Романтична тура во Венеција (10.10 - 15.10.2017)! 3 ноќевања со појадок во хотел 3* + вклучен автобуски превоз и организација на патувањето по цена од 9858 ден. (159 еур)

РАСПРОДАДЕНО

Романтична тура во Венеција (10.10 - 15.10.2017)! 3 ноќевања со појадок во хотел 3* + вклучен автобуски превоз и организација на патувањето по цена од 9858 ден. (159 еур)

Цена

9,858 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

12,323 ден.

Попуст

20%

Заштеда

2,465 ден.

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува аранжман во Венеција (10.10 - 15.10.2017)

  • 3 ноќевање со појадок во двокреветна собаво хотел 3*
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Разглед на Венеција и околината
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 10.10.2017 до 15.10.2017
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Задолжително патничко осигурување
  • Сместувањето е во двокреветна соба, со минимум две лица на соба
  • Во цената не е вклучено:
  • Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабиони – Венеција - 15 еур
  • Туристичка такса - 1 еур по лице од ден (се плаќа во хотелите)
  • Факултативна посета и разглед на Фиренца - 45 еур
  • Факултативна посета и разглед на Верона и Лаго Ди Гарда - 25 еур
  • Влезници за музеи и културно-историски споменици
  • Туристичко патничко осигурување
  • За single сместување се доплаќа 3100 ден. (50 еур) со купување на соодветната опција
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

Венеција, градот од соништата. Зарем некој можел да помисли дека е возможно да се живее на вода?! Венеција е најспецифичниот град на светот, град-чудо. Низ вековите била најмоќното медитеранско пристаниште, а и денес нејзиното значење и влијание воопшто не е намалено. Венеција едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади.

10.октомври (вторник)  СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА 

Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

11.октомври (среда)                   ВЕНЕЦИЈА 
Пристигнување во околина на Венеција, во предпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Во попладневни часови посета на Венеција: Плоштадот и црквата Св. Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде... слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

12.октомври (четврток) ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки во Венеција или можност за факултативна целодневна посета на Фиренца - еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) - Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани...Враќање  во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

13.октомври (петок) ВЕРОНА - ЛАГО ДИ ГАРДА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативен целодневен излет до Верона и Лаго Ди Гарда. Посета на градот на Ромео и Јулија, со разглед на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време до заминување кон местото Сирмионе на езерото Лаго Ди Гарда, каде се наоѓа прекрасниот замок на семејството Скалиѓери. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање. 

14.октомври (сабота) ВЕНЕЦИЈА - ПАЛМА НОВА - СКОПЈЕ

Напуштање на хотелот во Венеција и заминување за Скопје. Попатна посета на Палма Нова – познат "outlet" шопинг центар, пред продолжување на патувањето преку Словенија, Хрватска и Србија.

15.октомври (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ