33% попуст на билет за претставата Разведи ме/Две нијанси црвена (21.06.2021) во Театар Провокација во вредност од 300 ден. по цена од 200 ден.

Цена

200 ден.

Вредност

300 ден.

Попуст

33%

Заштеда

100 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 26 | Остануваат: 8

  • Дом на Културата Автокоманда, Lazar Pop Trajkov, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    teatarprovokacija@gmail.com

    078 399 456

Добивате

Еден билет за претставата Разведи ме/ Две нијанси црвена, на ден 21.06.2021

Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.06.2021 до 21.06.2021
  • Купонот важи САМО за претставата Разведи ме на ден 21.06.2021  со почеток во 20:00ч.
  • Задолжително е да носите испечатен купон
  • Купоните се заменуваат со карти на билетарата на Театар Провокација на самиот ден на претставата најдоцна до 19:30ч.
  • Доколку не го искористите купонот истиот пропаѓа и средствата не може да бидат рефундирани.
  • Купонот не може да се замени за карта од друга претстава!
  • За време на самите изведби ќе бидат обезбедени потребните услови и протоколи за безбедно следење на претставите во време на пандемија

Опис

РЕЖИЈА: Роберт Ристов

  • Жанр: Романтична комедија
  • Техничко водство: Бобан Цветановски и Никола Димевски.
  • Фотограф: Фросе Левковска.
  • Претставатa е под покровителство на ОПШТИНА ГАЗИ БАБА.
  • Спонзор: Pirocanac & Inpro Makedonija 

Двете претстави се, две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО на претставите со заеднички наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата. Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите пред огледало. Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Дали треба безрезервно да му се верува на партнерот? Дали доколку постои неверство, мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор со кој ќе ги спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали по неверството сме засекогаш „оштетени“ луѓе кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат? Дали вреди да се продолжи бракот заради децата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).

Драматизацијата на двете претстави Роберт Ристов ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од  БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото). Претставата е финансирана од Општина Гази Баба. Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова

За компанијата

Театар Провокација е приватен театар, формиран од театарски уметници, чија главна мисија е продуцирање на театарски претстави.

Она што овој театар го прави поразличен од другите е практиката да ангажира и промовира млади талентирани актери, давајќи им шанса да бидат видени и да се докажат пред јавноста во претставите на Театар Провокација.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.