Градот на два континенти - Истанбул за 24ти Мај (23.05-26.05.2019)! Четридневен аранжман од две ноќевања со појадок во хотел со 3* + автобуски превоз по цена од 4960 ден. (80 еур.)

Преостанато време

  • ул. Димитрија Чуповски бр.26 (спроти гимназија Јосип Броз Тито)

    Одведи ме таму

    076361634

Добивате

Понудата е по лице и вклучува :

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Истанбул
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 22.05.2019 до 23.06.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред купување на купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места
  • По купување на купонот потребно е да контактирате до агенцијата по телефон или е-маил, со цел да ја комплетирате резервацијата
  • За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Во цената не е вклучено:
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 25 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
  • Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
  • Вечера во национален ресторан 30 евра
  • Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи 15 евра
  • Yerebatan Sarayi (Потонетата Палата) 10 евра
  • Посета на Азискиот дел Ускудар - Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра
  • Посета на Принцес Острови 15 евра
  • Посета на Минијатурк 10 евра
  • Доплата за 1/1 соба  2.800 денари
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување
Grouper & Mastercard акција на подароци!
Купувај било кои зделки со Mastercard картичка и освој подарок!
Дознај повеќе тука!

Опис

ПРОГРАМА:

23 Мај (Четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на автобуската станица пред старо Матично, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Р. Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

24 Мај (Петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија... Посета на Вселенската патријаршија. Факултативно - возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула... Сместување во хотел. Во попладневните часови,факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

25 Мај (Сабота) ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Oстрови Büyükada,Heybeliada,Burgazada  - архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем.Пристапот до островите е многу eдноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица... Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан,за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна Ноќевање.

26 Мај (Недела) ИСТАНБУЛ - МИНИЈАТУРК - СКОПЈЕ

Појадок. Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители...Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни... Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... Факултативно - посета на МИНИАТУРК - минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25…Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови .

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.