7 ја следат оваа компанија


Vacciplant (биофунгицид) 1l

2690 ден.

Опис

Vacciplant (биофунгицид) - заштита без резидуи

  • Активна материја: Laminarin 45 g/L е природна состојка од морската трева Laminaria digitata
  • Заштита против многу економски значајни патогени: Botrytis spp. (сиво гниење), бактериска пламеница, чадлива краставост на јаболкото
  • Нема резидуи, потполно безбеден за потрошувачите
  • Идеално решение за справување со резистентноста

Производот за заштита на растенијата VACCIPLANT (биофунгицид) се одликува со специфичен механизам на дејство, преку стимулација на одбранбените механизми на растението домаќин, делува како фунгицид и бактерицид. Делува со зголемување на отпорноста на растенијата при сузбивањето на бактериската пламеница, пепелница, сиво гниење, краставост, пламеница со што ги намалува штетите кај земјоделските култури.

СПЕКТАР НА ДЕЈСТВО

• Круша и Дуња: Делува на економски најзначајното бактериско заболување, бактериската пламеница на јаболкото и крушата (Erwinia amylovora). Препорачана примена:превентивни третирања од стадиумот на "глувчи уши" до опаѓање на листовите, се препорачува да се аплицира на секои 10 дена. Доза: 750 mLha.

Во случај на подоцнежни инфекции по цветање може да се направат дополнителни прскања.

• Јаболко: Се употребува за сузбивање на бактериската пламеница на јаболкото и крушата (Erwinia amylovora) и економски значајната чадлива дамкавост на листовите и краставост на плодовите кај јаболкото (Ventura inaequalis). Препорачана примена превентивни третирања од стадиумот на "глувчи уши" до започнување на берба на плодот. Доза: 1 L/ha.

• Биофунгицидот VACCIPLANT , во испитувањата спроведени во Преспанскиот регион, употребен во доза од 1 L/ha покажа извонредно висока ефикасност во сузбивањето на чадливата дамкавост на листовите и краставост на плодовите од јаболко (Venturia inaequalis), на листовите 99166, и максимално ниво на заштита на плодовите од 100%. Во текот на истражувањата е забележано и подобрување на фотосинтетската активност на листовите (потемнување на листовите). Како резултат на делувањето на Vacciplant на листовите, може да се каже дека позитивно делува, како и фолијарните ѓубрива добиени од морски алги

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "ХЕМПРО"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

ХЕМПРО е локална семеjна компанија, основана уште во 1992 која се занимава со трговија на мало со семе, ѓубрива и пестициди од водечки светски компании од земјоделскиот сектор.
Тимот агроном и хемиски инженер, е посветен на обезбедување на професионална и навремена услуга како и препораки за правилна примена на ѓубрива и пестициди - хербициди, фунгициди, инсектициди.
Ние им нудиме на нашите клиенти експертиза и советодавни услуги од областа на исхраната и заштитата на растенијата што им се потребни за да успеат во земјоделското производство и агробизнисот. Нашите совети денес им помагаат на повеќе од 100 активни клиенти (индивидуални производители и фирми) да ги одржат нивните култури здрави и безбедни преку:
• Подобрен квалитет и зголем принос на земјоделските култури преку избор на најсоодветните сорти, како и планирање на оптималните датуми за берба односно жетва
• Оптимална употреба на хранливи материи преку агрохемиска анализа на почвата  преку соодветна препорака за ѓубрење со тоа што ќе Ви помогнеме да идентификувате каде и колку да аплицирате за максимален раст и принос, а истовремено да го минимизирате трошокот за ѓубрива.
• Подобра контрола на штетниците со тоа што ќе Ви помогне да развиете соодветна стратегија за заштита преку интегрираното управување со штетници (ИПМ) како метод за контролa

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.