Дестинација Македонија! Уникатна авантура на Националниот Парк Галичица! До 25% попуст на мала или голема тура со електрични велосипеди од Sharoutdoors.mk

Добивате
Тура со електрични велосипеди по избор
Опции на понудата:
Мала тура - Заборавеното село Коњско |
3,472 ден. (56 еур) |
Голема тура - Галичица Национален Парк |
5,208 ден. (84 еур) |
Понудите се по лице и во истите е вклучено:
- Заштитна опрема: кацига
- Велосипед и обука за користење на истиот
- Лиценциран планински водич
*Повеќе за турите може да прочитате во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 19.07.2023 до 31.10.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна е претходна резервација
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.
Опис
Придружете ни се на возбудливи тури со електрични велосипеди низ воодушевичките пејсажи на Националниот Парк Галичица, кој регион е сместен помеѓу двете најстари езера во Европа. Оваа прекрасна област е заштитена од УНЕСКО поради своето извонредно културно и природно значење.
Мала тура - Заборавеното село Коњско (20 км, 3 часа)
Рутата долга 20 км започнува во Охридскиот Спортскиот комплекс и оттаму тргнуваме по живописен пат на брегот на езерото. Панорамските глетки се сеприсутни додека се движиме кон првото село - Рача. Второ за посета е шармантното заборавено село Коњско, каде ќе направиме кратка пауза за кафе и освежителен пијалок во семеен ресторан. Следно за посета е селото Сипокно, каде нашиот водич ќе сподели повеќе околу традицијата, културата и историјата на регионот од Античка Македонија па се до ден денес. Последно место на застанување е селото Велестрово, каде ќе имате можност да уживате во автентичната атмосфера и прекрасните природни убавини на околината.
За време на турата ќе ви бидат обезбедени електрични планински велосипеди и шлемови со врвен квалитет кои обезбедуваат безбедно и удобно возење.
Времетраење на турата: 3 часа
Должината на рута: 20 км
Висина на искачување: 560 м
Должина за симнување: 560м
Почетна точна за тргнување: Охридски Спортски Центар
Завршна точка: Охридски Спортски Центар
Пожелно е да понесете:
- Соодветни облеки за спортување: шорцеви, патики, маици
- Ранче за вода
- Вода
- Крема за сончање
Голема тура - Галичица Национален Парк (44км, 4-5ч)
Придружете се на возбудливата тура која се протега 60 км истражувајќи го извонредниот спој на културното и природното наследство.Со помош на електричните тротинети лесно ќе ја совладате далечината.
Турата започнува во село Трпејца од каде ќе се искачиме на 1570 м надморска височина. Додека поминуваме низ националниот парк ќе се воодушевите од прекрасните глетки кои ќе се отвараат пред вас. Очекувајте панорами од околните пејсажи, а посебен белег на оваа тура се волшебните полиња кои го карактеризираат Националниот парк Галичица. Без разлика дали сте енрузијаст на природата, трагач по авантури или едноставно некој кој ја цени убавината на отворено, оваа тура ветува незаборавно искуство. Придружете ни се на ова извонредно патување и дозволете магијата на овој регион заштитен од УНЕСКО да ви ја плени душата.
Времетраење на турата: 4-5 часа
Должина на турата: 44 км
Висина на искачување: 1100 м
Должина за симнување: 1430 м
Почетна точка за тргнување: село Трпејца
Завршна точка: село Трпејца
Пожелно е да понесете:
- Соодветни облеки за спортување: шорцеви, патики, маици
- Ранче за вода
- Вода
- Крема за сончање
За компанијата
Посетете ги највозбудливите места и врвови и културни места во лето и зима.
Sharoutdoors е тим од луѓе кои ја делат истата идеја за еколошки и одржливо користење на природните ресурси. Љубовта и страста кон отвореното е она што нè спои во идејата да ја изградиме компанијата и да почнеме да живееме од она што го сакаме да го правиме. Водени сме од идејата за бескрајно пребарување по длабок снег и недопрен терен со цел да им го покажеме на луѓе со слични размислувања, љубопитни да се обидат да истражат нешто поинакво.
Наша мисија е да придонесеме за локалната заедница со отворање нови работни места за луѓето кои ја споделуваат истата идеја.
Нашите силни верувања се дека преку еколошки туризам можеме да ги спасиме нашите планини фокусирајќи се на нишниот пазар и пласирајќи ги и промовирајќи ги нашите тури за патници кои ја делат истата страст за заштита и зачувување на природната средина.
Ние сме силно фокусирани на промовирање на идејата за барање на Шар планини за национален парк и поставување силна и строга легислатива за користење на неговите ресурси и природна средина.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.