Остани здрав! ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: 21 година ЖАН МИТРЕВ Клиника! До 50% попуст на специјалистички прегледи и биохемиски анализи по избор

img

Цена од

790 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

1000 ден.

Попуст

21%

Заштеда

210 ден.

Купени: 569

  • Бледски Договор 8, Скопје, Македонија

    Одведи ме таму

    02 3091 484 ; 02 3091 500

    [email protected]

Добивате

Специјалистички прегледи и биохемиски анализи по избор

Опции на понудата:

Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце) - Распродадено 4,000 ден. 1,990 ден.
Комплетен гинеколошки преглед 4,000 ден. 1,990 ден.
Комплетен урогинеколошки преглед 4,000 ден. 1,990 ден.
Ехо на дојка 3,000 ден. 1,490 ден.
Остеодензитометрија Дексаскен 3,500 ден. 1,990 ден.
Уролошки преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Специјалистички ОРЛ преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Дерматолошки преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Ортопедски преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Спинален преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Флеболошки преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Абдоминален хируршки преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Колоноскопија со анестезија 16,000 ден. 9,900 ден.
Гастроскопија со анестезија 16,000 ден. 9,900 ден.
Специјалистички педијатриски преглед 2,500 ден. 1,390 ден.
Полисомнографски тест за слип апнеа 4,000 ден. 2,600 ден.
Функционалната магнетна стимулација 2,000 ден. 1,390 ден.
Мануелна лимфна дренажа 3,000 ден. 1,690 ден.
Мамографија 2Д 4,000 ден. 1,990 ден.
3Д Мамографија (Томографија) 12,000 ден. 6,900 ден.
ЦТ глава и врат со каротиди (МСКТ) 16,000 ден. 9,900 ден.
ЦТ долни екстремитети (периферија) 16,000 ден. 9,900 ден.
Магнет на матка со контраст 18,000 ден. 9,900 ден.
Магнет на срце 30,500 ден. 18,900 ден.
Магнет на дојки 22,000 ден. 15,400 ден.
Магнет на рбет 26,000 ден. 14,900 ден.
IGG + IGM 2,500 ден. 1,490 ден.
IGG Антитела COVID-19 (биохемија) 1,500 ден. 990 ден.
Interlukin-6 2,000 ден. 1,290 ден.
Feritin 1,000 ден. 790 ден.
Vitamin D 2,200 ден. 1,390 ден.
Пакет тироидни хормони FT4 и TSH 1,800 ден. 1,290 ден.
Тумор маркери за јајници и матка CA125 II 1,200 ден. 890 ден.
Тумор маркери за дојка CA15-3 1,200 ден. 890 ден.
EEG и невролошки преглед 6,000 ден. 3,690 ден.

*Детален опис за прегледите може да прочитате во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.02.2021 до 15.03.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на преглед пред купување на купонот
  • Доколку купите купони за урлошки преглед истите можете да ги искористите само во месец Април

Опис

Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце)

Електрокардиографија или скратено ЕКГ претставува иницијална и рутинска дијагностичка алатка за проценка на електричната активност на срцето овозможувајќи му на лекарот сознанија за срцевиот ритам, големината и функцијата на срцевиот мускул и срцевите комори и преткомори. При тоа може да се детектира постоење на аритмија (неправилна работа на срцето), недостаточна крвоснабденост на срцето (ангина пекторис), оштетување на срцето поради инфаркт, зголемување на срцевите димензии и др. Испитувањето се изведува со поставување на 12 засебни електроди (мали пластични лепенки) на специфични места на кожата на градниот кош, рацете и нозете на пациентот додека пациентот е во легната положба. Тестирањето го изведува медицинска сестра, техничар или лекар, трае околу 1 минута, а при тоа пациентот не чувствува ништо. Прегледот го изведуваат: д-р Вилма Ампова-Соколов, д-р Тања Анѓушева, д-р Енвер Идоски, д-р Шпенд Идризи, д-р Милка Клинчева, д-р Иван Милев и д-р Илија Нешковски

Комплетен гинеколошки преглед (колпоскопија и ултразвук)

Одржување на здравјето на репродуктивните органи е од големо значење, а редовните контроли спасуваат живот. Тимот на искусни гинеколози на одделот за Гинекологија при Клиничката болницата Жан Митрев, Ви нуди целосна гинеколошка заштита и нега во сите фази од животот. Ние сме подготвени да го следиме и контролираме Вашето здравје од првиот менструален циклус, до менопаузата, и по неа. Располагаме со комплетна амбулaнтна и болничка услуга во вид на гинеколошки прегледи, тестови и следење на бременост, субспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и уро гинеколошка хирургија. Нашата врвна грижа вклучува индивидуални програми и напредно следење на здравствената состојбата преку посебни тераписки планови и консултации креирани за секоја од вас. Освен примена на најнови дијагностички процедури, ние како ваши гинеколози вклучуваме и советување за Ваште физички, психички, емоционални и социјални потреби кои се одвиваат во опуштена и комфорна средина. Нашата цел е една: Вашето здравје! Прегледот го изведуваат: д-р Ирена Андонова и проф. д-р Васил Илиев.

Комплетен урогинеколошки преглед

Не треба да се срамите доколку се соочувате со несакано испуштање на урина, спуштање на гениталните органи или проблеми во менопаузата. Нашиот тим на искусни уро-гинеколози на одделот за Гинекологија при Клиничката болницата Жан Митрев Ви стои на располагање. Нашето долгогодишно искуство во дијагностицирање и третман на пореметувањата на функцијата на уринарниот тракт и карличното дно кај жената, со помош на современи методи и медицина заснована на докази овозможува третман на овие состојби. Прегледот го изведува: проф. д-р Васил Илиев.

Ехо на дојка

Навремената дијагностика спасува живот. Редовните контроли на дојка се препорачуваат еднаш годишно. Затоа овој преглед изведен од страна на стручниот тим лекари кои имаат долгогодишно искуство во оваа проблематика со помош на нашиот најсовремен ЕХО апарат, овозможува рана детекција на можни неправилности и навремено преземање на соодветни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Магдалена Поповска-Цветковска, д-р Мимоза Толевска и д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска.

Остеодензитометрија Дексаскен

Остеодензитометријата претставува метода со која ја мериме минералната коскена густина односно квантитетот на коските. Снимањето трае кратко, неинвазивно е и безболно.

Снимањето го правиме на апарат Hologic, последна генерација кој има инсталирано софтвер за FRAX score и TBS.

Посебна припрема за остеодензитометрија не е потребна. Во текот на снимањето пациентот лежи на грб, прво со нозете свиткани во колена под прав агол, со правилно позиционирање од страна на технологот. Понатаму исто со лежење на грб со лесна ротација во зглобот на колкот кон внатре, со фиксација на двете стапала, се снима колкот.

На денот на прегледот не се земаат калциум суплементи. Пред правењето остеодензитометрија пациентот да нема правено испитувања со контрастно средство!

Прегледот го изведува: д-р Елена Пижула и д-р Мимоза Толевска.

Уролошки преглед

Уролошкиот преглед е многу едноставен, безболен преглед, при што урологот најпрво преку разговор утврдува дали постои одреден уролошки проблем, потоа со палпација (допир) ги прегледува надворешните генитални органи, како и простата. Веднаш потоа прави ехотомографски преглед, со што се откриваат најголем број од уролошките заболувања. Прегледот го изведува: д-р Горан Јовиќ. * (Доколку купите купони за урлошки преглед истите можете да ги искористите само во месец Април)

Специјалистички ОРЛ преглед

За прецизна и навремена дијагностика на болестите од доменот на оториноларингологијата нашиот преглед опфаќа неколку дијагностички методи:

Отомикроскопија - преглед на надворешниот слушен канал и ушното тапанче со помош на микроскоп кој овозможува повеќекратно зголемување, а со тоа и подобра визуелизација и можност за подобра проценка на локалниот наод. Оваа метода е супериорна во однос на класичната отоскопија, особено кај децата поради анатомските ограничувања во однос на големината на надворешниот слушен канал и ушното тапанче.

Предна риноскопија, надополнета со назална ендоскопија која претставува инспекција на носот и носните простори, проценка на епифаринксот, сводот на ждрелото, приказ на третиот крајник.

Орофарингоскопија – преглед на усната шуплина и ждрело.

Ендоскопски преглед на ждрело и ларинксот, гласни жици.

Прегледот го изведува: прим д-р Борислав Гогушевски

Дерматолошки преглед

Специјалистички преглед на цела кожа со цел утврдување на општиот статус и може да вклучи дерматоскопски преглед на бенки, венеролошки преглед, алерголошки преглед, преглед на коса, нокти како и индикација на терапија за акни, лузни, брчки, стрии, дамки на кожа, опаѓање на коса. Прегледот го изведува: д-р Александра Лазаревска.

Ортопедски преглед 

Ортопедскиот преглед за возрасни е наменет за сите кои имаат проблеми со мускулно-скелетниот систем. Истиот се спроведува со користење на најсовремени дијагностички процедури. Прегледот вклучува опсервација на самото држење на телото, видливи промени како и контрола на активни и пасивни движења. Со помош на ултразвук се извршува и комплетна евалуација на можни оштетувања на делови од локомоторниот систем. По извршениот преглед добивате дијагноза со препораки за понатамошни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Константин Митев и д-р Сашо Младеновски.

Спинален преглед

Трауматолозите и ортопедите секојдневно работат на дијагноза и лекување на состојбите поврзани со ’рбетниот столб. Овие доктори со помош на своето искуство, знаење, вештини и најмодерната опрема во регионот работат со цел да ја вратат функцијата на ’рбетот и да ја намалат болката кај пациентот. Прегледот го изведува: д-р Љупчо Николов.

Флеболошки преглед

Овој преглед е наменет за дијагностицирање на заболувањата на венскиот систем и вклучува доплер ултразвук на длабоки и површни вени. Како метода е потполно неинвазивна бидејќи се изведува со помош на сонда со која лекарот лесно поминува по кожата на екстремитетите следејќи го течението на венската циркулација. При тоа на екранот се визуелизираат промените на венските крвни садови, нивната функционалност како и присуство на тромби во длабоките и површните вени. Прегледот го изведува: д-р Елена Амбаркова-Виларова.

Абдоминален хируршки преглед

Доколку се судирате со болка во абдоменот, имате проблем со хемороиди или проблеми со дебелото црево, жолчката и жолчните канали, или пак се справувате со онколошки проблеми во стомачната шуплина и стомачниот ѕид, ова е прегледот кој ви е потребен. Нашиот тим искусни абдоминални хирурзи ќе ви ја постават вистинската дијагноза и ќе ви препорачаат соодветни следни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Јован Мирчевски, д-р Бошко Стравревски и д-р Мане Хаџиманчев.

Колоноскопија со анестезија 

Ова е ендоскопско испитување на дебелото црево (колон) и завршните партии на тенкото црево. Се извршува под анестезија, а со цел дијагностицирање на болести на дебелото црево. Прегледот го изведува: д-р Христијан Писевски.

Гастроскопија со анестезија 

Гастроентерологија како гранка на медицината се занимава со дијагностика и лекување на болестите на органите од системот за варење на храната- хранопроводникот, желудникот, цревата, црниот дроб, панкреасот. Гастроскопијата е процедура при која со помош на гастроскоп (тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) лекарот може да погледне во внатрешноста на овие органи. Гастроскопијата се изведува со анестезија и има за цел да утврди болести на овие органи. Прегледот го изведува: д-р Христијан Писевски.

Специјалистички педијатриски преглед 

Преглед од страна на доктор специјалист педијатар, следење на тежина и висина на новороденчиња и мали деца; Советување за правилно доење, правилна исхрана на мајките и правилна дохрана на новороденчињата; Развојно советување; Навремено откривање, советување и третирање на чести инфекции кај новороденчиња. Прегледот го изведува: прим. д-р Благица Манчева.

Полисомнографски тест за слип апнеа

Тестот се спроведува со помош на апаратот Polisomnograf и е безболен и неинвазивен како метода. Единствено кај нас се изведува во домашни услови при што апаратот се поставува и врши снимање во текот на ноќта со цел да се утврди дали постои прекин во дишењето или проблем кој влијае на дишењето во сон. Апнеа значи пауза во дишењето од најмалку 10 секунди. Со тек на времето, доколку не се лекува апнеата може да има сериозни последици врз здравјето. Овој тест е наменет за деца кои имаат проблем со гласно рчење при спиење, прекини на дишење при спиење, изразено немирно спиење со заземање на невообичаени положби на телото. Дијагностицирањето го изведува прм. д-р Благица Манчева

Функционална магнетна стимулација

Неинвазивен, безболен метод коj овозможува безконтактна стимулација на површинските и длабоките мускулни структури. Оваа ново развиена електротерапија во која се користи специјално импулсно магнетно поле генерирано од ФМС уредот предизвикува длабоки мускулни контракции преку облека, без директен допир со кожата. Бидејќи не ги стимулира нервите на површината на кожата, таа е безболна и попријатна од класичната електростимулација. Истата се спроведува секој втор ден во серија од 10 до 15 третмани и може да се комбинира и со другите физиотерапевтски техники. Индикации за оваа терапија: · Импиџмент синдром и смрзнато рамо · Регенерација на нерви, неуралгија, неуритис, полиневропатија · Карпал тунел синдром · Торакална мобилизација · Заздравување на фрактури · Руптури на мускули, тетиви и лигаменти · Пателарна тендинопатија · Епикондилит · Спречување на атрофија на мускулите Подобрување на дишењето · Акутен и хроничен лумбален синдром ( лумбаго и ишијалгија) · Акутна и хронична дегенерација на интервертебралните дискуси ( дискус хернија) · Акутна и хронична радикулопатија · Рехабилитација на трауматски мускул или нерв. Третман на акутна болка · Спортски повреди. Третманот го изведуваат искусни физиотерапевти.

Мануелна лимфна дренажа

Лимфната дренажа е специјализирана техника на масажа, базирана на анатомијата на лимфниот систем која е дизајнирана да ги намали отоците. Таа овозмжува да се пренасочи течноста од областите каде што е присутен отокот, кон функционалните лимфни јазли. Се применуваат специфични движења на рацете на површината на кожата и се следат анатомските лимфни патишта на телото за да се поттикне дренажа од погодениот екстремитет. Како резултат на тоа, лимфниот проток низ телото се зголемува, без зголемување на филтрацијата, со што се намалуваат лимфните стази и симптомите на лимфедем. Со лимфната дренажа се активира циркулација на течности, зголемување на контракцијата на лимфните садови, цедење на токсини, макромолекули, масти и стимулирање на имунолошкиот систем, намалување на мускулни грчеви, стимулирање на парасимпатичкиот систем, подобар квалитет на спиење и најважно намалување на едемата (отокот). Третманот го изведуваат искусни физиотерапевти.

Мамографија 2Д

2Д мамографија –  е радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40%, а со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација на микрокалцификатити и архитектонската дисторзија на дојката, а сето тоа е предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум. Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магдалена Поповска- Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

3Д Мамографија (Томосинтеза)

Мамографијата е неинвазивна метода за преглед на дојката која се користи за откривање на тумори и други промени кој се премали за да се испалпираат. Првата мамографија се советува да се направи помеѓу 35-40-та годишна возраст, а по 40-та година секои 1- 2 години.

Дојката е позиционирана на ист начин како и 2Д мамографијата, но се користи помал притисок. 3Д мамографија-томосинтеза  го намалува бројот на лажно позитивни наоди. Томосинтезата е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцирана бројот на непотребни биопсии. Нашиот мамомат е најсовремен апарат со супериорни клинички перформанси, ергономичен дизајн кој овозможува комфорт на пациентката за време на снимањето, ниски дози на зрачење како и брзина на скенирање од 3,7 секунди. Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

ЦТ глава и врат со каротиди (МСКТ)

Компјутерска ангиографија преставува дијагностичка метода за откривање на промените на крвните садови и состојбата на ткивата и органите кои се обезбедени од соодветниот крвен сад. Во процесот на снимање се додава интравенски контраст кој ги исполнува крвните садови и на таков начин, освен приказ на состојбата на крвните садови и ткивата, се добива вистинска слика и за анатомскиот сооднос со останатите структури. РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 – 10 минути, самото снимање 5-8 секунди. Прегледот го изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска- Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

ЦТ долни екстремитети (периферија)

Ова е неинвазивна метода за преглед на крвните садови исполнети со контрастно средство и приказ на проток во истите. РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови на крвните садови на екстремитетите. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 – 10 минути, а само снимањето трае 23 секунди. 

Прегледот го изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

Магнет на матка со контраст

Магнетна резонанција (МРИ) е медицински отсликувачки метод кој се користи во радиологијатa за да се добие визуализација на детална слика на внатрешните органи и ткива во мала карлица, како кај мажи така и кај жени. За разлика од другите медицински отсликувачки методи при снимање со МР нема зрачење. Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула и д-р Ѕвонко Атанасов

Магнет на срце

Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода без зрачење која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи. Оваа метода се користи за да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт. Дава прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост како и други промени на срцевиот мускул и неговата обвивка. МР на срце е безбедна и безболна дијагностичка процедура. Луѓе со било какви уреди со метали во и на телото не би требало да се снимаат без потврда дека уредот е безбеден за МР тестирање (MRI safe). Прегледот го изведуваат: д-р Планинка Зафировска, д-р Милка Клинчева и д-р Лидија Вељановска- Кириџиевска и д-р Магдалена Поповска-Цветковска.

Магнет на рбет

Магнетната резонанца е најсовремениот дијагностичка метода која дава прецизна слика не само на коските туку и на меките ткива, па на тој начин служи како прецизна дијагностичка алатка во откривањето на заболувањата на `рбетниот столб. Магнетната резонанца дава јасна слика на целокупната анатомија на `рбетниот столб, па се користи при дијагностицирање на дегенеративни заболувања на дискот, дискус хернија, спинални стенози, ишијас, кифози, сколиози, тумори и инфекции на `рбетот. Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска- Кириџиевска, д-р Ѕвонко Атанасов и д-р Елена Пижула.

Магнет на дојки

Магнетна резонанца на дојки претставува неинвазивна дијагностичка метода која главно се користи како скрининг метода кај жени со висок ризик за карцином на дојка.

Неопходно е прегледот да се направи од 5-12 ден од почеток на менструалниот циклус.

Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска и д-р Магдалена Поповска-Цветковска

IGG + IGM антитела кон SARS CoV - 2

Со мерење на концентрацијата на антителата кон SARS CoV - 2, се добива увид во тоа дали организмот бил во контакт со вирусот и каков е имунолошкиот одговор на организмот во борбата со овој вирус. Појавата на антитела значи дека организмот бил во контакт со вирусот и се активирал имунолошкиот систем на организмот. Вообичаено, први се јавуваат IgM  антителата, околу 5-7 дена по контактот со вирусот, а IgG антителата околу 14 дена од контактот со вирусот. Ќе се откријат лицата кои немаат или немале никакви симптоми, а биле во контакт со вирусот.

IGG Антитела COVID-19 (биохемија)

Детекција на IgG антитела, при негативен молекуларен тест укажува дека веројатно сме биле во контакт со вирусот во минатото или сме ја прележале инфекцијата без симптоми-Откривање на асимптоматски пациенти. Со овој тест се дава можност за тестирање на дел од популацијата, заради информацијата дали лицата биле во контакт со вирусот, дали имаат заштитни антитела и сл. Концентрацијата на антитела во крвта на пациенти кои ја прележале болеста е клучна за да се направи селекција на пациенти кои се погодни донори на конвалесцентна плазма, со која би се лекувале болните од COVID-19.

Interlukin-6

Тој се излачува во крвта како одговор на инфекција и е сигнал за воспалителен процес и предиктор н цитокинска бура во организмот. Се зголемува при акутни и хронични воспаленија на организмот, автоимуни заболувања, сепса. Најголем број од пациентите со COVID-19 се изложени на ризик од синдром на цитокинска бура. Покрај рутинските лабораториски тестови, кај пациенти со COVID-19 се препорачува да се да направи и тест за IL-6 за да се процени ризикот од синдром на цитокинска бура. Истиот дава важни прогностички информации за понатамошниот третман на болеста.

Feritin

Феритинот е протеин одговорен за складирање на железото во организмот. Неговата концентрација во крвта ни дава информација за залихите на железо во организмот и претставува најкорисен параметар за следење на сидеропеничната анемија (анемија поради недостаток на железо) Се покачува при воспалителни состојби заболувања на црниот дроб, малигни заболувања. Тој е многу важен маркер за одредување на степенот на инфламација кај пациенти со Covid инфекција, поради што се препорачува како лабораториски скрининг тест во третманот на пациенти со Covid инфекција.

Vitamin D

Главната функција на витаминот Д е регулација на нивоата на калциумот, фосфорот и во помала мера на магнезиумот во крвта. Витаминот Д има улога во формирање и растењето на забите и коските како и во формирање на имуниот систем.

Пакет тироидни хормони FT4 и TSH

Најчести заболувања на тироидната жлезда се:
1.Хипотиреоза  - намалена функција на штитната жлезда, која се манифестира со намалена концентрација на FT4 хормон, a зголемена концентрација на TSH хормон во крвта. Се карактеризира со симптоми на замор, поспаност, намалена концентрација, намален апетит, зголемена телесна тежина, бледа и сува кожа,чувство на отеченост.
2.Хипертиреоза - зголемена функција на штитната жлезда која се манифестира со зголемена концентрација на FT4 хормон, a намалена концентрација на TSH хормон во крвта. Се карактеризира со симптоми на немир, растроеност, несоница, тресење на рацете, губење на телесната тежина, опаѓање на косата. При појава на некои од овие симптоми потребно е да се направи лабораториска анализа за FT4 и TSH хормоните, бидејќи ненавременото откривање и нетретирање на заболувањата на тироидната жлезда доведува до сериозни последици на организмот.

Тумор маркери за јајници и матка CA125 II

Тумор маркерите се супстанции кои се произведувааат од малигните клетки на организмот, а
служат за рана детекција и мониторинг на малигните заболувања.
Мерењето на концентрацијата на тумор маркерите секогаш оди заедно со други дијагностички
процедури. CA125 е тумор маркер чии вредности се корисни за следење на болеста кај пациентки со карцином на јајници.Зголемени вредности се јавуваат при бенигни и малигни гинеколошки заболувања, миоми на матка или воспаление на грлото на матката. Според препораките на Светското здружение на гинеколози женската популација ако има фамилијарна предиспонираност на тумор на овие органи пожелно е да прави почести контроли на овие тумор маркери со цел рано откривање и навремено лекување на болеста.

Тумор маркери за дојка CA15-3

Тумор маркерите се супстанции кои се произведувааат од малигните клетки на организмот, а служат за рана детекција и мониторинг на малигните заболувања. Мерењето на концентрацијата на тумор маркерите секогаш оди заедно со други дијагностички процедури. CA15-3 е специфичен тумор маркер за дојка.Зголемените вредности на овој маркер укажуваат на бенигнен или малигнен тумор на дојката. Се испитува за разграничување на видот на туморот, за следење на ефектот од хемотерапијата, а може да биде и индикатор на рецидив на болеста дури и пред истата клинички да се детектира.

EEG и невролошки преглед

Комплетен специјалистички невролошки преглед со ЕЕГ (електроенцефалографија) која претставува функционално испитување на мозокот со цел утврдување на мозочни дисфункционалности. Прегледот го изведуваат: проф. д-р Лилјана Илиевска и д-р Емилија Георгиева.

За компанијата

Клиничката болница Жан Митрев е основана пред 20 години со визија за донесување на врвна медицина во Македонија. Од тогаш до денес, таа постојано расте и се развива обезбедувајќи перфекција во квалитетот на третманот на своите пациенти.

Прецизната и брза дијагностика, врвната хирургија и научно истражувачката работа овде се изведуваат стандардизирано од страна на искусниот тим лекари. Тие користат најнови методи и пристапи комбинирани со најсовремена опрема, што континуирано резултира со висок степен на задоволство кај пациентите.

Клиниката е модерна, беспрекорно организирана и технолошки напредна здравствена институција за што потврда е акредитацијата од JCI (Join Commission International) која означува применети највисоки стандарди за квалитет и безбедност на пациентите од лекарска грешка. Исто така поседува и државна акредитација за квалитет издадена од страна на АКАЗУМ (Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи).

Сместена е во енергетски ефикасен објект кој не произведува CO2, штеди енергија и не го нарушува балансот со природата. Таа е 100% ЕКО болница.

Имаме склучено договор со многубројни домашни и странски осигурителни компании и тоа им овозможува лекување на сите кои имаат приватно здравствено осигурување.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.