Остани здрав! Грижа за машко здравје! 30% попуст на пакет уретрални брисеви: брис бактериолошки со антибиограм, Chl. Trachomatis, mycoplasma/ureaplasma, спермокултура + уринокултура во ПЗУ Рамус

Добивате
Пакет уретрални брисеви:
- Брис бактериолошки со антибиограм
- Chl. Trachomatis
- Mycoplasma/ureaplasma
- Спермокултура
- Уринокултура
*Повеќе за анализите прочитајте во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 20.03.2023 до 30.06.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна е претходна резервација
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.
Опис
Брис од уретра
Бактериолошки уретрален брис е стандардна анализа за испитување на составот на микроорганизми кои ја населуваат мукозната мембрана на уретрата. Примерокот од уретрален брис се испитува за да се идентификуваат евентуални бактериски или други причинители на уретритис.
Брис од уретра или урина за Chlamydia trachomatis
Инфекција со Chlamydia trachomatis е една од најчесто дијагностицираните сексуално преносливи болести ширум светот. Инфекцијата може да биде асимптоматска но доколку има симптоми се манифестира со некои од овие знаци: воспаление на уретралниот канал, проследено со отежнато мокрење, со болка и печење, нагласен нагон за мокрење. Можно е да се јави и слузав, жолтеникав исцедок.
Брис од уретра или урина за Mycoplasma / Ureaplasma
Микоплазмата (Mycoplasma hominis) и Уреаплазмата (Ureaplasma Spp.) предизвикуваат сексуално преносливи болести кои кај мажите доведуваат до не-гонококно воспаление на уретрата, семените канали и простатата, што може да биде причина за стерилитет.
Препорачливо е да ја направите оваа анализа ако: имате секрети од уретрата проследено со често мокрење и печење при мокрење, имате чешање и пецкање во уретралниот канал, вашиот партнер и вие имате проблеми со стерилитетот.
Уринокултура
Инфекција на уринарен тракт претставува присуство и размножување на бактерии во органите на уринарниот тракт, најчесто во мочниот меур и мочни патишта а во некои случаеви и во бубрези. Уринокултурата треба да се направи што е можно побрзо со цел навремена дијагноза и терапија за инфекцијата.
Спермокултура
Спермокултура е култивирање на примерок од семена течност (сперма) на хранлива подлога за испитување на микроорганизми кој може да предизвикаат бактериски или габични инфекции на простата, тестиси и семеновите канали.
За компанијата
ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА РАМУС започна со работа во Јануари 2019 година по превземање на Дијагностичка лабораторија ПЗУ Амедела основана на 01.06.2016 година од старна на Самостојна медицинско-дијагностички лабораторија-Рамус Софија, која во Република Бугарија работи од 2001 година, со над 750 вработени, повеќе од 20 лаборатории во поголемите градови, и над 150 пунктови за земање на материјали.
Нашата мисија е лабораторијата Рамус во Македонија да го претстави и донесе квалитетот од својата матична лабораторија од Република Бугарија, каде пациентите ќе можат да направат анализа на голем број на биомаркери со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови за остварување на сеопфатна дијагностика во насока на унапредување на човековото здравје.
Во лабораторијата се вршат лабораториски испитувања на хематолошки статус, хемостаза, липиден статус, глуциден статус, ензимски статус, протеински статус, деградациони продукти, срцеви биомаркери, електорлитен статус, имунолошки статус и специфични анализи, уринарен статус, хормони, туморски маркери, коскени маркери, серолошки тестови за инфективни заболувања, алергии, мониторирање на лекови, скрининг за злоупотерба на дроги и алкохол , како и многу други високо специјализирани анализи кои се испраќаат во централната лабораторија во Софија.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.