Дознајте ги основите за финансирање на вашиот старт ап (27.11.2019)! Една влезница за настанот Womenpreneurs Stories на тема: Fundraising Fundamentals + пијалок + маичка по избор во Public Room

Цена од

300 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Купени: 8

Добивате

Опции на понудата:

Влезница + пијалок 300 ден.
Влезница + пијалок + маичка 600 ден.
Маичка 400 ден.

  • Тема: Womenpreneurs Stories: Fundraising Fundamentals
  • Датум: 27.11.2019
  • Време: 19:00 до 20:30ч.
  • Локација: MKstartups Space (на Рекорд)

*Достапни пијалоци: кафе, чај

Услови

  • Купонот може да се искористи од 19.11.2019 до 27.11.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Купонот е вашата влезница
  • Задолжително е да го носите со себе и да го покажете QR кодот од купонот на самиот влез
  • Потребно е да пристигнете мин. 20 минути пред почетокот на настанот
  • Доколку купите маичка, потребно е да испратите емаил на womenpreneursstories@gmail.com со купонот и величината 

Опис

Сите приказни вреди да се споделат ... Некои, исто така, вреди да се прослават!
Приказни за жени претприемачи и жени на лидерски позиции е иницијатива која има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот!

Придружете ни се на четвртиот од втората сезона на неформални настани, со специјална гостинка од Швајцарија на 27ми Ноември (среда), 19-20:30ч. во просториите на MKstartups Space, Скопје.

Со поглед кон иднината, дефинитивно ни се потребни повеќе жени на лидерски позиции. Придонесот што жените како иноватори, претприемачи и мотори на промени можат да го дадат на економскиот раст во Македонија е многу важен.
Многумина се веќе вклучени директно и индиректно во поддршката за креирање средина во која жените во Македонија се препознаваат и целосно можат да придонесат за развојот на новиот претприемачки екосистем. Зошто? Што е постигнато? Што друго можеме да направиме?

Дојдете и придружете се кон разговорот со нашите претприемачи, основачи, лидери, ментори, конектори - жени и мажи.

Три причини зошто?

1. Запознајтe ја гостинката од Швајцарија и 8те  жени лидери, учеснички во првиот Womenpreneurs Stories Bootcamp

На овој настан говорник ќе биде Barbara Fischer- Founding partner at Arena Ventures AG - приватна фирма со седиште во Цирих и специјализирана за финансирање на стартапи во рана фаза. Пред основањето, Барбара држеше високи раководни позиции во глобални корпорации како Сваровски, Литиум Technologies and Löwenbrau Group Australia. Помеѓу 2006-2012, Барбара исто така започна и растеше сопствената фирма за маркетинг технологија, Трендхаус Пти Рибар, во Сиднеј, Австралија која успешно ја има продадено кон крајот на 2011 година. Таа ќе ја сподели својата лична и професионална приказна, да ве инспирира и мотивира. Барбара исто така ќе оддржи и сесија на темата Fundraising Fundamentals која е наменета за:

  • Стартапи во рана фаза на развој со докажан MVP и први клиенти кои ја бараат својата прва рунда инвестиции
  • За оние кои размислуваат за започнување сопствен бизнис и сакаат да разберат како функционира почетното прибирање средства.

2. Вмрежување со лидери од индустријата, корисни совети и трикови

Искористете ја оваа можност да разговарате со жените кои ги делат истите предизвици, интереси и страсти како вас. Овој настан ќе ви помогне да стекнете нови пријатели и изградите партнерства. Ако размислувате како да превземете иницијатива и да се впуштите во стартап светот, би сакале да ве запознаеме. Ќе имате можност да се вмрежите со жените на лидерски позиции во различни фази на градење на нивните кариери и бизниси.

3. Бидете инспирирани да станете само-мотивирани

Едно е сигурно: Womenpreneurs Stories ќе ве инспирираат и мотивираат да преземете одговорност за вашиот професионален живот!

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; во партнерство со асоцијацијата Стартап Македонија и Grouper.mk.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.