3 ја следат оваа компанија


- 36%

TummyTox Beauty Collagen Drink

1399 ден.

899 ден.

Опис

Напиток со хидролизиран морски колаген за јаки нокти, густа коса и сјајна кожа

Блескајте светло како дијамант!


ЗРАЧЕТЕ СО ЗДРАВЈЕ

Отклучете го вистинскиот потенцијал на вашата убавина со морски колаген тип 1 и негувајте ја кожата, косата и ноктите.

  • Значително ја подобрува еластичноста на вашата кожа и го спречува формирањето на брчки
  • Го стимулира производството на колаген и го забавува стареењето
  • Ја зајакнува структурата на косата и ја прави сјајна
  • Ви помага да постигнете јаки и здрави нокти
  • Ја истакнува вашата природна убавина
  • Неодолив вкус на боровинка

КАКО ДЕЛУВА?

Дали знаевте дека започнувате да стареете на денот кога ќе престанете да растете?

Штом наполните 20 години, производството на колаген во вашето тело почнува да се намалува за 1% секоја година. Кожата почнува да губи дел од својата еластичност, што, пак, создава брчки. Квалитетот на вашата коса и нокти почнува да се влошува.

Beauty Drink содржи морски колаген тип 1 кој има позитивни ефекти врз структурата на кожата, косата и ноктите. Помага во одржување на тврди и меки ткива.

Антиоксидансите спречуваат врзување на слободните радикали во колагенската мрежа на вашата кожа и со тоа ги неутрализираат нивните штетни ефекти, одржувајќи ја кожата, косата и ноктите здрави.

Колагенот е суштински елемент за здравјето на кожата; тој е најзастапен протеин во нашите тела. Кога правилно се синтетизира, ја одржува нашата кожа, коса и нокти силни, цврсти и еластични.

Beauty Drink содржи патентирана природна активна состојка Naticol® со морски колаген тип 1 – клучно за градење на колагенската мрежа. Неговиот антиоксиданс комбо од екстракт од боровинка и витамин Ц се грижат за правилно синтетизирање на колагенот.

Напитокот има прекрасен вкус на боровинка и може да биде одличен додаток на вашето смути. Исто така можете едноставно да го растворите во чаша вода.


Начин на употреба: Препорачана деневна доза е 1 кесичка. Растворете го со силно мешање во 250 мл вода. Темелно промешајте за да ги растворите сите грутки. Пијте го после оброк.

Предупредувања: Ако сте преосетливи или алергични на која било од состојките на производот или користите лекови, консултирајте се со вашиот лекар пред употреба. Овој производ не се препорачува за бремени жени или доилки.

Важно известување: Препорачаната дневна доза не треба да се надминува. додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Важна е разновидна и урамнотежена диета и здрав начин на живот.

Складирање: Производот да се чува надвор од дофат на деца! Да се чува на темно и суво место на температура под 25° C.

Состојки: Пептиди на колаген риба од типот I, носач: гума акација, прав од пире од овошје од боровинки, природен вкус на боровинки, натриум хијалуронат, регулатор на киселост: цитрусна киселина, Л-аскорбинска киселина, средство против стврднување: растителни влакна од ориз, засладувач: сукралоза.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 1200 денари
  • Доплата од 130 денари за нарачки под таа сума
  • Време потребно за достава: 2-4  работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 071 218 959
  • Види ја продавницата на "Tummy Tox" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

За компанијата

Нашата мисија е да ви ја обезбедиме целата поддршка што ви е потребна за да ги постигнете посакуваните резултати, но и да стекнете поголема самодоверба и повеќе енергија. Нашиот пристап е безбеден и нежен, со цел да направиме да се чувствувате добро во вашата кожа. Нашите производи содржат најквалитетни природни состојки поддржани од науката, создадени да го негуваат вашето тело и дух. Навистина се надеваме дека ви се допаѓаат.

 

Производите на TummyTox за детоксификација и губење на вишок килограми беа внимателно дизајнирани за да ви помогнат да ги постигнете вашите цели на 100% природен начин. Ги препорачуваме на секој што сака да ги победи своите нездрави навики, да открие нови извори на енергија, да го исчисти своето тело од токсини, да се чувствува подмладен и да го подобри имунитетот.

Ние веруваме во лековитите својства на природните состојки и знаеме дека благосостојбата се стекнува кога нашето тело и ум се во хармонија. Ова е причината зошто развивме производи кои ја применуваат оваа идеја на предизвиците на современиот живот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.