1 ја следи оваа компанија


Вино Мими Куве 0,75л

150 ден.

Опис

Бело Суво куве од сортите на грозје Темјаника и Смедеревка.

Совршен бленд на ароми и изразито златна боја на секојдневно вино во кое се ужива.

Се послужува на температура од 10 до 12 степни. Може да се комбинира со пилешко месо, риба, зеленчук, печурки и сл.


Берба: 2020

Алкохол: 12 %

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 1200 денари
  • Време потребно за достава: 1-3 работни дена по процесирање на нарачката
  • Време потребно за достава низ Македонија: 3-7 работни дена по процесирање на нарачката.
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на тел: 070 743 742.
  • Види ја продавницата на "Семејна Винарија Захарчев/Zaharchev Family Winery" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

За компанијата

Природата во шише!

Тиквешкиот регион како колевка на лозарството и винарството во нејзината крошна, ја одгледа и израсна нашата семејната винарија Захарчев. 

Колку и да зборуваме за приказните од Тиквешот, за виното, мирисот на тазе набрано Кратошија / Вранец, Прокупец, Пловдина, Станушина или Темјаника, песната на аргатите, шумот на лозовите насади од топлото ветре кое пиркаи за време на бербата и љубовта, ах таа жива материја, таа е во виното, таа е во секоја чаша, во секоја голтка. Таа трае, таа не згаснува. Еднаш разгорува и впламнува, потоа само трае. Таква е. Те остава да ја имаш. Не ти дозволува да замине. Те држи. Те чувствува. Еднаш кога ќе ја отвориш приказната од шише, секое наредно е само надополнување. 

Нашата семејна винарија Захарчев е мала бутик винарија која се наоѓа во Кавадарци. Винаријата е насочена кон производство на вино од сорти на гројзе кои се карактеристични за балканот и кои се речиси пред изумирање. Годишното производство на вино е околу 7000 шишиња.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.