Сѐ за вашето здравје во Клиника Жан Митрев​! До 61% попуст на специјалистички преглед по избор: кардиолошки, уролошки, гастроентеролошки, гинеколошки, педијатриски, дерматолошки, ехо на дојка, нефролошки, озон терапија

Цена од

790 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

2000 ден.

Попуст

61%

Заштеда

1210 ден.

Преостанато време

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 294 | Остануваат: 287

  • Ул. Бледски договор бр. 8, Скопје

    Одведи ме таму

    02 3091 500; 02 3091 484

Добивате

Опции на понудата:

Невролошки преглед 2,000 ден. 890 ден.
Кардиоваскуларен преглед - Распродадено 3,500 ден. 1,590 ден.
Уролошки преглед - Распродадено 2,400 ден. 1,390 ден.
Гастроентеролошки преглед - Распродадено 2,400 ден. 1,190 ден.
Гастроскопија со анестезија - Распродадено 11,000 ден. 6,900 ден.
Колоноскопија со анестезија - Распродадено 15,000 ден. 8,990 ден.
Абдоминален хируршки преглед 2,500 ден. 1,190 ден.
Гинеколошки преглед со ПАП 4,000 ден. 2,000 ден.
Педијатриски преглед 2,000 ден. 890 ден.
Дерматолошки преглед - Распродадено 1,500 ден. 890 ден.
Ехо на дојка - Распродадено 2,000 ден. 790 ден.
Системска апликација на озон (1 третман) 3,200 ден. 1,590 ден.
Нефролошки преглед 2,500 ден. 1,690 ден.
Центар за болка 2,000 ден. 890 ден.
Нутритивна проценка 1,500 ден. 790 ден.

*Задолжителна е претходна резервација во периодот од 25.11-05.12.2019 

*Прегледите се извршуваат во периодот од 01.12-15.12.2019

Услови

  • Купонот може да се искористи од 27.11.2019 до 22.12.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на преглед во периодот од 25.11-22.12.2019
  • Прегледите се извршуваат во периодот од 01.12-22.12.2019

Опис

Детален опис на прегледите:

Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце)

Уролошки преглед

Уролошкиот преглед е многу едноставен, безболен преглед, при што урологот најпрво преку разговор утврдува дали постои одреден уролошки проблем, потоа со палпација (допир) ги прегледува надворешните генитални органи, како и простата. Веднаш потоа прави ехотомографски преглед, со што се откриваат најголем број од уролошките заболувања.

Гастроентеролошки преглед

Ехо на абдомен (внатрешни органи) и консултација со лекар специјалист.

Гастроскопија со анестезија

Гастроентерологија како гранка на медицината се занимава со дијагностика и лекување на болестите на органите од системот за варење на храната- хранопроводникот, желудникот, цревата, црниот дроб, панкреасот. На болестите на системот за варење на храната отпаѓа голем дел од сите заболувања на популацијата.

Гастроскопијата ќе му овозможи на Вашиот лекар да ги евалуира симптомите на постојана горно стомачна болка, гадење, повраќање, и/или отежнато голтање.Гастроскопијата претставува одличен тест за откривање на причините за крвавење од горните делови на системот за варење, исто така е многу попрецизна метода од РТГ снимањето за откривање на воспаление, евентуално постоење на улцерации ( чиреви) и тумори на храноводникот, желудникот и дванаесетпалечното црево.

Колоноскопија (гастроентеролошки преглед) 

Колоноскопија со анестезија (ендоскопско испитување на дебелото црево (колон) и завршните партии на тенкото црево). Златен стандард за дијагностицирање на болестите на дебелото црево.

Абдоминален хируршки преглед

Препорачан при болка во абдоменот, проблем со хемороиди, дебело црево, жолчка и жолчни канали и сите онколошки проблеми во стомачната шуплина и стомачниот ѕид.

Гинеколошки прегледи со ПАП

Гинеколошки преглед со ехо, здравствено советување и рана детекција на промени на грло на матка со ПАП тест. 

Педијатриски преглед

  • Преглед од страна на доктор специјалист педијатар, следење на тежина и висина на новороденчиња и мали деца;
  • Советување за правилно доење, правилна исхрана на мајките и правилна дохрана на новороденчињата;
  • Развојно советување; Навремено откривање, советување и третирање на чести инфекции кај новороденчиња;
  • Апликација на ампуларна терапија (интрамускулни, интравенски и субкутани инекции);
  • Инхалација. 

Дерматолошки прегледи

Специјалистички преглед на цела кожа (општ статус), дерматоскопски преглед на бенки, венеролошки прегледи, алерголошки прегледи, прегледи на коса, нокти, терапија акни, лузни, брчки, стрии, дамки на кожа, опаѓање на коса.

Ехо на дојка

Ехо на дојки и консултација со лекари кои имаат долгогодишно искуство во оваа проблематика. Метода за преглед на дојките и во нивните најдлабоки слоеви недостапни за мамографија.

Системска апликација на озон еден третман

Третман со апликација на озон за зајакнување на имунитетот (за болни пациенти се препорачува серија од неколку последователни третмани)

Озонот што се користи во медицината е производ на чист медицински кислород добиен преку тивко електрично празнење. Препорачливо при третирање на: артериско циркулаторно нарушување, 
периферна артериска циркулаторна болест, церебрално циркулаторно нарушување (мозочен удар), нарушена циркулација на внатрешното уво (тинитус, акутно губење на слухот) ангиопатии, дијабетична ангиопатија, болести предизвикани од вируси, Хепатит Б и Ц, Херпес симплекс, Херпес зостер.

Нефролошки преглед

  • Ехо на бубрези и надбубрежни жлезди
  • Ехо на мочно ќесе и мочоводи
  • Ехо проценка на рест урина (резидуална урина)
  • Комплетна дијагоноза и советување

Центар за болка

Успешно лекување на хронична болка при невролошки, ортопедски, ревматолошки и малигни заболувања од страна на мултидисциплинарен тим составен од компетентни и искусни специјалисти: невролози, анестезиолози, ортопедски хирурзи, психолози, интернисти и радиолози – меѓу првите на овие простори, во единствениот Центар за болка во ПЗУ Жан Митрев.

Нутритивна проценка

Советување со врвен нутриционист кој ќе ви направи персонален план за исхрана, антропометриски мерки, обем, одредување на тип на тело.

Невролошки преглед

Специјалистички невролошки преглед

Zan Mitrev Clinic

Zan Mitrev Clinic на почетокот именувана како Специјализирана Болница по хируршки болести „Филип Втори“, ги постави темелите на современи медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновинарање на еден изнајмен дел од постоечката Воена болница во Скопје. Официјално, болницата беше отворена на 01 март, 2000-та година. Сепак, медицинското стартување на болницата е забележано со првата бајпас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. Од 01 март 2000-та година отпочнува да се пишува историјата во македонското здравство, нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.
Десетгодишнината од отворањето на болницата, 2010 година, беше прославена со бројка од 10.000 операции. Како што се нижеа годините понатаму, специјализираната болница „Филип Втори“ станува препознатлива во земјата и регионот како софистициран, современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Медицинските услуги стануваа се побројни: кардиологија, интервентна кардиологија и стентирање, компјутерска томографија, неврологија, гастроентерохепатологија. Испитувањата отпочнуваа во лабораториите: трансфузиологија, микробиологија, медицинска биохемија. Се прошири со услугата од важната гранка-психолошка поддршка за пациентот и за неговото семејство, како и интензивна нега, потоа физиотерапија која овозможуваа полесно закрепнување на пациентите. Хируршките гранки се дополнија со кардио и васкуларна хирургија, кардиотехника со најновите современи екстракорпорални пумпи, абдоминална хирургија, ортопедија, урологија. Најрелевантен податок за квалитетот на медицинските услуги, по кој и сме препознатливи е ниската стапка на смртност на болницата, која беше околу 1%.

Не случајно, на истиот датум по цели 16 години од основањето на специјализираната болница по хируршки болести, се отвори новиот објект кој е со пет пати поголем капацитет и го носи името „Zan Mitrev Clinic ”. Новиот објект е изграден според највисоки стандарди со уникатен ентериер, врвна медицинска опрема, комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух и максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите. Потврда за успешното работење е престижната награда за најдобар менаџер и болница со најдобар квалитет на здравствени услуги, која му припадна на академик д-р Жан Митрев, во конкуренција со здравствени центри од Европа и Блискиот Исток. 

Zan Mitrev Clinic, во ноември 2017 година, го доби златниот печат за квалитет и безбедност од Joint Commision International и со тоа стана првата болница, која за неполна година, влезе во семејството на најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет. 

Во април 2018 година Zan Mitrev Clinic ја доби државната акредитација за квалитет од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

d.velkov

Максималната количина за "Кардиоваскуларен преглед" е надмината! Купени: 17 | Остануваат: 558 колку има количина за ова????

Член на Grouper од: 03-09-2017

sandra

Здраво, Ве информираме дека секоја опција од понудата е ограничена а конкретно за кардиоваскуларниот преглед кој е најбаран, успеавме да обезбедиме 10 купони и истите се распродале.

Член на Grouper од: 01-04-2019
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.