Романтично опуштање (13.02-01.03.2019)! 44% попуст на ноќевање за две лица во двокреветна соба + користење на два СПА пакети + вино Етно Село и слатко изненадување во Комплекс Етно Село Tимчевски во вредност од 3369 ден. по цена од 1890 ден

Вредност

3369 ден.

Попуст

44%

Заштеда

1479 ден.

Купени: 13

  • на 17 км оддалеченост од Куманово

    Одведи ме таму

    075/497749, 031/497749

    contact@etnoselo.com.mk

Добивате

Понудата е за две лица и вклучува:

  • Едно ноќевање во двокреветна соба (во вредност од 1970 ден.)
  • Користење на два Спа пакети (финска сауна, парна бања, солена соба, ладен туш и релакс соба) (во вредност од 800 ден.)
  • Класик вино "Етно Село" 0.7l (во вредност од 599 ден.)
  • Слатко изненадување

Услови

  • Купонот може да се искористи од 13.02.2019 до 01.03.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Сместувањето е во двокреветна соба 
  • Пред купување на купонот потребно е да направите резервација по телефон
  • По купување на купонот потребно е да ја потврдите резервацијата
  • Може да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
  • Доколку купонот не го искористите до наведениот рок истиот пропаѓа и не може да се рефундира
  • Дозволено е променување на резервација до 3 дена пред пристигнување. Доколку не ја откажете или промените резервацијата до 3 дена пред закажаниот датум истата ќе се смета за реализирана и купоните ја губат важноста односно се сметаат искористени.

Опис

Комплексот Етно Село на своите гости им обезбедува смирен одмор и релаксација. Хотелот нуди комфор и ги задоволува сите Ваши очекувања. Во новиот Спа Центар кој ќе добиете потполна релаксација и целодневно уживање.

Спа Центарот Ви ги нуди следниве услуги:

  • Финска сауна
  • Парна бања
  • Солена соба
  • Релакс соба
  • Ладен туш (кофа)

За да Вашето задоволство и услугата биде комплетна Спа Центарот на комплексот Етно Село “Тимчевски” Ви нуди неколку типови на масажи кои ќе Ви помогнат да се чувствувате подобро и порелаксирано. Ваше е само да се одлучите за некоја од следниве масажи: релакс масажа, парцијална масажа, медицинска масажа, спортска масажа, анти-стрес масажа и чоколадна масажа.

Комплексот нуди постојано специјални пакети со вкучени најразлични содржини за своите гости каде комбинира професионални масажи со релаксирачко уживање во релакс соба и со останатите услуги кои се на располагање како во спа центарот така и во ресторанот и хотелот.

Сместувачкиот капацитет на хотелот изнесува 90 легла. Располага со 28 двокреветни соби, 3 апартмани и 2 делукс апартмани. Собите се опремени со бежичен интернет, ТВ, клима уред, телефон, минибар, тоалетна маса. Делукс апартманите располагаат со сопствено џакузи. Во склоп на комплексот се наоѓа ресторан со летна тераса и летна бавча, сали за семинари до 60 и до 200 лица, летен клуб „Базени”, сопствена винарија, мини ЗОО со сопствена ергела за јавање коњи, детско игралиште, забавен парк, велосипедски патеки и сопствен паркинг.

Внимателно креираните содржини ќе Ве однесат во една поинаква средина со вистински приказ на традиционалниот македонски начин на живот. Многубројните поставки се одлична прилика за запознавање со тоа.

Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Храната се подготвува и се служи во етно стил... Баница, зелник, проја во фурна, традиционална скара на жар за поголем мерак на гостите. Направени од врвни мајстори нема во ниеден момент да Ве остават рамнодушни.

Сето ова сместено во мирна и недопрена природа, покрај течението на реката Пчиња е мир за душата што секој мора да го почувствува. На оддалеченост од 15 км од Куманово на патот кон Крива Паланка, на површина од 30.000 м2, Комплексот Етно Село “Тимчевски”Ви нуди одлична можност за Ваша несекојдневна релаксација.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.