Дестинација Македонија! Уживајте во најновиот луксузен хотел покрај Охридското Езеро!! 40% попуст на ноќевање со појадок во double delux соба + користење на СПА центар во Unique Resort & Spa, Охрид во вредност од 3720 ден. по цена од 2230 ден.

Цена
2,230 ден.
РАСПРОДАДЕНО
Вредност
3,720 ден.
Попуст
40%
Заштеда
1,490 ден.
ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ
Купени : 20
Добивате
Понудата е по лице и вклучува едно ноќевање со појадок во double delux соба + користење на СПА центарот + користење на фитнес, цена: 3720 ден. 2230 ден. (специјална Mastercard цена: 2119 ден.)
Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена од 2119 ден.
* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка
Услови
- Купонот може да се искористи од 01.10.2018 до 10.12.2018
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Пред купување на купонот потребно е да се јавите во хотелот за да се информирате за слободни места и да извршите резервација
- По купувањето на купонот потребно е истиот да го препратите на e-mail со цел да ја комплетирате резервацијата
- Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа
- За закуп на соба потребно е да престојуваат две лица, односно да се купат минимум два купона
- Превозот не е вклучен во понудата
- За деца од 0 до 5.99 години сместувањето е бесплатно.
- За трето возрасно лице се доплаќа 29 евра за едно ноќевање со појадок
- Сите доплати се вршат директно во хотелот, на рецепција
- Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани
- Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.
- Акцијата за Mastercard бонус важи до 19.11.2018 год.
Опис
Unique Resort & Spa - ново луксузно искуство на охридскиот брег
Иако постои помалку од една година, Unique Resort & Spa со својот луксузен изглед, грандиозност и уникатно СПА искуство им овозможува на своите гости неззаборавни моменти во еден од најубавите градови во земјава. За својата професионалност и луксуз хотелот доби награда за најдобар хотел во категорија "Нова туристичка понуда во делот на хотелиерството за 2018"
Овој модерен и урбан хотел е поставен во срцето на градот Охрид. Локацијата на хотелот е една од придобивките што ја одделуваат од останатите хотели во регионот. Лоциран на брегот на Охридското Езеро, во близина на мостот Биљанини извори, хотелот ви нуди природна средина на само неколку минути од центарот на градот. Луксузниот амбиент, како и единственоста и смелоста на хотелот е нешто што веднаш ќе го забележите. Стилски и современ, Unique Resort & Spa е погоден за бизнис патници како и за странски и домашни туристи, нудејќи совршени услови за целосно искуство на релаксација и внатрешен мир
Grouper водич
Охрид - градот на големиот број на цркви и манастири, градот познат како Балкански и Европски Ерусалим. Градот го краси најголемото природно езеро по кое го добил своето име, Охридско езеро кое воедно е и најдлабокот езеро на Балканот. Градот Охрид, наследник на стариот Лихнидос, постои повеќе од 2500 години. Уште од антички времиња, на просторот на градот Охрид достигнувањата на цивилизацијата се менувале, со подеми и падови. Градот Охрид го преживеал сето тоа и постои под истото име се до денес. Легендата кажува дека основач на античкиот град на овој простор вил Феникиецот Кадмо, кој основал династија заедно со античките Енхелени.
Како град заштитен под UNESCO, Охрид денес е збир на антички, старовековни градби, богата култура и автентична архитектура која е препознатлива за овој град. Неверојатните пејзажи и недопрената природа се уште една причина плус зошто Охрид станува најомилен град меѓу туристите. Планината Галичица и истоимениот национален парк ги нудат најдобрите патеки за планинарење и велосипедизам и незаборавниот поглед кон Охридското езеро. Интересен факт е што охридскиот бисер е вистински "дијамант" на Охрид. Тој не се прави од школки туку од крлушките на рибата плашица. Рецептот и начинот на изработка на охридските бисери доаѓа од руски војник кој занаетот го пренел само на едно семејство во Охрид.
Градот Охрид е најпознат по своите средновековни тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи, музеи и цркви. Наш предлог е да ги посетите едни од најпознатите: Самуиловата тврдина (X/XI век, Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов, Музеј на словенската писменост (XVIII век), Антички амфитеатар, Спомен-куќата на Григор Прличев, Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник. Ах да, и да не го заборавиме фактот дека Охрид е домаќин на вкупно 365 цркви, по една за секој ден во годината. Доколку се уште не сте ги виделе овие безвременски градби, не двоумете се да ги посетите црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум, црквата Св. Јован Канео и многу други повеќе или помалку познати цркви во и околината на Охрид.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата