Дестинација Македонија! 34% попуст на eдукативна тура низ отоманското наследство на Скопје на 14.10.2018 од ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција за културата во вредност од 750 ден. по цена од 495 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Дестинација Македонија! 34% попуст на eдукативна тура низ отоманското наследство на Скопје на 14.10.2018 од ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција за културата во вредност од 750 ден. по цена од 495 ден.

img

Цена

495 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

750 ден.

Попуст

34%

Заштеда

255 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Купени : 45 | Остануваат : 5

Добивате

Едукативна тура низ отоманското наследство на Скопје

  • Датум: 14.10.2018 (недела)
  • Зборно место: Пред влезот на Стара скопска чаршија (од страната на Бит пазар)
  • Време на поаѓање: 10:00 ч.
  • Времетраење: 3 часа
  • Јазик: македонски
  • Секој посетител добива обемен водич за културното наследство на Република Македонија
  • Водич: Василка Димитровска, магистер по археологија и професионален туристички водич
  • Организатор: ХАЕМУС - центар за научно истражување и промоција на културата

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена од 470 ден.

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка


Услови

  • Купонот може да се искористи од 14.10.2018 до 14.10.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот, потребно е да се информирате во компанијата за слободни места 
  • По купување на купонот, задолжително контактирајте ја компанијата за потврда на место во групата и испратете го купонот на емаил
  • Во цената нема дополнителни трошоци за влезници
  • Оваа тура не важи за лиценцирани туристички водичи и придружници на Република Македонија
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.

Опис

Културно-историските споменици од отоманскиот период се сите оние архитектонски објекти кои се изградиле од моментот на доаѓањето на Турците во Македонија, во јануари 1392 година, па сѐ до Балканските војни и о(п)станале до ден денска во автентична или реконструирана форма. Архитектонското наследство на Отоманската империја оставило импресивни споменици во Скопје, главно видливи во стариот дел на градот. Поради присуството на исламски градби, историскиот дел познат како Старата скопска чаршија добива ориентална форма уште во доцниот среден век.

Градењето на османлиски објекти својот подем го достигнало во текот на 15 и 16 век кога се изградени голем број џамии, амами, безистени, анови, сараи и други објекти кои пленат со својата убавина и архитектонска форма. За бројноста говори податокот што го наведува познатиот турски патеписец Евлија Челеби дека во 17 век во Скопје имало 120 михраби и 45 џамии. Иако овие згради страдале од земјотресот во 1555 година, големиот пожар од австрискиот генерал Пиколомини во 1689 година, како и пожарот во Скопје од 1910 година и катастрофалниот земјотрес во 1963 година, најголем дел од нив се реконстуирани и ревитализирани со цел да бидат витален дел од културниот живот на градот.

Итинерар: Културниот комплекс „Јигит Паша“, Султан Муратова џамија, Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија, историскиот дел на Скопје познат како Старата скопска чаршија (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија, Отоманскиот период на Скопското Кале.

Турата тргнува од местото каде се наоѓа гробот на Јигит Паша, освојувачот на Скопје во времето на Отоманската империја и продолжува од другата страна на Старата скопска чаршија каде се разгледуваат Султан Муратовата и Иса Беговата џамија. Потоа турата повторно се упатува кон историскиот дел на Скопје со посета на Алаџа џамијата, како и архитектонските објекти кои му го даваат препознатливиот ориентален имиџ (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам). По објаснувањето за Скопското кулие, турата се упатува кон Мустафа Пашина џамија и завршува со Отоманскиот период на Скопското Кале.

Целта на „Едукативната тура низ отоманското наследство на Скопје“ е промоција на богатото културно-историско и архитектонско наследство на Република Македонија од османлискиот период. Оваа едукативна тура се организира под мотото на УНЕСКО за Отворени Едукативни Ресурси (ОЕР), а во рамките на Европската година на културното наследство. Настанот е поддржан од град Скопје и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ