ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: Сѐ за вашето здравје во Клиника Жан Митрев​! До 68% попуст на специјалистички преглед по избор: гинеколошко-акушерски, гастроентеролошки, нефролошки, ОРЛ, невро-психијатриски, ортопедски или озон терапија

Цена

ден.

ден.

Опција е задолжително поле!

Вредност

2000 ден.

Попуст

61%

Заштеда

1210 ден.

Купени: 851

  • Ул. Бледски договор бр. 8, Скопје

    Одведи ме таму

    02 3091 500; 02 3091 484

Добивате

Опции на понудата:

Комплетен гинеколошки преглед 4,000 ден. 1,490 ден.
Ехо на дојка 2,000 ден. 890 ден.
Ултразвучен скрининг преглед 3/4 Д 3,000 ден. 1,490 ден.
ЕХО преглед на тироидеа 2,000 ден. 790 ден.
ЕХО преглед на тироидеа + тироидни хормони 4,850 ден. 1,990 ден.
Колоноскопија 15,000 ден. 8,990 ден.
Ехо на абдомен 2,400 ден. 1,190 ден.
Комплетен специјалистички нефролошки преглед за мажи 4,000 ден. 1,290 ден.
Специјалистички ОРЛ преглед 2,000 ден. 890 ден.
EEG и невролошки преглед 3,000 ден. 1,390 ден.
Детски ортопедски преглед со ехо 2,000 ден. 990 ден.
Ортопедски преглед 2,000 ден. 990 ден.
Системска апликација на озон 3,000 ден. 1,490 ден.
Aбдоминален хируршки преглед 2,500 ден. 1,190 ден.
Флеболошки преглед 2,000 ден. 990 ден.
Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце) - Распродадено 3,500 ден. 1,500 ден.
Специјалистички педијатриски преглед 2,000 ден. 890 ден.
Основен педијатриски преглед 1,500 ден. 690 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 28.02.2019 до 20.04.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација

Опис

ЗЛАТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

⭐ Професионален тим и врвен квалитет.

⭐ Современа медицина од 2000 година.

⭐ Златен печат за квалитет и безбедност од Joint Commision International!

Детален опис на прегледите:

Комплетен гинеколошки преглед:

  • Гинеколошки преглед
  • Брис (ПАП),
  • Колпоскопија и
  • Гинеколошки ултразвук

Ехо на дојка + специјалистички преглед

Ехо на дојки и консултација со лекари кои имаат долгогодишно искуство во оваа проблематика. Метода за преглед на дојките и во нивните најдлабоки слоеви недостапни за мамографија.

Ултразвучен скрининг преглед 3/4 Д  

Рано откривање на аномалии на плодот.

Колоноскопија (гастроентеролошки преглед) 

Колоноскопија со анестезија (ендоскопско испитување на дебелото црево (колон) и завршните партии на тенкото црево). Златен стандард за дијагностицирање на болестите на дебелото црево.

Специјалистички нефролошки преглед за мажи:

  • Ехо на бубрези и надбубрежни жлезди
  • Ехо на мочно ќесе и мочоводи
  • Ехо проценка на рест урина (резидуална урина)
  • Комплетна дијагоноза и советување

Ехо на абдомен 

Ехо преглед и консултација со лекар специјалист.

Специјалистички ОРЛ преглед 

Отоскопија преглед на уши, преглед на нос со предна риноскопија и преглед на грло. Со цел дијагностицирање на патолошки состојби на уво, нос и грло.

Невро-психијатриски преглед: EEG и невролошки преглед

Комплетен специјалистички невролошки преглед со ЕЕГ (електроенцефалографија - функционално испитување на мозокот)

Ортопедски преглед по избор:

  • Детски ортопедски преглед со ехо - Современа дијагностичка процедура по пат на ултразвук за превенција и детекција на развојните заболувања кај деца од најмала возраст.
  • Ортопедски преглед

Системска апликација на озон

  • Третман со апликација на озон за зајакнување на имунитетот (за болни пациенти се препорачува серија од неколку последователни третмани)

Озонот што се користи во медицината е производ на чист медицински кислород добиен преку тивко електрично празнење. Препорачливо при третирање на: артериско циркулаторно нарушување, 
периферна артериска циркулаторна болест, церебрално циркулаторно нарушување (мозочен удар), нарушена циркулација на внатрешното уво (тинитус, акутно губење на слухот) ангиопатии, дијабетична ангиопатија, болести предизвикани од вируси, Хепатит Б и Ц, Херпес симплекс, Херпес зостер

ЕХО преглед на тироидеа + тироидни хормони

  • Ехо на тироидеа
  • FT3 / FT4 /TSH-3
  • aTPO
  • Thyroglobulin (Tg)

Тироидната жлезда има важна улога во организмот на човекот. Таа е една од најголемите ендокрини жлезди во телото и учествува во регулирањето на метаболизмот. Ехо на тироидна жлезда со метода која ни дава информација за локација, морфологија и застапеност на промените и секако можност за биопсија во real time.

Абдоминален хируршки преглед

Препорачан при болка во абдоменот, проблем со хемороиди, дебело црево, жолчка и жолчни канали и сите онколошки проблеми во стомачната шуплина и стомачниот ѕид.

Флеболошки преглед

Ехо - доплер дијагностика на вени (Варикозна болест, тромбофлебит) и превенција од истите

Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце)

Специјалистички педијатриски преглед

Преглед на дете - висина, тежина, раст и развој, ехо на абдомен.

Oсновен педијатриски преглед

Преглед на дете - висина, тежина, раст и развој.

Zan Mitrev Clinic на почетокот именувана како Специјализирана Болница по хируршки болести „Филип Втори“, ги постави темелите на современи медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновинарање на еден изнајмен дел од постоечката Воена болница во Скопје. Официјално, болницата беше отворена на 01 март, 2000-та година. Сепак, медицинското стартување на болницата е забележано со првата бајпас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. Од 01 март 2000-та година отпочнува да се пишува историјата во македонското здравство, нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.
Десетгодишнината од отворањето на болницата, 2010 година, беше прославена со бројка од 10.000 операции. Како што се нижеа годините понатаму, специјализираната болница „Филип Втори“ станува препознатлива во земјата и регионот како софистициран, современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Медицинските услуги стануваа се побројни: кардиологија, интервентна кардиологија и стентирање, компјутерска томографија, неврологија, гастроентерохепатологија. Испитувањата отпочнуваа во лабораториите: трансфузиологија, микробиологија, медицинска биохемија. Се прошири со услугата од важната гранка-психолошка поддршка за пациентот и за неговото семејство, како и интензивна нега, потоа физиотерапија која овозможуваа полесно закрепнување на пациентите. Хируршките гранки се дополнија со кардио и васкуларна хирургија, кардиотехника со најновите современи екстракорпорални пумпи, абдоминална хирургија, ортопедија, урологија. Најрелевантен податок за квалитетот на медицинските услуги, по кој и сме препознатливи е ниската стапка на смртност на болницата, која беше околу 1%.

Не случајно, на истиот датум по цели 16 години од основањето на специјализираната болница по хируршки болести, се отвори новиот објект кој е со пет пати поголем капацитет и го носи името „Zan Mitrev Clinic ”. Новиот објект е изграден според највисоки стандарди со уникатен ентериер, врвна медицинска опрема, комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух и максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите. Потврда за успешното работење е престижната награда за најдобар менаџер и болница со најдобар квалитет на здравствени услуги, која му припадна на академик д-р Жан Митрев, во конкуренција со здравствени центри од Европа и Блискиот Исток. 

Zan Mitrev Clinic, во ноември 2017 година, го доби златниот печат за квалитет и безбедност од Joint Commision International и со тоа стана првата болница, која за неполна година, влезе во семејството на најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет. 

Во април 2018 година Zan Mitrev Clinic ја доби државната акредитација за квалитет од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.