Дознајте повеќе за културното наследство на главниот град! 31% попуст на тура низ палатите на старо Скопје на 20.05.2018 од ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција за културата во вредност од 650 ден. по цена од 450 ден.

Цена
450 ден.
РАСПРОДАДЕНО
Вредност
650 ден.
Попуст
31%
Заштеда
200 ден.
ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ
Купени : 46 | Остануваат : -1
Добивате
Тура низ палатите на старо Скопје
- Датум: 20.05.2018 (недела)
- Зборно место: Пред Музејот на град Скопје (Стара железничка станица)
- Време на поаѓање: 10:00 ч.
- Времетраење: 3 часа
- Јазик: македонски
- Водич: Василка Димитровска, магистер по археологија и професионален туристички водич
- Организатор: ХАЕМУС - центар за научно истражување и промоција на културата - Скопје
Услови
- Купонот може да се искористи од 20.05.2018 до 20.05.2018
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Пред да го купите купонот, потребно е да се информирате во компанијата за слободни места
- По купување на купонот, задолжително контактирајте ја компанијата за потврда на место во групата и испратете го купонот на емаил
- Во цената нема дополнителни трошоци за влезници
- Оваа тура не важи за лиценцирани туристички водичи и придружници на Република Македонија
Опис
Тура низ палатите на старо Скопје
Кога ќе се навршат повеќе од сто години од еден историски период, тој официјално и научно станува археологија, историја и антропологија на нашето совремие и се третира како културно наследство. Затоа нам далечните спомени од пред стотина години сместени во срцето на Скопје, денес сплотени во едно невообичаено „културно наследство“ на Република Македонија, ни ја раскажуваат приказната за „Палатите“ изградени во текот на првата половина на 20-тиот век, доловувајќи го шармот и духот на старото Скопје меѓу двете светски војни.
Палатите на старо Скопје се наоѓаат во самиот центар на градот и во нивната архитектура може да се забележат влијанијата на многу европски стилови, како што се експресионизмот, арт нуво, академизмот, традицијата и модерниот стил, честопати надополнети со елементи на византиската традиција, класиката, ренесансата и барокот.
Во минатото богатите и славните луѓе во главниот град живееле во нив. Денес овие згради сведочат за животот во Скопје, кој културно, социјално и економски интензивно се развиваал во периодот 1918-1941 година. Во повеќето од овие палати денес се наоѓаат седишта на компании, национални ресторани, хотели или претставуваат приватни семејни домови, а некои од нив се и амбасади на ЕУ. Некои од палатите на старо Скопје се заштитени со закон и прогласени се за културно наследство на Република Македонија.
Целта на оваа полудневна тура низ центарот на Скопје е промоција и популаризација на богатото архитектонско наследство коешто несомнено оставило трага во архитектурата и уметноста на главниот град.
Итинерар: Хотел Бристол - Ристиќева палата - Куќата на Мона - Куќата на Шкаперда - Палатата на Бојаџиеви - Палатата Армагањан - Арапска куќа - Беговата палата - Палатата MCM - Идадија - Боемски кварт на Скопје
Турата тргнува од Старата железничка станица со фокус на зградата на хотелот Бристол и продолжува кон плоштадот „Македонија“ каде се разгледуваат Ристиќевата со околнините палати, како и Куќата на Мона во стилот на раната модерна. По разгледувањето на плоштадот, турата се упатува долж улицата Максим Горки и се посетуваат редоследно Куќата на Шкаперда (денешна Италијанска амбасада), палатата со кубиња (куќата на Бојаџиеви) и Арапската куќа (денешен хотел Јадран). Потоа турата продолжува кон ул. Илинденска, каде се посетуваат Беговата палата (денешен Пионерски дом Карпош), Палатата MCM (куќата на Рубенови) и се преминува кон ул. Боемска 1. По разгледот на куќите изградени помеѓу 1918-1941 во кои денес се сместени повеќе кафеани, турата завршува пред ул. Боемска 2, каде исто така се наоѓаат повеќе палати на старо Скопје, изградени во периодот помеѓу двете светски војни.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата