветен мебел, мини кујни и балкони со гарнитури за седење. За гостите е обезбеден WiFi интернет, ТВ и клима уред со доплата. Паркирањето на возилата е можно во непосредна близина на објектот.

Тасос

Да се помине одредено време на остров, претставува несекојдневно и убаво искуство. Но велат дека, доколку тоа го направите на најсеверниот и најзелен грчки остров Тасос, тогаш таквото искуство е уште посилно. Привилегијата да се биде толку блиску до оваа природна реткост, беше само дополнителен мотив, овој остров повторно да се најде во овогодишната понуда. Зелениот остров, или “Островото на сирените” – како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови”. Специфичниот и жив рељеф, сe карактеризира низ различните брегови и високите планински врвови кои допираат до над 1000 метри над морето. Неговиот пречник од 25км и вкупната должина на брегот (околу 100км) го вбројува во средните по големина грчки острови. Климата која пак, од сета таа природна специфичност се образува, престојот на него дури и ви жешките месеци го прави свеж и пријатен. Главен град е Лименас во кој се наоѓа и најголемото пристаниште. Добрите сообраќајни врски преку автопатот до Кавала, неговата мала оддалеченост од брегот, патот до Тасос го прави брз и поднослив особено за неговите туристи од Македонија. Изборот за престој во едно од најголемите негови летувалишта - Лименарија, е опција кој навистина ќе ви овозможи одличен одмор.

Лименарија

Limenaria е втор по големина град на островот Тасос. Позната и како најголемо туристичко место на јужниот дел на островото, таа како да е постојано заплисната од синото море и топлото егејско сонце. Нејзините песочни плажи, над кои се спуштаат сенките на зелените дрва, се најспецифичната слика за неа. Објектите за сместување во овогодишната сезона, се повторно зголемени со капацитет, но при тоа воедно ги задржуваат предходно прифатените стандарди и квалитет на престој во нив. Близината и можноста за посета на познатите места како: Пефкари, Потос или Скала Потамиа, се само дополнителен мотив и спомен, кој ќе го понесете со себе по вашето заминување од Тасос.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ