До 53% попуст на кислороден третман на лице, пакет од 3 ултразвучни пилинзи или Lifting на лице по избор во козметичко фризерско студио Тропик Белеца

Цена од

590 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

900 ден.

Попуст

34%

Заштеда

310 ден.

Купени: 21

  • Бул. Партизанска бр.66а-2/м2

    Одведи ме таму

    078 831 518

Добивате

Опции на понудата:

Кислороден третман на лице 900 ден. 590 ден.
Lifting на лице 1,000 ден. 590 ден.
Пакет од 3 ултразвучни пилинзи 2,100 ден. 990 ден.

*Подетално за третманите прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 22.12.2022 до 07.05.2023
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Понудата е наменета само за жени
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

Кислороден третман на лице

Кислородниот третман се изведува така што кислородниот млаз под притисок ги вбризгува активните состојки во површинскиот и средниот слој на кожата. При тоа се употребуваат софистицирани серуми како хијалуронски, колагенски, антиоксидантен и пептиден серум.
Серумите може да се користат  и како коктел, така што под притисок продираат како кислородна инфузија во епидермалниот и дермалниот слој на кожата.
Со ова се постигнува сигурно намалување на борите и тенките линии.
Овој специјализиран козметички третман е направен за да се зголеми количината на кислород во кожата, да се намалат борите и кожата да го врати младешкиот изглед.
За предностите на кислородноит третман кажуваат и Холивудските ѕвезди кои се лојални поддржувачи на овој третман, и затоа со причина третманот се нарекува Холивудски сјај.

  • Ја хидрира и тонира кожата и дава сјај и свежина
  • Го подобрува приозводството на колаген, со што се враќа волуменот, цврстината  еластичноста на кожата
  • Помага за детоксикација на кожата
  • Го забрзува производството на нови клетки со што се забрзува зараснувањето на лузни, акни и дамки
  • Нема нуспојави и пецкање или црвенило
  • Погоден е за сите типови на кожа

Пакет од 3 ултразвучни пилинзи

Со ултразвучен пилинг (ултразвучна шпатула) се одстрануваат површинските и длабинските нечистотии, како и мртвите клетки на кожата кои влијаат на отварање на порите. Кожата после третманот длабински е очистена и спремна да ги впие сите хранливи состојки за нега на кожата.
Погоден е и за тенка и осетлива кожа. Пилингот постигнува произведување на колаген и еластин, ја зголемува хидратацијата на кожата и ја подобрува нејзината циркулација, ја подобрува структурата на кожата.
Прави длабинско чистење, ги одстранува мртвите клетки и комедоните.
Резултатите се видливи после првиот третман, а третманот е пријатен и безболен.
Се користи во класичен козметички третман за чистење на кожата, како и во многу други третмани за подмладување и одржување на млада и здрава кожа.

Lifting на лице

RF Face Lifting е безболен, неагресивен и ефикасен метод за затегнување на кожата на лицето, со мало чувство на топлина.
Радио фреквентните бранови ја активираат регенерацијата на стариот и поттикнуваат поголемо продуцирање на новиот колаген, што дава позитивен ефект на структурата на кожата.

RF третманот за лице:

  • Ги намалува назолабијалните бори
  • Ги намалува борите на челото
  • Ги намалува ситните бори околу очите
  • Ги намалува порите и го намалува мастењето на лицето
  • Ја затегнува кожата на лицето, вратот и подбрадокот
  • Превенира процес на стареење на кожата

После само неколку третмани спуштените веѓи се подигнуваат, се дренира вишокот на течности и се смалуваат подочниците. Кожата е здрава, цврста и затегната и добива на тонус.

За компанијата

Козметичко Студио Тропик Белеца постои 28 години, лоцирано во трговскиот центар Лептокарија (Карпош 3).
Пријатно опремен современ салон за подмладување, разубавување и релаксирање на вашето лице и тело.

Тропик Белеца ви нуди најширока палета на професионални третмани, како и совети и одговори на сите ваши прашања, во светот на козметиката и фризерските услуги. Со своето долгогодишно постоење сме во чекор со светските брендови и иновации од оваа област.

Љубезниот и професионален тим ви стои секогаш на располагање, кој постојано се усовршува со посета на семинари и едукации од светот на убавината.
Бидете дел од нашиот тим. Ви нудиме креативност, квалитет и најдобри услуги какви што вие заслужувате. Направете нешто за себе и својата убавина. Обратете ни се нам со доверба, и уверете се во нашиот квалитет.

Поттикнати од идејата на едно место да го споиме долгогодишното искуство, професионалноста и квалитетот кој може да се пренесе и на наредните генерации, тимот на Студио Тропик Белеца дава обуки на млади таленти.

Обуки за:

  • Масажа
  • Надградба на нокти ( маникир и педикир)
  • Шминка
  • Депилација

Обучувањето на младите таленти се изведува според програма верифицирана од Министерство за образование и наука (МОН). Сертификатите се верифицирани во република Македонија, како и во европските земји. Обучувачите се професионалци во својата област, со долгогодишно работно искуство и постојано учество на семинари и едукации од оваа област, пратејќи ги новите трендови и иновации. Учесниците во обуките првенствено се стекнуваат со теоретско знаење (предавање за основите во анатомијата, техники и редоследи на работа, како и професионален однос со клиентите и соработниците). Додека практичното работење опфаќа поголем дел од обуките, и се изведува на модели кои ги обезбедува едукативниот центар или пак учесникот во програмата. По завршувањето на обуката, учесниците се оспособуваат за самостојно да ја работат својата избрана професија. Некои од претходните ученици, веќе работат самостојно сами за себе, водејќи свој бизнис, а некои од нив работат надвор од рамките на државата во европските земји.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.