Посетете ја Виена (20.10–24.10.2017)! Петдневен аранжман од 2 ноќевања со појадок во хотел + вклучен автобуски превоз по цена од 8990 ден. (145 еур)

РАСПРОДАДЕНО

Посетете ја Виена (20.10–24.10.2017)! Петдневен аранжман од 2 ноќевања со појадок во хотел + вклучен автобуски превоз по цена од 8990 ден. (145 еур)

Цена

8,990 ден.

РАСПРОДАДЕНО

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува пакет петдневен аранжман за Виена за термин (20.10–24.10.2017)

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Автобуски превоз преку наведените дестинации
  • Професионален туристички придружник од агенцијата
  • Организација и реализација на аранжманот

Услови

  • Купонот може да се искористи од 20.10.2017 до 24.10.2017
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Во цената не е вклучено:
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) - 30 евра
  • Факултативна посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг - 25 евра (мин. 30 лица за реализација)
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич - 25 евра (мин. 25 лица за реализација)
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) - 10 евра
  • Патничко осигурување - 5 евра

Опис

Опис на програма:

1 ден 20.10.2017 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.30 ч. и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 21.10.2017 Виена

Пристигнување во претпладневните часови во Виена и почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Попладнето после разгледот сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 22.10.2017 Шенбрун – Дунавска Кула

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

4 ден 23.10.2017 Виенски шуми – шопинг центар Parndorf

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 24.10.2017 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.