Неверојатна понуда за егзотичниот Тајланд (13.11 - 22.11.2019)! 11% попуст на 7 ноќевања со појадок во хотел 4* во Патонг, Пукет + авионски превоз и организиран трансфер од ТА Травити во вредност од 55 738 ден. (899 €) по цена од 49 538 ден. (799 €)

Вредност

55738 ден.

Попуст

11%

Заштеда

6200 ден.

Преостанато време

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

| Остануваат: 2

  • Ул. орце Николов бр. 105, Скопје

    Одведи ме таму

    077 862 135; 078 257 892

    ta_traviti@yahoo.com

Добивате

Понудата е по лице и вклучува аранжман за Пукет, Тајланд (13.11 - 22.11.2019)

  • Авио билет на релација Скопје - Катар - Пукет  - Катар - Скопје
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж до 7кг
  • Чекиран багаж до 30кг
  • 7 ноќевања со вклучен појадок во хотел со 4* во Патонг на Пукет
  • Повратен трансфер на релација аеродром - хотел - аеродром
  • Придружник од агенцијата
Купи зделка од Дестинација Македонија со Mastercard и добиј бонус! Бонусот ќе ти биде автоматски префрлен во твојата Grouper торбичка. Дознај повеќе тука!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 13.11.2019 до 22.11.2019
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите ваучерот задолжително информирајте се во агенцијата за слободни места
  • По купувањето на купонот задолжително посетете ја агенцијата за да направите резервација и да потпишете договор за патувањето
  • Во цената не е вклучено:
  • Групна виза за Тајланд – 65 евра по лице (потребни документи за виза: Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци); 1 слика пасошки формат)
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција)
  • Факулатитивни екскурзии
  • Острови Кох-Пи Фи - 65€ по лице
  • Џејмс Бонд - 65€ по лице
  • Разглед на Пукет - 40€ по лице
  • Кралство Тигар, Голем Буда, Ват Чалонг - 50€ по лице
  • Пукет - САФАРИ - 50€ по лице
  • Ноќно Шоу - Пукет Фантасиа - 120 € по лице
  • За ова патување е потребна патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

Опис на програмата:

1 ден (13.11.2019 СКОПЈЕ – ПУКЕТ) Полетување од Скопје кон Доха во 11:55. Пристигнување во Доха во 18:35 локално време. Полетување кон Пукет во 20:30 локално време.

2 ден (14.11.2019 ПУКЕТ) Пристигнување во Пукет наутро, во 07:05 часот локално време. Пречек во Пукет од страна на локалните партнери и трансфер до хотел. Сместување во хотел со 4*. Слободно време за индивидуални активности и уживање на најпознатата плажа на Пукет – Patong beach. Насладете се со бескрајните песочни бели плажи, многубројните угостителски објекти каде преку традиционалната храна ќе го почуствувате духот на Тајланд, продавници во кои локалните жители ќе Ве пречекаат со топла насмевка и незаборавни забави во текот на ноќта. Едноставно, препуштете се во ритамот на еден од најубавите острови на Андаманското море. Ноќевање

3 ден (15.11.2019 ПУКЕТ) Појадок.Факултативен излет до Phi Phi Islands со вклучен ручек .Возење со брз брод Ноќевање.

4 ден (16.11.2019 ПУКЕТ) Појадок. Факултативен разглед на Кралство Тигар, Голем Буда, Ват Чалонг.Ноќевање

5 ден (17.11.2019) Појадок. Факултатитвен излет до островот Џејмс Бонд Ноќевање.

6 ден (18.11.2019) Појадок. Факултативен разглед во градот Пукет која ве води до најпознатите плажи и во срцето на секојдневниот живот. Ноќевање

7 ден (19.11.2019) Појадок. Факултатитвен разглед Сафари тура за сите љубитељи на на природата на островот Пукет. Ноќевање

8 ден (20.11.2019) Појадок. Факултативен излет на шоуто Фантазија (Тематски парк со ноќен живот кој се наоѓа на плажата Камала, на само 4 км од Патонг. Паркот е дом на многу атракции и авантури во античката култура и митологија на Тајланд). со вклучена вечера.Ноќевање.

9 ден (21.11.2019) Појадок.Одјавување од хотел и трансфер до аеродромот во Пукет.Полетување кон Доха во 17:20 часот.Пристигнување во Доха во 20:35 часот. Полетување од Доха во 07:30 часот.

10ден (22.11.2019) Слетување во Скопје во 10:55 часот.

Опис на факултативни екскурзии:

Острови Кох-Пи Фи 

Поаѓање наутро. Трансфер до пристаниште од каде што се поаѓа кон островите,краток вовед за тоа како ќе се одвива турата. Пристигнување во архипелагот Пи Пи, каде што беше снимен филмот „Плажа“, во заливот на Маја беј, скапоцен камен и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Лагуната. Доаѓаме на Бамбус островот и уживаме во пливање и тиркизно море. Одејќи покрај Викиншката пештера и слушајќи приказни за античките пирати, пристигнуваме на плажата на Мајмуните, каде можеме да храниме мајмуни. Слободно време за нуркање во чистата вода со риби со необични бои. Пауза за ручек во Пи Пи Дон (Фи-Дон) и попладне враќање во сместување.

  • Во цената е вклучено: трансфер до пристаништето, возење со чамец, безалкохолни пијалоци и свежо овошје, ручек без пијалоци, опрема за нуркање. локален водич на англиски јазик Остров

Џејмс Бонд 

Поаѓање во утринските часови,трансфер до местото на поаѓање на патувањето. Првиот стоп би бил во Пештерата на Мајмуните („Пештера на мајмуните“ или тајландски „Ват Суван Куха“). Овој храм, кој се наоѓа во внатрешноста на пештерата, има голема историска, теолошка и археолошка вредност. Имаме можност да видиме многу прикази на Буда и да ги нахраниме мајмуните кои се слободни да трчаат внатре и околу пештерата. Возење со бродот до островот на Џемс Бонд. Овој мал остров, стана популарен во 1974 година кога филмот „Човекот со златниот пиштол“ беше снимен со Роџер Мур во главната улога. По обиколката на островот пауза за ручек во традиционалното муслиманско пловечко село на островот Кох Панје. По ручекот можност за прошетка по малите патеки и тесните улици на ова прекрасно село со патот до џамијата. Слободно време за купување сувенири. Враќање во сместувањето попладне.

  • Во цената е вклучено: повратен трансфер од хотелот до пристаништето и обратно, возење со брод, ручек без пијалок, локален водич на англиски јазик

Разглед на Пукет 

Разглед на градот Пукет половина ден тура од 09-15ч. која ве води до најпознатите плажи, и во срцето на секојдневниот живот. Посетете ја статуетката Биг Буда, блескавиот Ват Чалонг, погледнете ја кинеско-португалската архитектура во Пукет Таун, раглед на еден од локалните пазари и добијте спектакуларен поглед на островот. Водич на англиски и пратител на македонски јазик, вклучен е и превоз од и до Вашиот хотел во Пукет. Што е вклучено во разгледот: запирање на станици со прекрасни погледи на Пукет и многу фотографирање, посета на 5 плажи во еден ден: Патонг, Ката, Ката Нои, Карон, Наи Харн, Раваи. Дознајте повеќе за тајландската култура и традиција, прошетка по шармантните историски улици на градот Пукет.

Кралство Тигар, Голем Буда, Ват Чалонг

Поаѓање на екскурзијата претпладне или попладне. Има два термини. Го започнуваме денот со адреналин - со одење во кралството на Тигарите! Радувајте се, соберете храброст, излезете од вашата зона на удобност – влезете во кафез со тигар или лав. Дозволете им на овие кралски животни да ве пленат со својот изглед и шарм. Имате можност да фотографирате и да се дружите со бебешкиот тигар, но и со најголемиот тигар, чија должина може да биде над 2,5 метри.Турата нуди можност за посета на фабрика за апетисани- односно индиски ореви и презентација како тие се прават рачно.Посета на одгледувачница на пчели и можност за купување на нивниот познат мед како и производи направени од мед разна козметика. После адреналинот, се упатуваме кон статуата на Големиот Буда. Статуата е висока 45 метри, изработена од армиран бетон и покриена со бел мермер што сјае за да може да се види од скоро секој дел на Пукет. Сместено е на врвот на Накерд Хил и е најсветото место во Пукет. Создаден е во чест на починатиот крал Рама IX. Покрај тоа е статуа на Малиот Буда, со златна боја и создадена во чест на кралицата Сирикит, сопруга на кралот Рама IX. После Големиот Буда, дел од денот го поминуваме играјќи со слоновите. Ние ќе ги нахраниме со банани и шеќерна трска и ќе уживаме во радосна игра со слонови бебиња. Постои опција да јавате слонови. Индо-кинескиот слон е еден од 3 типа слонови што постојат денес во светот. Многу е вообичаено да се сретнете со нив во Тајланд, а слоновите се сметаат дека се едни од најинтелигентните видови животни, имаат многу добра меморија и можат да прикажат различни емоции (среќа, тага, радост, игра ...). Потоа го обиколуваме храмот Ват Чалонг. Ова е најубавиот храм на целиот остров. Во него се сместени остатоците од коските на Буда, а зидовите на пагодата се украсени со детали од животот на Буда. Храмот е домаќин на најразлични фестивали.Враќање во хотел.

  • Во цената е вклучено: организиран превоз според планираното рутирање и возење слонови, локален водич
  • Цената на екскурзијата НЕ вклучува: Влезница во Храмот на тигрите (индивидуален избор на една или повеќе тигри за фотографирање)

Пукет - САФАРИ

Половина ден Сафари тура (од 09:30 или 14:00 часот) Топло добредојде на сите љубители на природата на островот Пукет со неверојатни животни на убави природни места. Уживајте авантуристички активности комбинирани со учењето на тајландскиот рурален животен стил и уживање во шармот на слатките животни кои ќе предизвикаат насмевка на вашите лица. Нашите целосно обучени и искусни водичи ќе ве однесат вас преку густата тропска шума заедно по патеките од југозападниот агол на прекрасниот остров Пукет. Програмата вклучува капење со слон , јавање на слоновите 30 мин , шоу со слон , шоу со мајмуни, кајакарење, земјоделието со Тајландскиот ориз, картинг, бафало фотографирање ,скокови со гума Тајландско готвење, Тајландски бокс, ручек или вечера.

  • Во цената е вклучено: повратен трансфер од хотелот и обратно, се што е напоменато во разгледот за посета, ручек или вечера без пијалок, локален водич

Ноќно Шоу - Пукет Фантасиа

Пукет Фантасиа е тематски парк со богат ноќен живот кој се наоѓа на плажата Камала, на само 4 км од Патонг. Паркот е дом на многу атракции и авантури од античката култура и митологија на Тајланд. Шармантните и убави класични танци од различни региони на Тајланд играат значајна улога во разновидните претстави. За оние кои ќе се одлучат за пакетот Show & Dinner, ќе уживаат во вкусната вечера во ресторанот Fantasia пред шоуто. Ова е едно од најголемите азиски ресторани и е искуство кое нуди тајландска и интернационална кујна. Animal sвездите - животните, не се само членови на актерската екипа FantaSea, туку и членови на семејството FantaSea. Секој изведувач -животно е уникатна личност и се третира со најголема почит и грижа.

  • Во цената е вклучено: повратен трансфер од хотелот и обратно, се што е напоменато во разгледот за посета, вечера без пијалок, локален водич на англиски јазик

*Цените за екскурзиите се информативни и може да подлежат на промени

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.