7 ја следат оваа компанија


Timorex Gold - Биофунгицид од растително потекло

320 ден.

Ве молиме одберете една од наведените опции!

Опис

Timorex Gold е природен производ кој се базира на екстракт од растението Melaleuca alternifolia. Неговите состојки создаваат механизам со повеќе делувања против фитопатогените габи и бактерии, нудејќи ефикасна и одржлива контрола. Вклучуваањето на Timorex Gold во контролата на болестите, како дел од конвенционалното производство овозможува намалување на хемискиот остаток на синтетичките фунгициди. Timorex Gold не остава остатоци во почвата, водата и воздухот. Овој биофунгицид е безопасен за корисните инсекти, како пчелите и нуди човечка и еколошка безбедност.

Timorex Gold e биофунгицид кој има докажано превентивно и куративно делување против патогените габи на сиво гниење Botrytis cinerea на винова лоза, во краставица за сузбивање на Sphaerotheca fuligenia, Erysiphe chicoracearum пепелница на краставица, пламеница на краставица Pseudoperonospora cubensis, домат и компир за сузбивање на пламеница Phythophtora infеѕtаnѕ, пепелница на домат Erysiphe polygoni, сиво гниење на домат Botrytis cinerea, во марула за сузбивање на пламеница Bremia lactucae, сиво гниење Botrytis cinerea.

Предности на Timorex Gold

  • Повеќекратен начин на делување
  • Природен фунгицид со заштитно и лековито делување
  • Широк спектар на сузбивање на болести во голем број на растенија
  • Ефикасна алатка за справување со отпорност
  • Може да се користи во текот на целата сезона без да создаде отпорност кај габите.
  • Нема ограничување за повторна употреба
  • Нема каренца
  • Не е отровен
  • Без опасен е за корисните инсекти и пчели
  • Еколошки безбеден
  • Сертификат од Водечки органски здруженија
  • Може да се користи во конвенционално и во органското производство

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "ХЕМПРО"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

ХЕМПРО е локална семеjна компанија, основана уште во 1992 која се занимава со трговија на мало со семе, ѓубрива и пестициди од водечки светски компании од земјоделскиот сектор.
Тимот агроном и хемиски инженер, е посветен на обезбедување на професионална и навремена услуга како и препораки за правилна примена на ѓубрива и пестициди - хербициди, фунгициди, инсектициди.
Ние им нудиме на нашите клиенти експертиза и советодавни услуги од областа на исхраната и заштитата на растенијата што им се потребни за да успеат во земјоделското производство и агробизнисот. Нашите совети денес им помагаат на повеќе од 100 активни клиенти (индивидуални производители и фирми) да ги одржат нивните култури здрави и безбедни преку:
• Подобрен квалитет и зголем принос на земјоделските култури преку избор на најсоодветните сорти, како и планирање на оптималните датуми за берба односно жетва
• Оптимална употреба на хранливи материи преку агрохемиска анализа на почвата  преку соодветна препорака за ѓубрење со тоа што ќе Ви помогнеме да идентификувате каде и колку да аплицирате за максимален раст и принос, а истовремено да го минимизирате трошокот за ѓубрива.
• Подобра контрола на штетниците со тоа што ќе Ви помогне да развиете соодветна стратегија за заштита преку интегрираното управување со штетници (ИПМ) како метод за контролa

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.