Бидете инспирирани од успешни жени претприемачи (19.02.2019)! Една влезница за настанот Womenpreneurs Stories на тема: Set The Tone (of voice) + пијалок + маичка по избор во Public Room

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Купени: 55

  • ВЕБ СТРАНА

  • НАВИГАЦИЈА

  • FACEBOOK

Добивате

Опции на понудата:

Влезница + пијалок 300 ден.
Влезница + пијалок + маичка 600 ден.
Маичка 400 ден.

  • Тема: Womenpreneurs Stories: Set The Tone (of voice) 
  • Датум: 19.02.2019 вторник
  • Време: 18:00 до 20:00ч.
  • Локација: Public Room (Јавна Соба)

*Достапни пијалоци: кафе, сок, чај, вино, пиво

Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.02.2019 до 19.02.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Купонот е вашата влезница
  • Задолжително е да го носите со себе и да го покажете QR кодот од купонот на самиот влез
  • Потребно е да пристигнете мин. 20 минути пред почетокот на настанот
  • Доколку купите маичка, потребно е да испратите емаил на womenpreneursstories@gmail.com со купонот и величината до 18.02.2019 до 11ч.

Опис

Сите приказни вреди да се споделат... Некои, исто така, вреди да се прослават!
Приказни за жени претприемачи и жени на лидерски позиции е иницијатива која има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот!

Придружете ни се на овој, втор од втората сезона на неформални настани на 19ти Февруари (вторник), 18-20ч. во просториите на Јавна Соба, Скопје.

Со поглед кон иднината, дефинитивно ни се потребни повеќе жени на лидерски позиции. Придонесот што жените како иноватори, претприемачи и мотори на промени можат да го дадат на економскиот раст во Македонија е многу важен.
Многумина се веќе вклучени директно и индиректно во поддршката за креирање средина во која жените во Македонија се препознаваат и целосно можат да придонесат за развојот на новиот претприемачки екосистем. Зошто? Што е постигнато? Што друго можеме да направиме?

Дојдете и придружете се кон разговорот со нашите претприемачи, основачи, лидери, ментори, конектори - жени и мажи.

Три причини зошто?

1. Запознајте ги македонските жени лидери и дознајте ги нивните приказни

На овој настан говорници ќе бидат жени од традиционалните и новите медиуми, жени на лидерски позиции во различни сектори кои ќе обезбедат практични совети и најдобри практики за кариерен пат, креирање содржина, пренесување позитивна порака во јавноста, менаџирање на обврски... 
(Сите говорници ќе бидат објавени на фб настанот)

2. Вмрежување со лидери од индустријата, kорисни совети и трикови

Искористете ја оваа можност да разговарате со жените кои ги делат истите предизвици, интереси и страсти како вас. Овој настан ќе ви помогне да стекнете нови пријатели и изградите партнерства. Ако размислувате како да превземете иницијатива и да се впуштите во медиумскиот сектор, би сакале да ве запознаеме. Ќе имате можност да се вмрежите со жените на лидерски позиции во различни фази на градење на нивните кариери и бизниси.

3. Бидете инспирирани да станете само-мотивирани

Едно е сигурно: Womenpreneurs Stories ќе ве инспирираат и мотивираат да преземете одговорност за вашиот професионален живот!

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; во партнерство со Public Room и Grouper.mk.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.