47% попуст на Thalasso масажа (60 мин.) во Body to balance во вредност од 1900 ден. по цена од 999 ден.

Цена

999 ден.

Вредност

1900 ден.

Попуст

47%

Заштеда

901 ден.

Преостанато време

Купени: 9

Добивате

Thalasso масажа (времетраење: 60 мин.)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 23.06.2020 до 30.09.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Понудата важи и за мажи и за жени
  • Доколку не го посетите центарот во зажаниот термин, купонот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат

Опис

Таласотерапија е употреба на морската вода и останатите морски продукти во превентивни и терапевтски цели при најразлични здравствени и релаксирачки индикации. Нивната превентивна, терапевтска, рехабилитациска и релаксирачка  употреба е пред се распространета во најразлични бањски, рехабилитациони, спа и велнес центри.

Таласотерапијата потекнува од 19 век, од некои приморски места во Англија и Франција. Како основоположници на оваа терапија се сметаат др. Richard Russel, од Англија и биологот Rene Quinon , од Франција, кој ја усовршил и дополнил современата таласотерапија и истовремено ја докажал сличноста меѓу морската вода и клеточната плазма кај човекот.

Главниот принцип на делување е преку воспоставување на природна хемиска рамнотежа на телото. Кога телото ќе се потопи или намачка со топла морска вода или раствор од морска сол, преку кожата се абсорбираат потребните минерални соли кои ги содржи морската сол. Научниците тврдат дека е особено важно влијанието врз кожата и сврзното ткиво. Таласотерапијата ја стимулира циркулацијата, метаболизмот, излачувањето на токсините, го подобрува снабдувањето со кислород и ја забрзува регенерацијата на клетките. Се препорачува при состојби по повреди и операции на локомоторниот апарат, ревматски проблеми, невролошки проблеми, депресија, напнатост и стрес. Ни помага да ја подигнеме општата отпорност на телото, енергијата, ревитализацијата, предизвикувајќи истовремено релаксација на телото и психичка опуштеност.
Ви нудиме единствена и оригинална релаксирачка масажа со солен раствор, морска сол и облоги, масло со рузмарин или портокал.

Масажата започнува со посебен ритуал на нанесување на масло и солен раствор од морска сол, по целото тело. Употребувајќи најразлични масажни и дренажни техники и акупресура.

Ви овозможуваме:

  • Релаксација, телесно и психичко опуштање
  • Намалување на мускулната напнатост и замор
  • Детоксикација и елиминација на вишокот токсини и течности

Масажата е обогатена со употреба на топли камења.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.