1 ја следи оваа компанија


Вино Станушина 0,75л

270 ден.

Опис

Во Македонија постојат неколку автентични сорти грозје, кои растат во поблискиот регион, но само една од нив вирее единствено на македонска почва. Станува збор за станушина – стара сорта грозје што може да се најде само во Тиквешкиот регион.

 

Главната карактеристика на оваа сорта претставува издржливоста. Во одреден период од минатото постоела опасност да исчезне, поради тоа што малкумина ѝ посветувале доволно внимание, но станушината успеала да опстане.

Од неа се добива вино со висок квалитет.

 

Лозата на станушината созрева доцна, студот не ѝ пречи и дава добри приноси. Кога ќе влезе во визбата, грозјето бара големо внимание и вистинска посветеност. Доколку годината е добра, тогаш може да обезбеди вино со средна јачина од 11 до 12 проценти алкохол.

 

Бојата на виното добиено од станушина има карактеристична бледа нијанса, богат екстракт и висока киселост, што му дава извонредна свежина на пијалакот. Ова вино го обожуваат и луѓето со префинет вкус, кои при посетата на Македонија никогаш не испуштаат можност да земат барем едно шише со себе.

 

Вкусете го и вие ова драгоцено вино од единственото вистинско македонско грозје. Кога ќе се напиете само една капка, ќе сфатите дека испивате дел од македонската историја испишана во него.

  • Суво розе вино со контролирано потекло од тиквешкото виногорје, со изразена бледа розе нијанса на дива ружа.

  • Совршен спој од ароми на пролетни цветови, јагоди и малини, а овошните ноти се истакнуваат најмногу кога виното се консумира младо.

  • Се служи изладено на температура од 8 - 12 ºC

  • Alc 12% vol

  • Одличен избор е кога виното се комбинира со лесни и кремасти пудинзи, а главните карактеристики уште повеќе доаѓаат до израз кога се сервира со зелена салата, сармички, полнети пиперки, гравче тавче или со некои полесни јадења.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 1200 денари
  • Време потребно за достава: 1-3 работни дена по процесирање на нарачката
  • Време потребно за достава низ Македонија: 3-7 работни дена по процесирање на нарачката.
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на тел: 070 743 742.
  • Види ја продавницата на "Семејна Винарија Захарчев/Zaharchev Family Winery" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

За компанијата

Природата во шише!

Тиквешкиот регион како колевка на лозарството и винарството во нејзината крошна, ја одгледа и израсна нашата семејната винарија Захарчев. 

Колку и да зборуваме за приказните од Тиквешот, за виното, мирисот на тазе набрано Кратошија / Вранец, Прокупец, Пловдина, Станушина или Темјаника, песната на аргатите, шумот на лозовите насади од топлото ветре кое пиркаи за време на бербата и љубовта, ах таа жива материја, таа е во виното, таа е во секоја чаша, во секоја голтка. Таа трае, таа не згаснува. Еднаш разгорува и впламнува, потоа само трае. Таква е. Те остава да ја имаш. Не ти дозволува да замине. Те држи. Те чувствува. Еднаш кога ќе ја отвориш приказната од шише, секое наредно е само надополнување. 

Нашата семејна винарија Захарчев е мала бутик винарија која се наоѓа во Кавадарци. Винаријата е насочена кон производство на вино од сорти на гројзе кои се карактеристични за балканот и кои се речиси пред изумирање. Годишното производство на вино е околу 7000 шишиња.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.