Авантуристичко искуство! 47% попуст на адреналинска планинска тура на јавање коњи по течението на Беличка река до сливот на река Радика и манастир Св. Петка од Комплекс Кораб Трница во вредност од 1800 ден. по цена од 950 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Авантуристичко искуство! 47% попуст на адреналинска планинска тура на јавање коњи по течението на Беличка река до сливот на река Радика и манастир Св. Петка од Комплекс Кораб Трница во вредност од 1800 ден. по цена од 950 ден.

Цена

950 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,800 ден.

Попуст

47%

Заштеда

850 ден.

Купени : 112

  • с.Трница бр.1

  • 076 361 953

  • korabtrnica@gmail.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

  • Јавање по течение на Беличка река, до сливот на река Радика каде се сретнуваат планините Шара, Бистра и Кораб 
  • Се продолжува по подножјето на двете планини Шара и Кораб долж течението на река Радика
  • Крајна точка е стариот манастир Св. Петка кадешто се прави и пауза

Услови

  • Купонот може да се искористи од 24.09.2018 до 15.12.2018
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни места преку телефон 
  • За да направите резервација потребно е да контактирате на тел. 076 361 953 или меил dabevska.angela@hotmail.com​
  • Термините за јавање може да се закажат од понеделник до петок од 08:00 до 15:00 часот, а во сабота и недела од 08:00 до 18:00 часот
  • Превозот до рутата на јавање не е вклучен во понудата
  • Акцијата за Mastercard бонус важи до 19.11.2018 год.

Опис

Турата започнува од Комплекс Кораб Трница со краток превоз долж Беличка река, организиран од комплексот до местото наречено Састав. Тоа е местото кадешто се сретнуваат трите планини, Бистра, Кораб и Шара и кадешто беличка река се влева во реката Радика. Рутата продолжува по подножјето на двете планини Шара и Кораб долж течението на река Радика.  Поминуваме покрај селото Ничпур и многуте ливади. Патеката е опкружена со борови и чамови шуми. Крајна точка е стариот манастир Св. Петка кадешто се прави и пауза. Постои мит дека во тој манастир во минатото доаѓале луѓе од сите краишта бидејќи манастирот имал надприродна моќ да ги излечи сите. 

Кораб Трница се наоѓа во срцето на националниот парк Маврово, нудејќи пејзаж  кој го одзема здивот, далеку од  секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Уникатен и единствен, комплексот нуди разновидни содржини. Во вашиот престој ќе имате можност да се приклучите на некоја од  незаборавните тури за јавање коњи, да ја вкусите вкусната традиционална храна од ресторанот Трница, пловење со чамци на Мавровското езеро,  рафтинг на Радика и организирани излети. Бесплатно добивате: организирано планинарење и берење плодови со локален водич, велосипедска тура и риболов со опрема од хотелот.

Кораб Трница е компанија со традиција од 1945  година, оваа година комплексот е комплетно реновиран во ново руво достапно за сите, а се состои од хотел, ресторан, продавница, автокамп, фарма и млекара.

ВИП собите во овој хотел се пространи, нови , удобни и совршено уредени. Се состојат од спална соба, соба за дневен престој во која можат да се сместат уште две лица, тоалет  и тераса од која гостите ќе  уживаат во хоризонтите на природата.

Располага со: WiFi, телефон, телевизија, фен, бесплатен паркинг, сала за состаноци, прослави, базен, лоби бар, продавница.

Во близина се наоѓаат  прочуениот манастир “Св. Јован Бигорски”, Рајчичкиот манстир, преубавото течение на реката Радика, и планините Кораб, Бистра и Шара. Доколку гостите се одлучат за тура со коњи ќе имаат можност да го видат спојувањето на овие три планини и со ланч пакети да ручаат во природа.

Grouper водич:

Според една легенда, во минатото тука се одиграла страшна битка, во која многу војници загинале, поради што местото го добило името „ Мавро “ односно „ Црно “ (поле).
Една од поголемите атракции во селото е старата црква „Св. Никола Летен“, која е изградена од рекански мајстори во 1850 година. Црквата е потопена под Мавровското Езеро во 1953 година, но секое лето поради варијабилниот водостој на езерото, црквата е на суво. Во средината на 90-те години на 20 век во Маврово започнува градењето на нова црква "Св. Никола", слична на потопената, која е завршена во 2006 година.
Знаменитости:

  • Црква "Св. Никола Летен"
  • Црква "Св. Никола"
  • Црква "Успение на Пресвета Богородица"
  • Црква "Св. Јован Крстител"
  • Шаркоски Рид
  • Св. Никола - некропола од доцен среден век
  • Шаркова Дупка
  • Голема Пештера
  • Пештер
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ