Нова Година во Узбекистан (27.12.2017-04.01.2018)! Пакет од 7 ноќевања на база Full Board + вклучен авионски превоз по цена од 105 338 ден. (1699 еур)

Нова Година во Узбекистан (27.12.2017-04.01.2018)! Пакет од 7 ноќевања на база Full Board + вклучен авионски превоз по цена од 105 338 ден. (1699 еур)

Цена

105,338 ден.

Вредност

117,042 ден.

Попуст

10%

Заштеда

11,704 ден.

Преостанато време

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Пакет од 7 Full board ноќевања
  • Вклучен авионски превоз
  • Сместување во двокреветни соби (twin bed)
  • Трансфер за време на целата тура
  • Оброци (Full Board)
  • Пратител за време на целата тура
  • Факултативи
  • Влезници за сите споменати објекти
  • Флаширана вода
  • Час за готвење во Association of Cooks
  • Чај за време на паузите во локални кафеа
  • Гледање на зајдисонцето од кулата Ak Shaykh Bobo со чаша греано вино
  • Новогодишна вечера со Новогодишна програма
  • Посета на фабриката за хартија во Самарканд
  • Коктел на плоштадот Registan

Хотели за сместување:

  • Uzbekistan Hotel 4* (или хотел сличен на него) во Ташкент
  • Hayat Inn 3* (или хотел сличен на него) во Хива
  • Siyavush 3*(или хотел сличен на него) во Бухара
  • Samarkand City 3*(или хотел сличен на него)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 27.12.2017 до 04.01.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Цената не вклучува:
  • Аердромски такси (15748 денари по лице)
  • Лет во Узбекистан на релација Ташкент - Ургенч (5757 денари по лице)
  • Фотографирање и снимање на архитектонските монументи
  • Дегустација на вино во Самарканд
  • Фолклорна претстава во Бухара
  • Вечерна посета на телевизиската кула во Ташкент
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

Ден 1 (27.12.2017) Скопје - Ташкент     

Состанок на групата на аердромот во Скопје и полетување за Ташкент.

Ден 2 (28.12.2017) Ташкент         

Пристигнување на аеродромот во Ташкент и средба со претставник на нашите партнери во Узбекистан. Трансфер до хотелот и сместување. Ќе имате можност да присуствувате на час за готвење одржан од еден од врвните кувари од Асоцијацијата на кувари во Узбекистан. Ноќевање.

Ден 3 (29.12.2017) Ташкент - Ургенч - Хива

Ран појадок во хотелот во Такшент. Лет до Ургенч и трансфер до Хива веднаш по пристигање на аеродромот во Ургенч. Чекирањето во хотелот е после 14:00 ч. но можете да го оставите вашиот багаж во хотелот до 14:00 ч. Следува прошетка низ стариот дел од Хива кој е дел од културното наследство под заштита на УНЕСКО. Во стариот град ќе ги посетиме стариот пазар, медресата на Abdullah Khan, џамијата посветена на Anush Khan, познатата ханака и мавзолеумот, џамијата Суфи изградена од Pahlavan – Mahmud, поет и национален херој. Џамијата и медресата на Said – Bay, медресата на Allakulihan, сарајот Allakulihana, Tash-Hauli во палатата Allakulihana. Следува ручек во локален ресторант. Продолжуваме со прошетката низ Хива и попладнево ќе ги видиме џамијата и минарето Juma, Ак џамија, мавзолејот на Said Alauddin, медресата Muhamma Amin Khan, минарето Kalta Minor.

За време на екскурзијата ќе направиме пауза за чај во едно од локалните кафулиња.

Продолжуваме со разгледот и ќе ги видиме портата Cunia Arch, минарето Tura-Murat Tour и медресата на Muhammad Amin Khan. Ќе направиме пауза за да го погледнеме прекрасното зајдисонце на кулата Ak Shaykh Bobo со чаша греано вино. Следува вечера во локален ресторан. Ноќевање во Хива. 

Ден 4 (30.12.2017) Хива - Бухара

Појадок во хотелот. Трансфер од Хива до Бухара (450 км. околу 6,5 часа). Ручекот ќе е во локален ресторант по патот. Сместување во хотелот во Бухара (околу 16:00ч.), и можност за дополнителна факултатива - национално фолклорно шоу (не е вклучено во цената) или време за одмор. Вечера во локален ресторан. Ноќевање во Бухара.

Ден 5 (31.12.2017) Бухара

Појадок во хотелот. Разглед на Бухара која е дел од културното наследство под заштита на УНЕСКО. Во разгледот ќе имаме прилика да ги видиме ансамблот на Lyabi Khauz, медресата Kukeldash од XV век, ќе поминеме под трговските куполи од XVI век - Toki Telpak Furushon, Toki Saraffon, Toki Zargaron, каде се продава злато, рачно нацртани чинии со прекрасни мотиви и др. Ќе ја видиме џамијата Magokki Attori изградена на една од страните на храмот на оганот, еден од трите монументи во Бухара, кој опстанал и покрај инвазијата од Џингис Кан. Ќе го видиме и Gau – Kushon ансамблот од XVI век. За време на екскурзијата ќе направиме пауза за чај во едно од локалните кафулиња. Во продолжение ќе ги видиме караван – сарај на Бухара, изграден од Tim Abdullahan во XVI век, медресата на Улугбех од XV век, изградена од внукот на Tamerlane, медресата на Abdullazizhan од XVII век, Калон џамија од XVI век, медресата Mir-i-Arab од XVI век која е комплетно функционална. Ќе го видиме и минарето на Калиан џамија од XVI век која е симбол на Бухара која со години служела како светилник во пустината. Следува ручек во локаленресторант. Продолжуваме со турата низ Бухара со разглед на Тврдината Ark која првично е изградена во I век п.н.е. која била резиденција на владетелите на Бухара и е симбол за моќ. Во продолжение ќе ја видиме џамијата Khoja Zaynuddin и џамијата Khonaka кои се манастири на дервишите, џамијата Bolo-Khaus од XVIII век. Продолжуваме со мавзолејот на Chashma Ayub во чија внатрешност има чешма од која се верува дека тече лековита вода, мавзолејот на самадините изграден во X век кој е бисер на архитектурата во централна Азија и фамилијарна гробница на династијата Самадин. За вечерта е организирана новогодишна вечера во локален ресторан каде има вклучено и новогодишна забавна програма. Ноќевање во Бухара. 

Ден 6 (01.01.2018) Бухара - Шахрисабз - Самарканд

Појадок во хотелот. Трансфер од Бухара до Шахрисабз (264 км. околу 3,5 часа). Ручек во локален ресторант. Разглед на Шахрисабз каде ќе имате прилика да ги видете палатата Ak-Saray, Енсамблот Dorus-Saodat, Мавзолејот Jahongir, Архитектонскиот комплекс Dor-ut-Tilovat, џамијата Kok Gumbaz. После овој разглед следува трансфер до Самарканд и сместување во хотел. Можност за дополнителна факултатива, дегустација на вина и коњак од винаријата Khovrenko (не е вклучено во цената), или слободно време за одмор. Следува вечера во локален ресторант. Ноќевање. 

Ден 7 (02.01.2018) Самарканд

Појадок во хотелот. Разглед на Самарканд во која ќе ги видиме мавзолејот на Gur-Emir каде се погребани Temerlan и неговата фамилија. Следува разглед на срцето на Самарканд- плоштадот Registan Square и медресите Ulugbek, Tillya-Kori и Sher-Dor. За време на турата ќе направиме пауза за чај во некое од локалните кафулиња. Продолжуваме со разглед на џамијата Bibi Khanum изградена во чест на сопругата на Темерлан. Следува ручек во локален ресторан. По ручекот продолжуваме со разглед на мевзолејот на Shahi Zinda, кој наводно е гробот на Kusama ibn Abbas (роднина на пророкот Мухамед). Ќе ја посетиме и обсерваторијата на Улугбек, кој бил астроном, научник, владетел и внук на Тамерлан. Ќе ја посетиме фабриката за хартија каде ќе можете да се запознаете со процесот на производство на свилена хартија како и процесот на производство на новогодишни честитки. Следува вечера во локален ресторан. По вечерата има организирано коктел на легендарниот плоштад Registan Square. Ноќевање во Самарканд.

Ден 8 (03.01.2018) Самарканд – Ташкент

Појадок во хотелот. Утрински трансфер до Ташкент (280 км. околу 4 часа). Сместување во хотел во Ташкент веднаш по пристигнувањето. Следува ручек во локален ресторант и прошетка низ Тешкент. Ќе ги видиме музејот на апликативни уметности во Узбекистан, плоштадот на независноста Mustakillik, плоштадот Amir Timur, метро станицата и споменикот на храбростта. За време на турата ќе направиме пауза за чај во некое од локалните кафулиња. Во продолжение ќе ги видиме плоштадот Hast Imam кој е муслимански центар во централна Аџија каде се чува еден од првито напишаните Курани. Вечерта ќе ја посетиме телевизиската кула на Ташкент (не е вклучено во цената). Следува проштална вечера со жива музика. Ноќевање во Ташкент.

Ден 9 (04.01.2018) Такшент - Скопје

Трансфер до аеродромот во Такшент за лет до Скопје.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.