25% попуст на билет за претставата Ана и Хана (15.01.2019 - вторник) од НУ Турски Театар со македонски титл во вредност од 200 ден. по цена од 150 ден.

Вредност

200 ден.

Попуст

25%

Заштеда

50 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

  • Булевар Свети Климент Охридски бб

    Одведи ме таму

    turskiteatar@t.mk

Добивате

Еден билет за претставата Ана и Хана (15.01.2019) со почеток во 19:00 часот

  • Претставата се игра во објектот на Театар Комедија
  • Претставата се изведува со титл на македонски јазик

Услови

  • Купонот може да се искористи од 15.01.2019 до 15.01.2019
  • Купонот важи за претставата  Ана и Хана (15.01.2019) со почеток во 19ч.
  • Купоните се заменуваат со карти на билетарата на Турски Театар на самиот ден на претставата најдоцна до 18:30 ч.
  • Доколку не го искористите купонот истиот пропаѓа и средствата не може да бидат рефундирани.
  • Купонот не може да се замени за карта од друга претстава!

Опис

АНА И ХАНА

СПОРЕД МОТИВИ НА „ДНЕВНИКОТ НА АНА ФРАНК“

Претставата за младинци

  • Режија и адаптација: Драгана ГУНИН
  • Сценографија: Беди ИБРАХИМ
  • Костимографија: Елена ВАНГЕЛОВСКА
  • Музика: Ади ИМЕРИ
  • Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА

Улогите ги толкуваат:

  • АНА ФРАНК - Емине ХАЛИЛ
  • ХАНА - Жале ОСМАНЛИ
  • ХИРА - Инес РАДОНЧИЌ
  • ПЕТЕР – Хакан ДАЦИ
  • г-ѓа ФРАНК - Фунда ИБРАХИМ
  • г-дин ФРАНК (Пим) - Един ЈАКУПОВИЌ
  • г-ѓа ВАН ДАН - Зиба РАДОНЧИЌ 
  • г-дин ВАН ДАН - Ријад ТАХИР
  • ПОЛИЦАЕЦ - Наџије КЕЧ

НУ Турски Театар Скопје 1950 - 2018

Турскиот театар на својата сцена презентира извонредни театарски остварувања и врвни актерски креации кои ја освоија публиката не само во Република Македонија туку и во останатите културни центри низ светот.

Во текот на својот шеесетиосумгодишен развиток Турскиот Театар поминувајќи низ интензивни периоди успева да создаде специфичен театарски израз, и битно ја одбележа својата театарска традиција, успешно промовирана и етаблирана во македонскиот културен живот. Турскиот Театар  во  2004 година од страна на Владата на Република Македонија е прогласен за Национална Установа Турски Театар-Скопје.

НУ Турски Театар со голем успех ги промовира своите проекти на матичната сцена и во странство, гостувајќи во голем број на земји и учествува на редица еминентни  театарски фестивали, како домашни национални, исто така и меѓународни театарски фестивали: Турција – Адана, Коња, Бурса, Анталија, Истанбул; Италија – Митл Фест, Чивидале, Полвериџи; Буркина Фасо-Африка; ЕУРОКАЗ (Хрватска), Стериино позорје, Јоаким-ИНТЕРФЕСТ (Србија); МЕС (Сараево, Босна); ЕКСПОНТО (Љубљана, Словенија); Медитеранскиот фестивал Марсеј, (Франција); копродукција со Лабораторио Нове (Фиренца, Италија); Synergy (Нови Сад, Србија)

НУ Турски Театар е добитник на највисоките општествени награди: „13 Ноември“ (2003); „11 Октомври“ (2008);орден за заслуги за Македонија  за исклучителните резултати во долгогодишната дејност во областа на драмската уметност (2011).

 

 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.