Тим Билдинг кампања: #ЗајакниГоТимот со Комплекс Кораб Трница [авантуристички дух, адреналин и социјализација]! 40% попуст на адреналинска планинска тура на јавање коњи за рута по избор во вредност од 1000 ден. по цена од 600 ден.

Добивате
-
Тимска активност>Планинска тура на јавање коњи за рута по избор:
Вкучено:
- Рута 1 (Јавање во Трница до село Волковија) или
- Рута 2 (Јавање по течение на Беличка река, до сливот на река Радика каде се сретнуваат планините Шара, Бистра и Кораб. Се продолжува до село Ничпур по течението на река Радика)
-
*Со избор на било која рута добивате можност за користење на 3 велосипеди и 3 опреми за риболов
Стимулира: авантуристички дух, адреналин и социјализација
Услови
- Купонот може да се искористи од 30.08.2018 до 15.10.2018
- Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни места преку телефон
- За да направите резервација потребно е да контактирате на тел. 076 361 953 или меил [email protected]
- Термините за јавање може да се закажат од понеделник до петок од 08:00 до 15:00 часот, а во сабота и недела од 08:00 до 18:00 часот
- Превозот до било која рута на јавање не е вклучен во понудата
- Со избор на било која рута добивате можност за користење на 3 велосипеди и 3 опреми за риболов
Потребна ви е фактура? Нема проблем. Има 2 начини.
- Купете ги купоните со картичката од вашата фирма и пишете ни на [email protected]
- Сакате да платите преку e-banking? Побарајте про-фактура на [email protected]
- Во маилот навете ги следните податоци: име и адреса на вашата команија, корисничко име на Grouper профилот, линк од зделката и број на купони.
Опис
Оваа зделка е дел од кампањата #ЗајакниГоТимот.
Прочитај повеќе за кампањата во блог постот.
---------------------------------------------------------------------
Како придонесува за тимот?
Подарете едно поинакво и незаборавно искуство во природа! За сите љубители во природата, убавите пајсажи и оние кои го негуваат аватуристичкиот дух, време е на вашата листа на незаборавни искуства и авантури да ја додадете и оваа. Соберете го тимот и поминете незаборавни часови во јавање на коњи низ ѓивописната природа на планината Кораб. За да биде уште понезаборавно, искуството е збогатено со опрема за риболов и велосипеди за велосипедска тура низ прекрасното подножје на планината. Едно е сигурно: секој член на тимот ќе се врати на работа со уште поголема љубов кон природата, збогатен дух и желба за се повеќе адреналински искуства и моменти. А тимската среќа, сплотеност и градење на заеднички дух на дружење и зблужување со колегите се неизбежи и ќе траат долго...или барем до следниот тим билдинг :)
Кораб Трница
Кораб Трница се наоѓа во срцето на националниот парк Маврово, нудејќи пејзаж кој го одзема здивот, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Уникатен и единствен, комплексот нуди разновидни содржини. Во вашиот престој ќе имате можност да се приклучите на некоја од незаборавните тури за јавање коњи, да ја вкусите вкусната традиционална храна од ресторанот Трница, пловење со чамци на Мавровското езеро, рафтинг на Радика и организирани излети. Бесплатно добивате: организирано планинарење и берење плодови со локален водич, велосипедска тура и риболов со опрема од хотелот.
Кораб Трница е компанија со традиција од 1945 година, оваа година комплексот е комплетно реновиран во ново руво достапно за сите, а се состои од хотел, ресторан, продавница, автокамп, фарма и млекара.
ВИП собите во овој хотел се пространи, нови , удобни и совршено уредени. Се состојат од спална соба, соба за дневен престој во која можат да се сместат уште две лица, тоалет и тераса од која гостите ќе уживаат во хоризонтите на природата.
Располага со: WiFi, телефон, телевизија, фен ,бесплатен паркинг, сала за состаноци, прослави, базен, лоби бар, продавница.
Во близина се наоѓаат прочуениот манастир “Св. Јован Бигорски”, Рајчичкиот манстир, преубавото течение на реката Радика, и планините Кораб, Бистра и Шара. Доколку гостите се одлучат за тура со коњи ќе имаат можност да го видат спојувањето на овие три планини и со ланч пакети да ручаат во природа.
Според една легенда, во минатото тука се одиграла страшна битка, во која многу војници загинале, поради што местото го добило името „ Мавро “ односно „ Црно “ (поле).
Една од поголемите атракции во селото е старата црква „Св. Никола Летен“, која е изградена од рекански мајстори во 1850 година. Црквата е потопена под Мавровското Езеро во 1953 година, но секое лето поради варијабилниот водостој на езерото, црквата е на суво. Во средината на 90-те години на 20 век во Маврово започнува градењето на нова црква "Св. Никола", слична на потопената, која е завршена во 2006 година.
Знаменитости:
- Црква "Св. Никола Летен"
- Црква "Св. Никола"
- Црква "Успение на Пресвета Богородица"
- Црква "Св. Јован Крстител"
- Шаркоски Рид
- Св. Никола - некропола од доцен среден век
- Шаркова Дупка
- Голема Пештера
- Пештер
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата