Програма за деца: стани мал научник! 20% попуст на месечна членарина за забавна програма за деца: Tinker Tots или Tinker Town за наука и технологија во Tinker Labs во вредност од 2500 ден. по цена од 1990 ден.

Цена

1990 ден.

Вредност

2500 ден.

Попуст

20%

Заштеда

510 ден.

Добивате

Месечна членарина за пoсета на Tinker Tots или Tinker Town програма за деца, преку која децата учат за науката и технологијата на забавен начин, преку посебни техники и методи.

Почеток на програма: 05.09.2022

Програмата на Tinker Tots за деца од 4 до 6 години вклучува:

  • Часовите се одржуваат еднаш неделно 
  • Времетраење на еден час: 70 минути 
  • Месечна членарина за писуство на програмата 
  • 4 едукативни учебници и 1 работна книга и ранец
  • Над 120 испитувања, истражувања и експерименти
  • Наставата е со физичко присуство

Програмата Tinker Town за деца од 7 до 10 години вклучува:

  • Часовите се одржуваат еднаш неделно 
  • Времетраење на еден час: 70 минути 
  • Месечна членарина за писуство на програмата 
  • 4 специјално дизајнирани книги (по 1 за секоја единица од по 10 недели) и ранец
  • Извештаи за напредокот на родителите
  • Над 150 истражувања, експерименти и проекти
  • Наставата е со физичко присуство
*Подетално за програмите може да прочитате во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.09.2022 до 24.11.2022
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација 
  • Месечна членарина за писуство на програмата 
  • Времетраење на програмата: 9 месеци (40 часа)
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

Tinker Tots
Tinker Tots е програма наменета за деца од предшколска возраст од 4 - 6 години. Преку оваа програма ги воведуваме децата во магичниот свет на науката и технологијата, на возбудлив и забавен начин, преку посебни техники и методи. Секоја недела обучените и сертифицирани учители ги воведуваат во нова тема од најразлични области од СТЕАМ спектарот (математика, биологија, астрономија, физика, хемија, инжинерство и технологија), притоа водејќи ги низ процесот на истражување, експериментирање и анализирање. Книгите во оваа програма ги следат приказните на Мари, љубопитно и креативно девојче кое ја користи секоја прилика да го истражи светот во и надвор од нејзиниот дом.

Програмата вклучува:

  • Книгите ја следат приказната за Мари, љубопитна девојка која наоѓа чуда во светот околу неа
  • Дидактички материјали за учење, специјално дизајнирани за секоја единица
  • Проекти што учениците ги создаваат на час и можат да ги однесат дома за да го продолжат процесот на учење
  • Активности и експерименти со кои се развиваат интелектуалните вештини на учениците
  • Над 120 испитувања, истражувања и експерименти

Tinker Town
Tinker Town е воведна програма за школски деца на возраст од 7 - 10 години. Идејата на оваа програма е да ги поставиме темелите за разбирање на главните концепти и теми од СТЕАМ едукацијата. Во оваа програма особено сме фокусирани на развој на интелектуалните вештини на децата, да развијат љубов кон учењето, да научат како да учат, како да истражуваат, размислуваат, анализираат, планираат и донесуваат правилни одлуки. За таа цел, за да ги водиме децата искуствено низ темите и концептите кои треба да ги усвојат, создадовме цел алтернативен свет, низ кој ученикот патува преку експериментирање и истражување. Tinker Town ја проширува приказната за Мари и нејзиното нуклеарно семејство. Оваа програма ги следи авантурите на нејзината сестра Леонарда и пријателот Николас кои ги прошируваат своите хоризонти и запознаваат луѓе и занимања потребни за еден мал град успешно да функционира

Програмата вклучува:
  • Работни тетратки кои ја следат приказната за Леонарда и Никола, најдобри пријатели кои го истражуваат градот во кој живеат и откриваат кои занимања бараат СТЕАМ едукација
  • Работните тетратки ја започнуваат секоја нова лекција во форма на инфографик за темата што се истражува и резиме на клучните концепти
  • Работните тетратки содржат и пиктографски задачи - кои имаат за цел да го задржат „еурека моментот“од наставата 
  • Дидактички реквизити за учење, специјално дизајнирани за секоја наставна единица
  • Истражувачки проекти што учениците ги создаваат на час и можат да ги однесат дома за да го продолжат процесот на учење

За компанијата

Tinker Labs е иновативен едукативен концепт за STEAM едукација, кој вклучува истражувања, експерименти и работа на реални проекти во сите областите од науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката, како и развој на функционално знаење и интелектуални вештини потребни за идниот успех на секое дете.

Соочени со ситуацијата на образовниот систем кој сè уште не ги задоволува потребите на модерната настава, дизајниравме програми што ги воведуваат учениците во светот на науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката. Создадовме модерен и функционален едукативен систем кој им овозможува на децата да стекнат функционално знаење и интелектуални вештини, кои ќе им користат во сите сфери од животот.

Детската природна љубопитност сеуште не е стимулирана и негувана во традициналниот образовен систем а индивидуалниот пристап и работата во мали групи му овозможува на секое дете да го открие и развие својот потенцијал, како и да се интересира за професиите на иднината
Зошто да го одберете Tinker Labs

  • СТЕАМ
    Интердисциплинарен пристап на учење, преку работа на реални проекти од областа на науката, технологијата, инжинерството, ументноста и математиката
  • ИНОВАТИВНОСТ
    Специјално дизајнирани уникатни педагошки проекти, учебници и дидактички материјали, создадени да го инспирираат ЕУРЕКА! моментот кај децата
  • УЧЕБНИЦИ
    Секоја програма содржи по четири учебници кои содржат многу енциклопедиско знаење и забавни активности
  • СЕРТИФИЦИРАНИ УЧИТЕЛИ
    Високо едуцирани и специјално обучени учители за работа со Tinker Labs едукативниот концепт
  • МАТЕРИЈАЛИ
    Модерни и интерактивни учебници, кои го прават учењето возбудливо искуство
  • МОДЕРНИ УЧИЛНИЦИ
    Модуларни простории кои го поттикнуваат креативното размислување и тимската работа
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.