Романтична претстава во Театар Комедија! 33% попуст на билет за претставата Дони Дарк (16.04.2019) во вредност од 300 ден. по цена од 200 ден.

Вредност

300 ден.

Попуст

33%

Заштеда

100 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Купени: 12 | Остануваат: 0

Добивате

Еден билет за претставата Дони Дарк (16.04.2019) во Театар Комедија со почеток во 20:00 часот

*Претставата се одржува на Мала сцена и седиштата не се нумерирани

Услови

  • Купонот може да се искористи од 16.04.2019 до 16.04.2019
  • Купонот важи САМО за претставата Дони Дарк на ден 16.04.2019 со почеток во 20:00ч.
  • Задолжително е да носите испечатен купон
  • Претставата се одржува на Мала сцена; седиштата не се нумерирани
  • Купоните се заменуваат со карти на билетарата на Театар комедија на самиот ден на претставата најдоцна до 19:30ч.
  • Доколку не го искористите купонот истиот пропаѓа и средствата не може да бидат рефундирани.
  • Купонот не може да се замени за карта од друга претстава!

Опис

РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА - ДОНИ ДАРК

Леонард Герш е американски автор со богат опус на театарски пиеси и филмски сценарија. Текстот, со оригинален наслов „Пеперутките се слободни“, го има напишано во 1969 г., а за прв пат е поставен во Booth Theatre во Њујорк.

Во 1972 г. пиесата е адаптирана во филмско сценарио, по коешто е снимен филм со истоимениот наслов, во режија на Милтон Кацелас. Поради својата тематика, која ги опфаќа правата и социјализацијата на луѓето со посебни потреби, но и поради сите други квалитети кои ги има како театарска пиеса, текстот е актуелен и ден-денес.

Ова е магистерска претстава во режија на Роберт Ристов - дипломиран драмски актер со богат актерски опус. Вработен е во Театар Комедија, а постдипломец е на Факултетот за аудио-визуелни уметности ЕТФА.

Изборот на овој текст, со ваква содржина, како практичен дел од магистерскиот труд не е ни малку случаен. Неговото долгогодишно искуство во работата со ранливи групи на деца и возрасни го прави целосен во однос на себепронаоѓањето во овие сфери на дејствување и претставува важен дел од неговата животна мисија.

Оваа театарска претстава го опфаќа процесот на осамостојување на едно младо слепо лице, како и неговата социјална интеграција во општеството, притоа прикажувајќи ги различните емотивни фази и состојби низ кои поминуваат овие лица и нивните семејства. Дејствието е сетилно, проследено со многу интензивни емоции, и се движи некаде помеѓу болката и радоста, љубовта и омразата, моќта и немоќта, горкото и слаткото...

  • Играат: Даријан Петров, Мирјана Поповска Ристов, Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски.
  • Костими: Елена Лука
  • Сценографија: Инес Петрова Бошкоска
  • Музика: Гаро Тавитјан
  • Челист изведувач: Дејан Цветковски
  • Режија: Роберт Ристов
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.