25% попуст на билет за претставата Среќна Нова Година (28.01.2019, понеделник) во 20.00 ч. од НУ Турски Театар со македонски титл во вредност од 200 ден. по цена од 150 ден.

Вредност

200 ден.

Попуст

25%

Заштеда

50 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Купени: 4

  • Булевар Свети Климент Охридски бб

    Одведи ме таму

    turskiteatar@t.mk

Добивате

Еден билет за претставата Среќна Нова Година (28.01.2018, понеделник) во 20.00ч

  • Претставата се игра во објектот на Театар Комедија
  • Претставата се изведува со титл на македонски јазик

Услови

  • Купонот може да се искористи од 16.01.2019 до 28.02.2019
  • Купонот важи за претставата Среќна Нова Година (28.01.2018, понеделник) со почеток во 20.00ч
  • Купоните се заменуваат со карти на билетарата на Турски Театар на самиот ден на претставата најдоцна до 19:30 ч.
  • Доколку не го искористите купонот истиот пропаѓа и средствата не може да бидат рефундирани.
  • Купонот не може да се замени за карта од друга претстава!

Опис

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс

  • Режисер и драматург: Бојан ТРИФУНОВСКИ
  • Сценографија: Љупчо ЈОВАНОВ
  • Костимографија: мр. Елена ВАНГЕЛОВСКА и Антонија ГУГИНСКА ЈОРДАНОВСКА
  • Музика: Ади ИМЕРИ
  • Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА
  • Асистент на режија: Сибел АБДИУ

Улогите ги толкуваат:

  •     Фунда ИБРАХИМ
  •     Несрин ТАИР
  •     Зубејде АЛИ
  •     Емине ХАЛИЛ
  •     Селпин КЕРИМ
  •     Џенап САМЕТ
  •     Неат АЛИ
  •     Аксел МЕХМЕT
  •     Един ЈАКУПОВИЌ
  •     Берхеда РЕШИТ

Уметник кој истражува ЗОШТО светот САКА да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална  соба има пијано и во неа тој комуницира со своите претци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 за 12, пред нова година, 10 масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и само-соочување. Човек на човека му е волк, лошо маскиран во ефтин зајачки костим. Лабораторија за самоспознание и за обид да се дефинира процесот на елиминација на непродуктивни идеи во творечкиот ангажман. Човек против нечовечноста во себе. Човек со пијано како метафора против смртта.

Бојан ТРИФУНОВСКИ

НУ Турски Театар Скопје 1950 - 2018

Турскиот театар на својата сцена презентира извонредни театарски остварувања и врвни актерски креации кои ја освоија публиката не само во Република Македонија туку и во останатите културни центри низ светот.

Во текот на својот шеесетиосумгодишен развиток Турскиот Театар поминувајќи низ интензивни периоди успева да создаде специфичен театарски израз, и битно ја одбележа својата театарска традиција, успешно промовирана и етаблирана во македонскиот културен живот. Турскиот Театар  во  2004 година од страна на Владата на Република Македонија е прогласен за Национална Установа Турски Театар-Скопје.

НУ Турски Театар со голем успех ги промовира своите проекти на матичната сцена и во странство, гостувајќи во голем број на земји и учествува на редица еминентни  театарски фестивали, како домашни национални, исто така и меѓународни театарски фестивали: Турција – Адана, Коња, Бурса, Анталија, Истанбул; Италија – Митл Фест, Чивидале, Полвериџи; Буркина Фасо-Африка; ЕУРОКАЗ (Хрватска), Стериино позорје, Јоаким-ИНТЕРФЕСТ (Србија); МЕС (Сараево, Босна); ЕКСПОНТО (Љубљана, Словенија); Медитеранскиот фестивал Марсеј, (Франција); копродукција со Лабораторио Нове (Фиренца, Италија); Synergy (Нови Сад, Србија)

НУ Турски Театар е добитник на највисоките општествени награди: „13 Ноември“ (2003); „11 Октомври“ (2008);орден за заслуги за Македонија  за исклучителните резултати во долгогодишната дејност во областа на драмската уметност (2011).

 

 

Купи ја зделкава со Mastercard влези во следно извлекување и собери поени! Влези во игра тука!
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.