Дестинација Македонија! Релаксација на Малешевските планини! До 44% попуст на ноќевање со појадок во сместување по избор во Apart Wip Hotel 3* - Берово

РАСПРОДАДЕНО

Дестинација Македонија! Релаксација на Малешевските планини! До 44% попуст на ноќевање со појадок во сместување по избор во Apart Wip Hotel 3* - Берово

img

Цена

450 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

800 ден.

Попуст

44%

Заштеда

350 ден.

Купени : 349

Добивате

Понудата е по лице и вклучува ноќевање со појадок во сместување по избор:

  • Хотелска соба со поглед на планина за 2 лица, цена: 950 ден. 600 ден. (специјална Mastercard цена: 570 ден.)
  • Хотелска соба со поглед на езеро за 2 лица, цена: 1050 ден. 700 ден. (специјална Mastercard цена: 665 ден.)
  • Хотелска соба со поглед на езеро за 3 лица, цена: 920 ден. 570 ден. (специјална Mastercard цена: 541 ден.)
  • Хотелска соба со поглед на езеро за 4 лица, цена: 850 ден. 500 ден. (специјална Mastercard цена: 475 ден.)
  • Хотелска соба приземје за 2 лица, цена: 800 ден. 450 ден. (специјална Mastercard цена: 427 ден.)

*Дополнително добивате 40% попуст на ручек или вечера (по цена од 200 ден. по лице)

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена!

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка


Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.10.2018 до 30.11.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Потребно е да престојувате минимум 2 ноќи, односно да купите минимум 2 купони по лице
  • Пред да го купите ваучерот информирајте се во хотелот за слободни места за конкретната дата
  • По купување на купоните, истите испратете ги на е-маилот на хотелот, како потврда од хотелот ќе добиете ваучер кој треба да го приложите на рецепција при пристигнувањето
  • За деца до 2 години сместувањето е бесплатно
  • За деца од 2 - 10 години се доплаќа директно во хотелот
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.
  • Акцијата за Mastercard бонус важи до 19.11.2018 год.

Опис

Grouper водич

Берово е најголемата природна воздушна бања во Македонија. Се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, со чист воздух, свежина и убавина, во срцето на Малешевските планини, Огражден и Пирин планина. Познато е по производството на здрава храна. Најпознат е беровскиот мед, беровските слатка од шумски јагоди, капини и малини. Тука се произведува и прочуеното беровско сирење кое што има освоено врвни европски признанија и награди. Не помалку познати се и беровските компири, какои познатата малешевска ракија од модри сливи која што е неизбежна во секој дом во Берово. Од чаевите со лековити својства, најпознати се мајчина душица и кантарионот, како и беровскиот сируп што лекува бронхитис и ги прочистува дишните патишта. Според експертите, најголема концентрација на космичка енергија и кислород на Балканот има токму во Берово. Поради ова не напразно се вели: "Дојди во Берово ако сакаш за кусо време комплетно да се регенерираш. Ќе бидеш како нов!".

Во Берово се наоѓа стариот манастир "Свети Архангел Михаил", граден во далечната 1815 година, што е неодминлива локација за сите посетители на овој крај. Тука е и црквата "Света Богородица" која што прославува секоја година на 28 август, а во рамките на прославата од 26- ти до 28-ми август се одржува и Етно фестивал на кој присуствуваат голем број гости од сите страни на светот. Беровското езеро, преполно со риби, е идеално место за рекреација.

Вип хотел Берово

Доколку сакате да се одморите од стресното секојдневие, повелете во Вип Хотел - Берово.

Вип Хотел - Берово се наоѓа на 1000 м надморска височина, 5 км од Берово, во борова шума и цветни ливади.

Хотелот е комфорен и модерен, со сите удобности. Располага со 9 апартмани и 3 хотелски соби. Апартманите располагаат со капацитет за сместување до 6 лица, хотелските соби располагаат со капацитет од 2 до 4 лица. Хотел Вип воедно нуди и соби со капацитет до 2 лица. 

Секој апартман се состои од :

  • Спална соба
  • Купатило со фен и крпи за капење
  • Дневна соба и ТВ
  • Балкон 

*Апартманите се наменети за сместување на до 6 лица.

Хотелските соби содржат:

  • Соба со 2, 3 или 4 кревети
  • Купатило со фен и крпи за капење

*Хотел Вип располага и со соби, истите се со капацитет на сместување за 2 лица.

За спорт и рекреација гостите имаат на располагање игралишта за:

  • Тенис
  • Кошарка
  • Мал фудбал
  • Ракомет
  • Одбојка
  • Сервис

* Хотел Вип можете да го погледнете на следниот линк.

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ